1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на дигитални учебници

Дискусија во 'Образование' започната од злоба, 19 април 2021.

?

Дали сакате да се воведат?

  1. Да

    16 глас(а)
    12,2%
  2. Не

    115 глас(а)
    87,8%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    А и сите деца да се исто облечени и да не си ги прегледуваат патиките што марка им се.

    Да се разбереме... сум за рамноправна распределба на капиталот.
    Спремна да плажам повисоки даноци... не сакам луѓе кои се размафтуваат со финансиските можности и купуваат гаќи од Викторија'с Сикрет, кога исто се 'ефикасни' како оние од Сара Фешн
     
    Последна измена: 25 април 2021
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.732
    Мене ми е важно што ќе пишува во учебниците, а не дали ќе бидат печатени или дигитални. Мислам дека ова е едно од најмалку значајните прашања од реформите во образованието.

    Две деца имам, едното сака само од дигитални верзии да учи, другото од хартиени. Никогаш нема да им биде погодено на сите.

    Како и да е, кога има содржина, за формата е лесно - ако не оди со дигитални, следната година ќе се отпечатат.
     
    На Ahoy, ane.bella, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.697
    Пол:
    Женски
    Прво и најважно против ,од здравствени причини.
    Ќерка ми има -5 диоптер, препорака е воопшто да не седи на телефон и таблет, и не седи, а ограничено на компјутер со паузи.
    Колку многу деца денес имаат проблем со видот, не го земаат во обзир.
    Дали консултираат стручни лица кога воведуваат вакви новини?
    Лекарите токму дигиталните уреди ги посочуваат како главна причина за проблем со видот кај деца.
    Во слободно време компјутер,во школо компјутер, кога нивните очи ќе се тргнат од екран?!
    Дигитален учебник од многу причини не може да е подобра опција од печатен.
    Од 1 одд дигитален учебник значи тоа дете присилно да го приковаш за компјутер.
    Дигитален дидактички учебник не може да го замени наставникот.
    А со овие учебници токму тоа ќе го направат.
    Па видовме колку е промашена онлајн наставата секаде.
    Дигитализацијата не значи поголем образовен успех.
    Кога деца учат да читаат и цел тој процес на описменување значи и поминување време и поврзување со родителите.
    Пишување,учење,математика... со дигиталните им го ускратуваш тој процес,тој однос со родителите.
    По техничко на пр.се изработуваа предмети,се вежба моториката, логиката кај детето,сега дигитално како?
    Која моторика ќе се развива,на показалецот?
    Што е предноста?
     
    Последна измена: 25 април 2021
    На NewMama, M.B., Celltica и 10 други им се допаѓа ова.
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    146.524
    Пол:
    Женски
    @WildMk ќерка ти завршува основно,така?

    Можи зато си толку гласна..
    Ако беше во кожата на мајките кои штотуку запишуваст дете во основно немаше вака да збораш..

    Прваче со онлајн буквар...
    Така ќе учи букви..така ќе учи да чита..
    Не е само за инает да се зборува...
    Цела слика пошироко треба да се види..

    Што стана со препораките за штетноста на електронските уреди?!
    Или појќе не важат?

    Еве не знам...

    Знамм само оти имам скоро 8годишно дете чие здравје не ми е за коцкање.
     
    На NewMama, Love 83, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.111
    Допаѓања:
    112.688
    Пол:
    Женски
    Па нема да е лошо униформи да носат.
     
    На Cka и LejlaD им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    146.524
    Пол:
    Женски
    Носат униформи...
    Бар моите ..и големата дур одеше на настава носеа..наредено им беше..сите исти беа..
     
    На azelea, LejlaD, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Е сеа замисли... Само замисли. Учиш досадна тема историја. Пекол тема, само години на таблетот. Имаш пред тебе мал милион рабови кои можеш да ги гледаш. Гледаш се, се е поинтересно освен тоа од книгата. Место да научиш, губиш време на се друго. Плус си дете со капацитет за концентрација супер мал.

    Еве, јас не учев курс. Јас учев на лаптоп цел правосуден, и цел втор мастер. А првиот мастер и факултетот со книги у рака. Знаеш дека правосудниот три месеци само гледав у лаптопот, свиткана и не научив? За на крај да испечатат се, два класери двострани и положив 7 испити од прва. Вториот мастер беше со настава во училница и материјали поделени од професори. Книгите на маса. Кога дојде короната станаа последните два месеци онлајн и материјалите беа онлајн. Ништо не можев да научам. Зборуваа луѓето, јас ќе заспиев. Учев, а ми летаа презентациите така. Се до моментот кога не си ги исптинтав, у копирница и не седнав да научам. Над 9. 5 иам просек. Значи не сум некој кој не знае или не сака да учи.

    Ја видов страната на двете опции. Зборувам од искуство. Не теории, не контрање.

    Мене не ми е грижа какви ќе биде образованието тука, моето дете или ќе оди у приватно или у странство. Тука да си игра дрндупка некоја министерка не дозволувам оти за моето дете се работи. Оти не сакам да не научи основа оти не може да се воздржи од кликање на други страни.

    Комбинирана настава да. Нека ги научи основите, а за дома да истражат нешто плус. Ама без книга не.

