1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на дигитални учебници

Дискусија во 'Образование' започната од злоба, 19 април 2021.

?

Дали сакате да се воведат?

  1. Да

    16 глас(а)
    12,2%
  2. Не

    115 глас(а)
    87,8%
  1. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Од сите глупости кои ги направија,ова им е ВРВ.Најмногу ме погоди и изреволтира дека сепак се работи за најмилите.Две години детето ми отече дома,пред компјутер,сите со душа чекаме да се вратат на вистинска настава,тие ја носат оваа катастрофална одлука?!Долг е списокот што треба прво да се среди,па после дигитализација.Место да овозможат современа опрема и инвентар во самите училишта,да имаат допир со природата,социјализација..тие се на пат да развијат деформирани генерации,и умствено и здравствено!Башка што и самите наставници се жалат на главоболки.Не знам некој што се фали од онлајн настава.
    Само масовен протест!
     
    На cresa-jagoda и злоба им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    Изгледа ја почнале Фаренхајт 451, ама не ја дочитале и затоа ваљда како кул идеја им изгледа.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Дигитализација во секој аспект во животот е неизбежна. Остана само важно КАКО ќе се изведи и не ми се допаѓа шо гледам.

    Најважно, не сите деца имаат услови. Впрочем голем дел деца немаат услови. Одма се прај првична поделба на ученици - тие кои можат и тие кои не можат да си дозволат дигитални учебници. То можи да донеси до поделби во клас, исмевање и булинг. Следно, носење на "учебници" на училиште. Ова подразбира дека пред секое дете ќе има компјутер за да обавува настава. Или дека секое дете ќе носи таблет со себе. Сем ако општината/ државата не набават овие работи - децата нема да можат да носат учебник во училиште. Фокусот е еден кога слушаш и го читаш материјалот, сосема друг кога не го читаш. Зошто го пишав ова се заедно е зошто едино решение шо го гледам тука шо е фер за сите, е да се набават таблети за учење за сите деца или во најмала рака тие кои веќе немаат.

    Следна препрека е наставниот кадар и општата технолошка неписменост. За многу промени фокусот не бил на наставниците и настанвала збунка. Се надевам овај пат ќе бидат добро поткрепени.

    И последно, зрачење и штетење на вид на деца. Голем минус.

    Ама, се останато е + за ситуацијава. Се на таблет да имаш е многу олеснително, и презентации и мејл. Факт чекинг брз и читање на буквално се сем то за на училиште. Иднината е дигитална и дигитализацијата е неизбежна. Мора постепено да биди за да немаме осакатени генерации. Под постепено мислам да има паралелно печатени и дигитални учебници и полека да се зголемва соодносот.

    Не вервам ова да влијае на писменост и желба за читање. Од средно средина имам таблет и напротив, поќе читам книги и баш по мој вкус од кога го земав оти се ми е "на допир". Само желба треба, шо последнава година ја немам. :rofl:
     
    На Ahoy и злоба им се допаѓа ова.
  4. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Дигитални учебници кај нас се не научна фантастика, туку чиста фантазија. Во секој поглед, на секое поле во општеството и ментлитетот за такво нешто не сме подготвени. Замислете детето ако 4 часа (многу пати и повеќе во училиште седи и зјапа во монитор), потоа дома најмалку уште 4 часа (многупати и повеќе) додека научи и си потроши и дел од слободното време на монитор што ќе остане од неговите очи, и што ќе стане со неговиот р'бет. И уште многу поредни придобивки ќе има во вид на дијагнози.
     
    На Angie1432, cresa-jagoda, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    Подеструктивна одлука од оваа... амин!
     
    На cresa-jagoda, Ladyyyy567* и mesecar им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    НЕ.
     
    На SugarHoney и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    Дали е само мој персонален заклучок или навистина не сретнав некој што е ЗА дигиталниве учебници?!

    Ако е второво, се надевам дека како нација ќе се сплотиме, макар и со месеци протестирале и ќе успееме да ги спасиме од пропаст идниве генерации...
     
