Учебник од 300-500 денари споредуваш со екран од 10.000?? Знам дека аи во филм да менуваме светот, ама дај малку пројчи ја темава па после збори ок? Што е до мене и на холограми би им дала да учат ама нр во Македонија. Не сега.
Не мислам дека е штета за децата да се компјутерски образовани од прво одделение. Напротив. Има и од 3000
Не гледам причина воошто да објаснувам, зар треба да изумре печатената индустрија, факт е дека се повеќе се оди на дигитализација, во многу сфери се олеснува животот но зошто образованието целосно да се дигитализира. Еве јас не разбирам. Јас сакам да учат моите деца од книги. Инаку не ни прочитав ти дека ја спомна екологијата, од друго место ми е муабетот.
Моето 3 години има, сама уклучва мобилен исклучва попушта тон намалва и уклучва јутуб. Ко ќе учи треба да учи со книга. Не да зее пола во текстот за на школо, пола на инстаграм.
Ова го доживувам како секој отпор кој го има народот кон било која промена. Секој пат кога ќе се апдејтираше ФБ и ќе го сменеа интерфејсот, 'паника' се ствараше, па петиции се потпишуваа 'да се врати на старо'... Мислам дека ви е страв од непознато, ново...
@WildMk не се контрај-убаво то објаснија сите погоре,не се жести оти реалноста е таа...не е отпор кон новина...
@WildMk ама искрено,прашањево зада контриш го постави?! Оти недржи вода то шо го пишиш.. Или си Мила инкогнито..или некој нејзин подлизурко..само тие демек поддржуваат... Не може 100.000 родители да грешат само една рака луѓе да се во право.
@WildMk неможе да се инсталира бидејќи кошта лиценциран виндоус а неможе на линукс зашто тие некои образовни пакети не работат па на линукс. Далеку сум јас уште од основно,но баш мозгав околу дигитализација.Давам силна подршка да се дигитализира што е можно повеќе области:администрација,онлајшопинг,сметки плаќање...но ова со децава не го подржувам.Неможе дете на таа возраст да држи толку фокус пред ПЦ.Ја едвај се фокусирам коа сум учела онлајн курсеви.Исто така...доколу е толку супер идејава,зашто Окфорд одамна све недигитализирал наместо студенти да одат?! Математика ако не следиш на табла кое од кај испаѓа/се крати/ се префрла од др.страна на дропка-тури му пепел,ништо нема да се разбере.И уште еден куп др.протиаргументи погоре што ги пишаа.. Него да знаете каква тиква сум!!! реков нема да гуглам,а прстов сам ми отиде...Еее сам на себе најголем непријател сум си!
Оти е полесно. Технологијата ја имаме... зошто да не ја искористиме? Епа сега.. ко ве смотаа со 'компјутер за секое дете', не мислевте дека треба лиценца за виндоус? Дебата е, не е 'контрање' Зошто толку отпор кон дебата имате? Не мора сите за се' да се согласуваме. ... или мора?
Оти да не бива? Алатка е. Како и првиот наострен камен што го користел хомосапиенсот. Како струјата. Како креветот со душек... Се' е со цел да се олесни животот на луѓето.
Нека има дигитализација ама нека им обезведат таблети квалитетни на секое дете, иста марка, ист модел. Замисли 3 деца се на школо и 3 таблети да купуваш. Јас кога читам поголем текст на работа го принтам зашто на екран ме заболува глава, а камо ли децава. Ќе биде на крај и таблети и принтани верзии. Хаос!!
Зошто ? Па има ли нешто подобро од кревет и книга? Ај сеа реално Книга е книга да подвлечеш да шкртнеш билошто, да не се дреме пред пц уште од мали и онака родителите едвај ги оттргнуваат ,не е исто да читаш нешто пред тебе и на екран(па и таблет) тоа дека ќе им се расипе видот е + зошто не...а и реалноста каква ни е државата дека ќе обезбедеа на секое дете и сл тоа до 2030нема да се деси... А и сега со пандемијава што направија ? Од мтв да учат ? Не секој родител има повеќе урреди за секое дете и слично...
И јас сум за печатени книги. Нека истржуваат на интернет, немам против. Другиот дел од реформата ми е во ред. Овој дел не. Нека има дигитализација, ама нека си има и учебници. Но со такви коментари како на фб, не знам дали нешто ќе се постигне.