    И наместо да трошиш струја на форум, и да ја загадуваш околината, сади дрва. Направи петиција за еко книги. Направи протест за педагошки да стане факултет не курс. Оти се неписмено заврши педагошки, испит над 300 страни немаат. У моја генерација сите слаби ученички се запишаа педагошки. Оти сите ги примија.
     
    На Celltica, azelea, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Дали мислиш дека би била способна да спремиш испит пред компјутер од 500 стр?
     
    На fana, cresa-jagoda, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Вечерта пред да објават дека ќе се воведувале дигитализирани учебници, со маж ми за тоа праевме муабет и баш се прашувавме и двајцата, зошто не се дигитализирани... за сите ученици.

    Другиот ден, се отепавме од зафркавање дека, ете 'ни го чуја муабетот и веднаш реформа воведоа' :D

    Нема во основно и средно испити од 500 страни.

    Плус, ако толку му смета некому, нека си ги испринта... иако има комјутер и/или таблет.
     
    Последна измена од модератор: 25 април 2021
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.732
    Ако добро разбирам, учебникот не треба да ја замени наставата, туку само да биде дополнително средство. Мислам дека не е поврзано со корона, туку со новите наставни програми.

    Негативните страни по здравјето ги има на двете страни, и кај печатените, и кај дигиталните учебници. Многу деца имаат проблеми со ‘рбетот поради тешките ранци. Од друга страна е диоптерот.

    Како родители не треба да ги занемариме афинитетите на децата. Овие деца се пораснати во дигитално време. И не им е проблем да седат на компјутер, како што ни е нас проблем. На многу од нив компјутер им е првиот избор, а не пенкалото. Се менува времето.
     
    На Ahoy, LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    И јас не сакам такви луѓе иако доволно долго сум работела со такви и ќе ти кажам како им сече, не се спремни да плаќаат повисоки давачки туку од што мора плаќаат ама за сметка на тоа кликерот им сече како да најдат дупка во законот да покрадат на секаков можен начин исто како и повеќето кога се на власт. Ако не грешам слушнав ова е финансирано од надвор, а за да покрадеш треба да ти дадат, така да поентата е да се добијат парите и да се прикаже демек се прави нештото, а вака нападно и избрзано наметнување ми асоцира дека итно им се потребни парите, а не дека се грижат за доброто на учениците. Проектов дека ќе пропадне и ним им е јасно, ама што е битно има која да плаќа народот како и за секој неуспех во било која сфера во државава од нејзиниот осамостојување натаму.
    Лично немам против дигитализација во земјава, не ми е страв од ново, непознато напротив предизвик ми е тоа да стекнувам нови сознанија. Моите досегашни сознанија велат дека е избрзано се ова, без соработка со сите фактори кои се засегнати па да се најде некој компромис. Демек ај само за од 4то ќе е вака, што пак ме асоцира битно е да се добијат парите а не да се направи нешто од капитално значење во образованието.
     
    На azelea и LejlaD им се допаѓа ова.
  12. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.963
    Допаѓања:
    205.229
    Пол:
    Женски
    Дали помислуваш дека на некои родители им е преголем издаток да печатат учебници по сите предмети-патем кога ова им е трошок не ни имаат принтер дома..
     
    На azelea, Biljarkata, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Ако немаат леб, нека јадат колачи! Ситиот на гладниот не верува!

    Бесплатно образование
     
    На jacqueline.s, Biljarkata, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Па државата секако ќе испечати, за оние кои немаат уреди.
    Ќе се обидат на сите да им набават уреди, ама ако не стасале, ќе печателе.
     
    На fana и LejlaD им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.963
    Допаѓања:
    205.229
    Пол:
    Женски
    Да,знам како изгледа тоа бесплатно,печатевме учебници на свој трошок оти немаше нити лани нити годинава:@
     
    На azelea, Kanya, mareane и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    146.524
    Пол:
    Женски
    Ама се збора колку да се кажи нешто...
    Не дека е издржано.

    Гледам како врват кај големата деца кои немаат..Веќе втора година...
    Ги направија децата одметници, ги одделија и понижија пред другите..
    А со ова ќе го продлабочат јазот..
     
    На azelea, Biljarkata, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  17. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.963
    Допаѓања:
    205.229
    Пол:
    Женски
    @WildMk која држава бре,ете ти кажав,немаше учебници не ни дадоа,сами печатевме,а издаток е за колку предмети се работи...
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе аман шо збораш.. во Битола демек не се прегледваат за други работи
    Ако не... Кабадаја од кај потекнува? :D
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Син ти средно е?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Добро де, како почнале и факултетот ќе го дигитализираат. Ама до факултет, што ќе научат...

    Вајлд и сите останати родители, како сакате сфатете ме, немам лоша намера, ама, денешниве деца се 'боси' со знаење. Повеќето.
    Ова мислам ќе биди д фајнал степ во нивно целосно осакатување од образовна гледна точка.

    Не е само новини да прифаќаме... Ако е новина, по дифолт мора да донесе нешто подобро?
    Ама не, мора секоја прилика да се искористи да се потенцира некаква ограниченост, било тоа вистина или не.
     
    На azelea, mareane и LejlaD им се допаѓа ова.