Ваква беше нашата училница во Стопанско. Има тука некоја од Битола што знае дали уште се користи старата зграда?
"Веруваш" во некоја Утопија која во Македонија за жал во моментов не е возможна. Имаа цела учебна година да ги увидат позитивните и негативните страни од "дигитализацијата" и онлајн наставата, и жално е што НИШТО не научија од тоа. Не извлекоа никакви поуки и" НЕ" ја увидоа реалната ситуација. Ама, парите земени за проекти и реформи се слатки, па удирај со главата во ѕид ко магаре некое.
Морам да верувам. Не можам поинаку. Не можам да се помирам дека потфрламе за се' и ништо не може да се смени. Не заради нас, заради децата наши. Мора да има начин да ја подобриме ситуацијата.
Книгите по кои учат ако не ги бива печатени, и дигитални нема да ги бива. Формата на учебниците не е тоа што ќе смени какви генерации ќе имаме. И да, може ќе има печатени. Ама да не биде - кој сака принтани, нека си плати.
Па не е реформата само да ги сменат учебниците. Цел модел на пренесување на знаењето сакаат да го сменат. И тоа со интегрираната настава е дел од реформата. Да не се бубаат факти, туку да се научат децата критички да размислуваат. Со дигитализација најоптимален би бил исходот. Е сега... ни треба опрема, ни требаат услови. Што е факт.
Па ја не чув други асални предлози освен дигитализацијата. Добро, освен тоа за децата со посебни потреби. И ако викаш да учат да размислуваат, еве ја имам некои интересни идеи како би требало да изгледа час по физика, хемија или биологија. Вака нешто што ми дошло на памет и сметам дека ќе е интересно. Ама и за тоа ќе требаат трошоци. Ама и пред ова пак треба да се средат најосновните услови. Ако неќат еден сапун да стават, мало сутра дека ќе им се замара за другото. Фали многу на пример и предмет кој ќе ги учи децата на здрав живот или наместо физичко, да имаат еден саат каде ќе вежбаат сите групно и да биде без оценки, туку чисто да стекнат навика. Е ова мислам дека е многу потребно.
Леле ова истово и јас го зборував. Физичко, музичко и ликовно не треба да се со оценки, туку да бидат како клубови. На пример за физичко да има одбојкарски/кошаркарски/атлетичарски/гимнастичарски итн тим... и секој да си одбере она што му 'лежи'. Може и секој ден да имаат тренинзи. И баш така.. да се научат да бидат физички активни, а не да се научат дека им треба висока оценка заради целокупниот успех. Исто и по ликовно, може да има секции за моделирање, цртање стрипови, анимации, класично сликање итн За музичко, секции по соло пеење, хор, оркестри... Милион начини може да има на кој би се активирале децата.
Може ли да ми ги објасниш кои се бенефитите од дигитализација, наспроти печатени учебници ? Ама издржани примери.
Самите текстови, не е битно во која форма се. Ама со дигитализација може да има интерактивни учења. Видеа со објаснувања и примери... Сега не сум наставник и не се разбирам од методологија. ама знам дека на децата им е поинтересно ако им е раскажано како приказна, ако има визуелен приказ, ако има можност да учествуваат активно во предавањето.. да надополнуваат, да 'тестираат' исходи. Како апликации што има за учење јазици на пример. Си видела?
Оф топик сум ама ќе дополнам. Се ангажираа куп да се воведе ССО. Да, потребно е, не дека не. Ама и за здравје се грижиш секој ден, а ретко познавам родители, што зборат за ова со децата. Па имаме невитални луѓе уште на млади години. И затоа многу е потребно барем во школите да ги поттикнат децата. Рецимо да учат како се изведуваат вежби за секој дел од тело, не после кога сакаш да вежбаш да бидеш ко изгубен не знаејќи од кај да почнеш и како да вежбаш. Пилатесот на пример може секој да го вежба, оти го вклучува она основното во фитнесот. Ама ес ај сед, на никој не му се замара. Дигитализација сега е како да градиш куќа и да почнеш од покривот
Не само то. туку има и апсолутни антиталенти за спортови... ко мене на пример дури и играорна да има е напредок. И тоа е физичка активност. Да забегам, би рекла и базени дека треба да има во школите и да има и пливање.... Ама пошто нема сапун, тешко дека ќе има базен
Вајлдке и сега работиме визуелно, со смарт табли и проџектори. Им пуштаме на децата да видат, да слушнат, се што треба. Тие што се против дигитализација на учебници, се "истите" кои беа против Кембриџ програма пред 8-9 години. И тоа од истите позиции на одговорност, мудрост и свесност: пребрзо, без инфраструктурна поддршка, неспремен кадар, немање надгледни средства, не евалуирани ризици... Гледаме дека придобивките од Кембриџ се НУЛА или минимални. Никаква дигитализација на образованието ќе нема. Се ова е фарса да се скрие идеолошката агенда на реформите во образованието(знаеме која така..)
И мнооогу други вакви... Да не се правиме со сила улави по 100ти пат во 3год. *Потоа: Терминот „турско ропство“ полека се исфрла од наставата како политички некоректен. И слични вакви срања од страна на министерица..
Многу лошо. Дигитализацијата е неизбежна, ама мора да се оди постепено постепено. Ова со промена на предмети, наставни програми, се во едно, нема да е воошто на добро. А ова ССО >> за 4то одделенио. Те. 9 години. Сериозно??