    На cresa-jagoda, злоба, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Како ја смислија оваа глупост не ми е јасно.
    Ок, дигитализација е неопходна. Но...
    Ние не сме богата држава, родителите па и немаат никаква помош, тоа што имаат е смешно.
    Значи на децата ќе им треба лап топ или таблет за да можат нормално да учествуваат во образованието. Кој ќе им ги набави? Ако државата го воведува ова како задолжително, тогаш треба и да ги обезбеди. А не е се во книгите, потребно е значи и интернет да имаат. Не секој има.
    Вели Мила, кој не сака сетето да му гледа во екран нека принта книги. Тогаш која е поентата?
    Ги укинуваат бесплатните учебници, есинствената помош што ја даваа.
    А и децава наскоро на книга како книга ќе гледаат како на антиквитет. Со никакви навики за читање, само да блејат во екрани.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Не бидете смешни. Државава се распаѓа им е гајле ако некој протестира. Џабе е се.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Мене некогаш ме мрзи тимсот да го пуштам, не па да барам страници онлајн.
    Згора на сѐ учебниците на е-дневник пола и повеќе не функционираат.
     
    На DenicijaNaPetre и злоба им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    Јас сум генерално за делумна дигитализација а во иднина целосна. Не гласав на анкета зошто не се согласвам до моменталната ситуација. Првично е неизбежна и практична. Иди со несакани ефекти како проблеми со грб и вид, ама со темпото шо живејме се вртам во круг - неизбежна е.

    Ама имам замерки со како се спроведва. Под делумна дигитализација мислам да постојат печатени учебници, и да постојат паралелно дигитални па соодносот меѓу користење едни наспроти други постепено да се зголемва.

    Овај начин и ова конкретна одлука не ми се допаѓа. Ама зад генерална дигитализација во образование, и општо други гранки, застанвам.

    Покомплексно ми е од да/ не прашањево зато се дообјаснувам. :D
     
    На glosipgirl и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Не сум за воведување на дигитални учебници и така не полудеа со онлајн наставата уште дигитални учебници фалат. Не можам да се оправам од зјапање во екранот, болат очи, глава, грб, врат, моментално се справувавм со синдром на суво око од што постојано сум пред екран. Ги имаме материјалите онлајн, ама секоја книга ја принтам, затоа што очите ми паѓаат од гледање во екран, а и не би можела да учам на тој начин, друго е кога си имаш литература покрај себе која секој момент можеш да ја отвориш и да ја прочиташ. Доколку ги имаат достапни учебниците онлајн, а потоа да си ги испринтаат тоа е во ред, ама да се учи од дигитален учебник не е во ред, пред се за здравјето на тие деца.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    До сега, илјадници пати сме биле сведоци на срамните, неуспешни обиди за дигитализација!

    Се сеќавам пред околу десетина години, на учениците до шесто одделение им беа давани мали лаптопчиња, а исти и за наставниците (тогаш го воведоа и е-дневникот како уште еден, плус обид за "прогрес" во наставно-образовниот процес, што на крај излезе дупла мака за наставниците и ништо, ништо повеќе), и знаете што се случи со нив?! На повеќе од половина требаше да чекаш по 5 минути за да ти вчита еден обична Paint програма; да не зборам за интернетот, зашто сметам дека се подразбира што се случувало.
    За оние од 6-9-то, беа воведени во наставата компјутери чиј животен век беше еден месец. Ретко кај ќе се сретнеше некој компјутер во своја целосна форма, сè останато беше распарчено (П.С. интернетот исто, ретко кога го имаше).

    Е сега, во ова време - невреме, сите како птици во своите кафези, пред смартфони и компјутери, кога половина од времето го минуваме или во онлајн-часови или работење онлајн, уште ова ли ни требаше па да изгубиме секаков контакт со книгите?!
    Зар може нешто да ја замени книгата?! Зар на министерката и нејзините "советници" кога разговарале за беднава одлука, не им дотекнало дека дома имаат деца (или ќе имаат), што утре заедно со другите ќе кукаат од оштетениот вид или болки во глава?!

