Ќерка ми и сега учи вака. Друг е проблемот... Не знам кај твоето дете какви се наставните материјали, ама кај ќерка ми се благ ужас. Не толку содржината, ами се неприлагодени за поширока популација т.е не се оптимизирани. Па така, добивавме ворд фајлови кои зависно од ворд врзијата која ја имаш се отвораат различно, маргините избегани итн... Понатаму, праќаат фајлови во боја, кои кога ќе се испечатат на црно/бел принтер се ужасни. Ова не е до нашите наставнички, ами на ниво на училиште е. Ако не и пошироко. Е сега, како ќе се одвива дигитализацијата, ако вакви основни работи не се запазени? Да дигитализација, ама не по секоја цена од септември и по сите предмети. Најпрво треба да се обезбедат услови во училиштата (а тие се блго кажано ужасни) Понатаму, да се обучуваат наставниците за користење на дигиталните средства и најважно тие кои ги пишуваат учебниците особено треба да се селектираат и надгледуваат оти и сега има еден куп глупости, па со дигитализацијава којзнае како ќе биде? И најважно да се ангажираат квалитетни ИТ стручњаци кои особено ќе обрнат внимание на погорниве проблеми кои ги спомнав, а потоа исто и на инфраструктурата во училиштата и нејзино одржување. А како најнајнајважно, на учениците да им се обезбедат дигитални помагала и интернет
Има врска. ССО со дигитални учебници магично ќе менува содржина. 9 год. вештина, да умее да стави кондом, никако не е нормално. Може да биде нормално во педофилно општество, но во нормално НЕ. Да беше 15 год, ќе разберев, не на 9 НЕ
A што има ова врска со дигитални учебници? Дигитален кондом ли ќе имаат? И да се надоврзам на оф-топиков- Девојчиња веројатно веќе по стандард добиваат мензис на 10, сексуално образование на 15 малку касно да не им биде?
Јас викам ова gatekeeping е од страна на родотелите за децава. Ако ТИ како родител си ги сторил детето од проста биолошка потреба, тогаш ТИ мора да го научиш на тие работи! Ако ви забремени ќерката на 15 тогаш Цацко е крив. Само мани наоѓаат, "леле ќе си местат кондоми што е ова?", кулирај Karen вештачки пенис е!
Ама не, јас нема да му кажам, на училиште нема да му кажат и оно нема да знае, нормално Ај нека не префрлат во соодветната тема, сигурна сум дека имаше таква @RainBow
на 10-11 девјчињата веќе добиваат менструација, а момчињата веќе произведуваат сперма. Се учи пред време, а не откако ќе направат беља.
Во белото има многу црно или обратно. Сива зона е содржината. Здраво општество не се гради со деградирачки однесувања, сфаќања и делувања. Зошто се целосно дигитални учебниците, а не само вежбите, зошто ССО доаѓа од ХЕРА, а не од БРО...многу "зошто" има во нашето труло општество, а нема "затоа што".
Да, се учи пред време, нека ги информираат за постоењето на кондомите, ама да ставаат кондоми на вештачки пениси не. Со тоа се стимулира љубопитноста дополнително и може да има несакан ефект. Нареден чекор ќе им е да видат како се прави тоа во реалниот живот и ќе пребаруваат порно страни, ако не и полошо, да пробаат самите. Башка, на одреден начин се праќа пораката 'ако се користи кондом заштитен си, немаш гајле, терај колку сакаш'. Зошто не се учи на пример дека сексот не е само празнење, туку дека е многу интимна врска и дека партнерот/партнерката треба да се бира со внимание зашто може да нанесе голема емоционална штета, не се само СПБ и инфекции.
Секако пребаруваат порно страни. И јас на 11 почнав да гледам порничи. Им ги најдов на моите Денес, со интернетот... ехеее Сега го видов вториов дел (не дочитувам коментари секогаш) ДА Кондомот штити! И сите треба да го знаат тоа, пред воопшто да почнат да имаат секс!
Знам дека не можеме целосно да ги заштитиме од сѐ, но јас како жена сметам дека порничите се една од најшовинистичките работи, во голем дел ја претставуваат жената како 'трпи', можеби не сите, но поголемиот дел да. Но, ако ништо повеќе, можеме да ги научиме дека сексот не е игра и дека треба одредена зрелост за да се практикува. Да зборуваме за сексуалното задоволство, да, никако да не го демонизираме, но да се прикажат сите ризици од сексот, физички и психички. Сум за тоа да се биде отворен и да им се дозволи на децата сѐ да прашаат, за сѐ да дискутираат, но да се укаже и на ризиците.
Па баш заради тоа се воведува сексуално образование. За да не учат од порничи и од сомнителни извори. Секако повеќето од родителите кај нас, воопшто не разговараат со децата за секс и сите реперкусии од истиот. Барем на школо нека научат нешто паметно. Покрај другото, ќе се учи и за консензуалност, за согласност и сексуално вознемирување и насилство. Кај нас, познавањата на овие теми се ужасно слаби.
Не знам уште, ама според програмата, тоа е во суштина сексуалното образование. Нема да ги учат за пози и Кама сутра
https://sitel.com.mk/policijata-da-...bnici-za-chetvrto-oddelenie-povikuva-carovska На кои дроги е оваа кажете ми ве молам Што е лошо од дигитализација? Еве, вакви срања. Замисли, замисли да НЕ СМЕЕ дете да си има печатен учебник. Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро. Нема учебници, мора дигитализација ама нема уреди, ама не смееш да печатиш...
Вајлд прочитај ја цела објава. Царовска е против печатени учебници воопшто, не заради авторски права.