https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc6RIWn5b0Xt2__q7hyX3yM0gjINLxXwoBxCP0Hw1JBEUpU2Q/viewform Една анкетичка
Дур не фатам книга во рака, три четири маркери за потцртување и со пенкало да пишувам белешки од страна и извичници, ќе научам ... лани! И тие што сум ги имала во електронска форма, ако ми биле основен материјал за учење сум ги принтала. Тешка глупост, искрено се надевам дека нема да се воведе.
Па пишувавме на првите страни.Наједноставно и просто кажано - штети од здравствен аспект.После тоа уште мал милион работи.
МОН: Младите ја поддржуваат дигитализацијата на образованието, со комбинираниот модел што стартува од септември заедно ќе ги надминеме сите дилеми и предизвици
Знаете колку деца во моментов не следат онлајн настава поради тоа што родителите не можат да им обезбедат интернет или компјутер/телефон/таблет за да се приклучуваат на часови? Знаете колку фамилии се многудетни, и тоа сите деца треба да имаат истовремено часови, а имаат само еден компјутер, па само едното се приклучува на часови? Како би имале пристап до електронските учебници овие деца? За ефектот врз очите да не зборувам. Еве јас сум студент, и ние имаме пристап до електронски учебници од страна на факултетот, ама сите ми се ископирани бидејќи се изморувам од електронската настава, па ги одмарам очите колку толку запишувајќи и шкртајќи со маркери во тетратка. Друго, често се случува да снема струја/интернет во некои области, што е уште еден проблем за пристапот до овие учебници.
За жал не. Пишале демант: Груба манипулација со граѓаните и родителите е информацијата пласирана од пратеник од опозицијата дека под притисок на јавноста го повлекуваме новиот закон за учебници од собраниска процедура. Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста, по координација со Секретаријатот за европски прашања, предлог законот е вратен за да се дополни, само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред Влада, по што ќе биде доставен до Собрание.
ПРОЧИТАЈТЕ ЗА ДА СТАНЕ КРИСТАЛНО ЈАСНО❗️❗️❗️ Јас сум инженер по информатика со над 30 години работен стаж. Бев одличен студент, а сега сум високо ценет (и добро платен) стручњак во мојата компанија. Секогаш се залагам за унапредување на било која активност, процес... со примена на техника, посебно компјутери. За жал, свесен сум колку одржување, трошок и напор треба за компјутерската опрема да функционира и колку е нагла промената која се планира. Се сомневам дека и училиштата и наставниците и децата и родителите се подготвени за неа. Успех на ваква крупна промена не е можен без СООДВЕТНИ ПРЕДУСЛОВИ. На пример: - Дали на клупите има приклучок за струја за секое дете? (Наставничке празна ми е батеријата) Се сомневам дека и само ова сме способни да го реализираме до септември. - На 2-3 одделенија ќе треба барем по еден информатичар, техничко лице за поддршка. (Ја знаете пазарната цена на информатичарите во Македонија, нели? Знаете дека се меѓу најплатените професии, ако не и први. Барем оние кои останаа во државата. ) Наставниот кадар е далеку од способен да врши ваква поддршка. (Наставничке ми се ресетира лаптопот. Наставничке ми го нема фајлот. Наставнику ми пишува ВИРУС. Наставничке Марко ми го турна лаптопот на подот и сега не ми се вклучува... ) - Знаете дека компјутерскта опрема застарува за 3-4 години, нели? (Прашајте ги во книговодство колкава е цената на компјутерска опрема по 4-тата година. НУЛА ДЕНАРИ! ). Значи родители со две деца во училиште (ако се биде во најдобар ред, а нема), ќе трошат по 20-30,000 денари секои 2 години за нови лаптопи. - Покрај хардверот, знаете ли колку чинат лиценците за офис алатки, антивирусен софтвер и сѐ друго што треба? - Знаете ли колкав % од учениците кои сега следат online настава пристапуваат од мобилен телефон со МАЛ ЕКРАН КОЈ НЕ Е УПОТРЕБЛИВ ЗА УЧЕЊЕ? Сигурно над 50%. Проверете! - Дали знаете дека со ковид кризата и омасовувањето на online работењето од дома лаптопите се дефицитарни, цените се покачени, испораките доцнат? Јас знам бидејќи набавувам за стотици луѓе кои имаат потреба да работат од дома. - Дали знаете дека компјутер без пристап до Интернет не вреди? Посебно за едукативни цели? Нема ниту да почнам да поставувам прашања за подготвеноста на училиштата за МАСОВЕН ПРИСТАП КОН ИНТЕРНЕТ. Знам само дека кај мене дома, со 3 деца истовремено на online настава и двајца родители со online пристап на работа, преку максимален оптички линк на телеком СЕ ГУШИМЕ, па двајца закачувам преку мобилен телефон за да функционираме (среќа имаме доволно претплата). Добро, тоа нѐ чини и нешто помалку од 100 евра месечно... Тука ќе прекинам, затоа што има уште многу. Од Вас и од Министерството не видов ниту една издржана, убедлива анализа дека сме подготвени за ваква промена. Слушам и читам само "поетски" изјави за крупно чекорење кон светлата дигитална иднина, за доброто на нашите деца... Оптимизмот и визионерството се убава работа, доколку се поддржани со реални можности за реализација. Скокањето од авион е прекрасна активност, но само доколку се има падобран на грбот, уште еден резервен падобран (за секој случај) и умешност да се отворат на време. Инаку... Поздрав! Николчо Петров @WildMk што мислиш?
@Cka баш сега ќе пишував. Авторот на текстот ми е колега во иста фирма сме различни професии. Му го потпишувам секој збро. @WildMk ова ти објаснував.. се надевам сега ме разбра.
Друг проблем е интернетот, можете да сте преплатени и на најдобрата компанија и пак да ви е спор. На светско ниво државата се рангира на 96 место. https://www.speedtest.net/global-index#fixed
Тоа кажува и погоре. Со најбрз оптика Телеком најскап пакет, дека се 5 души уклучени се гушат и им пушта дополнително од телефон.. А школиве знаеме колку се спремни за тоа
Дека спинува. Ете тоа мислам. На школо нема да носат компјутери. Учебниците ќе бидат за дома. Наставниците ќе мораат да предаваат. Децата кои немаат уреди, државата треба да им обезбеди. Офис сертификатите се веќе набавени и ги користат сите деца кои имаат онлајн настава.
Хаха без воопшто никаков учебник на школо?! Забрана ќе имаат, да ме паѓа интернетот??? Ахахахахаха леле
Не. Наставникот ќе го предава материјалот, тие ќе запишуваат во тертатка. Како ние што учевме. Исто е бе.
Многу сакаат да пишуваат во тетратка, само да знаеш. Маваат со рацете (демек им се укочиле) после две реченици.
То е проблем на наставниците. Нивна работа е да им го задржат вниманието и да им го пренесат знаењето. За тоа се платени. *И сега е така... до лани, дури одеа со физичко присуство, пишуваа во тетратки. Не е ново.
Така е. Во теорија. Во пракса, оди види, предавај, па дојди кажи. До тогаш, само на памет зборување е твоето.
Абе то му е работа. Затоа и учат школо, за да бидат наставници. Ако не се способни, има други кои чекаат на ред.