    Зар никому не му дотекна дека Уставот гарантира бесплатно образование и право на здравствена заштита?! :@
     
    На M.B., Guns N` Roses и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски

    @злоба
    ваква настава се постигнува и со професор пред тебе. Сѐ што е потребно е соодветен кабинет и наставни средства. Ете ја визуелноста. Од праксата многу повеќе се учи отколку од видео клипче. Ако беше така медицинарите анатомија ќе учеа дисекција на јутјуб.

    Визуелноста се постигнува едноставно со соодветни надгледни (наставни) средства, но во школите не се инвестира доволно во нив. Ете таму нека одат парите.
    А компјутерчињата да си ги убута Мила каде што никогаш не огрева сонце! :@
     
    На Ladyyyy567* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев основно и кога учевме хемија немавме услови за правење на експерименти, имаше моменти кога на јутуб ни ги пушташе наставничката. Знам дека не е исто, бар додека е вака нека инвестираат во апликации за децата, кога ќе се вратат на школо нека инвестираат и во посебни кабимети.
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    Баш тоа го правиме.Господ да ги благослови тие што ставаат видеа на јутуб, некогаш повеќе помагаат од самата вежба во сала.:D

    Дигитализација, да, ама не по секоја цена.Интернетот многу помага за дополнителни истражувања и објаснувања при учење и секако си е достапен за сите кои сакаат да побараат нешто повеќе - ама треба на тоа и да остане.

    За мене лично, ништо не може да ја замени физичката форма на книга, да ѝ свртиш листови, да ја фатиш во раце, да подвлечеш; едноставно, ти дава фокус дека треба да си присутен во моментот, да се сконцентрираш на тоа што ти е цел во моментот- на учење.Користам и интернет, ама читање од книга и од pdf верзија или интернет страница не ми е исто.

    На лаптоп, компјутер, таблет, телефон - буквално има еден тон апликации кои можат да го одвлечат вниманието во текот на учењето.Кај вака тенхологијата се повеќе ни уништува attention span, сега уште со дигитални учебници, па ќе немаат избор учениците да го остават уредот, и да сакаат.

    Второ, зрачење и предолго седење во лоша позиција.Не знам зошто некој мисли дека е паметна идеја за деца во развој, кои и така веќе загрижувачко многу време поминуваат на телефони, сега уште толку да им се наложи да ги користат, што всушност ги става во позиција да не можат да се одделат од екраните.Ужасно, многу.

    За дали ќе ги направат понеписмени, нема да се согласам, сепак децата кои учат ќе продолжат, ама дали оваа промена ќе им го отежни квалитетот на учење? Тука мислам да.
    Всушност за оние што не учат оваа промена ништо нема ни да значи, ќе помине и незабележана, ама ќе осетат разлика оние што се посветени на образованието.

    Единствено пофалба за аудио и учебниците со Брајово писмо.Ете, тоа е позитивна идеја, која ќе користи некому кој досега сигурно бил изоставуван.
     
    На glosipgirl, Ladyyyy567* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    6.885
    Пол:
    Машки
    Ако важи ова нека важи и за на факс, а не да му купувам книгите на професорине по 50евра и фазла секој семестар, перат пари на невидено. Државен факултет а книги приватни.. Бангладеш не ние рамен
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Страшно! :x
     
  19. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Во ред е електронски учебници, но во нашето образование кое е "тенеке маало" има многу приоритетни реформи кои треба да се направат. Куќа од темел се почнува. Тоалети немаат некои училишта а тие е-учебници воведуваат.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TDD

    TDD Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не.
    Од секогаш се знаело дека се учи од учебници,и според мене така треба да остане.Како прво тоа е штетно за здравјето на децата.Ако не и после пандемијава децата да учат од дома.Наместо да одиме нанапред со образование и едукација ние се враќаме назад.Дно дна.