Штеточини од родители, што друго да кажам Имаше вака и некој друг низ историјата што забрануваше книги, чек да ми текне кој беше Може и очи екстра ќе им купат, почекајте па вие, што скокате одма
Вакво нешто како министер за образование да кажеш...треба сериозно да размислиш што бараш на таа фотелја. Да ги ставиме децата и родителите во затвор ја викам оти замисли, сакале да си учат од печатени книги за да не заморуваат очи како што патем било досега со години.
Не разбирам во кој филм е влезена министеркава , од МТСП претходни 4 години како направи рација и ги *сра сите закони сега и образованиево ни го досреди комплетно , јас незнам што се случува со програмата и со учебниците ама родителиве многу веројатно не ни погледнале што учат децава и содржината на наставните предмети , ама за тоа во друга тема .... Конкретно за проблемов училиштата почнаа да ги печатат во црно-бело учебниците од понеделникот така да позадината на ова е секако поинаква од прикажаното во статијата ...
Не, не. Децата на сексуална обука да се пратат, а ингеренциите на штетните родители да им се одземат, нормално. Министер за образование ли е, mad king ли е
Не е во филм на тешка дрога е ,нормална личност при чиста свест оваа глупост ни ја прави ни ја изјавува!
Срам да им е што форсираат деца во развој цел ден да седат пред екрани. Доста деца имаат проблеми со видот од онлајн наставата, со ова не сакам ни да замислам што ќе се случи. Офталмологот кај што ги носам децава стриктно забрани да седат пред екрани повеќе од половина час дневно. А тоа не е возможно со е-учебници. Бисер до бисер е женава, јас не сфаќам како таа не сфаќа дека децава во денешнава ера на технологија секако нема да останат дигитално неписмени.
Тачно. Ама ако читаш од компјутер а притоа според госпоџава не смееш да принташ, и те како се заморуваат очи и глава.
Мене не ме заморува. Видот ми се расипа на 11 години. Немав компјутер, немаше смарт фони, немаше мобилни. Имавме црно-бел телевизор. Со години наназад висам секој ден на компјутер и не ми прогресира краткогледоста. Така да...
Дигиталната настава нема да им донесе бенефити, затоа што реално нема ништо да научат. Знам дека тој што сака да учи, ќе учи без оглед на се, ама не мислам дека сме до толку напредни како општество за дигитална настава. Од друга страна, има многу штетности по развојот на децата, прво екраните, после долготрајното седење, да не зборувам за недостатокот од социјализација. Печатените книги и класичната настава се незаменливи. Тоа што немаме способни наставници и педагози, чест на исклучоци е друг проблем. Мила треба прво да ги реши проблемите во образованието, а не да воведува дигитална настава за која прво немаме услови. Треба прво да се средат школите, да се среди кадарот, да се среди наставната програма. А не да форсира дигитални учебници, кога ни образовната програма не чини.
И мене на 7 ми се расипа. Ама еве како студент што спремал испити учејќи од компјутер, ти кажувам дека не е исто дали гледам три саати филм каде не го фокусирам окото на секоја буква и детал и дали читам од компјутер каде е потребен тој фокус и доведува до замор.
За ова се согласувам, за другото не. Ионака седат кога учат. Дигитализација на образованието, не значи онлајн настава. Дизајнирана е за да се одвива во училница, не од дома.
Тебе не ти прогресира, оти не си дете во развој. Ама еве го син ми пример, од -1.25 му скокна на -4 за нецела година. Допрва во пубертет уште ќе прогредира, ќе имаме проблеми, кажа докторот. И јас очила носам од 11 години и диоптерот ми растеше додека растев, после престана. Останав на -2. Ама син ми на 10 години е со -4, никој нема толкав диоптер во фамилија.
Не мора за диоптер да се работи. Ко шо кажав, самото седење пред компјутер еве за мене на 20+ е заморно кога учам, од неколку саати веќе глава ме убива, што не се дешава кога учам од печатена книга, а не пак дете на таа возраст. И вака снемуваш концентрација, ефективноста на учењето се намалува, ти се спие брзо итн. А аргументот дека и онака децата седат пред компјутер не е на место. Учење и чил гледање различен фокус и концентрација бара. Едит - да не зборам колку е тешко ако учиш компаративно и треба да скролаш нагоре за да видиш таму како беше што е потешко отколку директно да свртиш на таа страна. Сдк попрактично е печатена книга.
@Annath Потполно ист случај е и кај нас,апсолутно си во право.Како немаат слух за децава за видот, не можам да сфатам. Среќа мојава е поголема и немаат дигитални учебници.