Воведување на дигитални учебници

Discussion in 'Образование' started by злоба, Apr 19, 2021.

?

Дали сакате да се воведат?

  1. Да

    16 vote(s)
    12.2%
  2. Не

    115 vote(s)
    87.8%
  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2014
    Messages:
    4,963
    Likes Received:
    100,721
    Оди бе, ти реков.
    Тоа е и најголемиот проблем денеска во нашето образование, што 90% од родителите вака паметуваат како тебе и сите излегуваат неспособни, само нивните деца се способни.
    Од вакви и слични муабети, децата добиваат крилја и жива сила не е*ат. Е така.
     
    azelea, nena2010 and renata77 like this.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,256
    Likes Received:
    145,773
    А работните тетратки? Или тие ќе се печатат? Ќе се сечат дрва
     
    nena2010 likes this.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,349
    Не реков дека моето дете е нешто посебно.
    Од секогаш имало деца што учат и деца што не учат.
    Колку ќе можи, толку.
    Ама задача на наставникот е да пренесе знаење.
    Ни еднаш не сум отишла да висам пред врата кај наставник за оцена.. за разлика од тие во кои сакаш да ме ставиш.
    Тројка-тројка.. си заслужила, си добила.
    Кои 'работни тетратки'?
    Тетратки, ко до сега.
    Нели првиот ден им кажуваат по секој предмет каква тетратка ќе им треба?
    Од ко знам, така е.
     
    JoyJoy likes this.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,256
    Likes Received:
    145,773
    Работна тетратка и тетратка се две различни рабпти
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,349
    Знам.. за тетратки зборував...
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Joined:
    Jan 14, 2011
    Messages:
    1,342
    Likes Received:
    48,115
    Gender:
    Female
    Моиве двајца ученици денес бојкотираат настава,цели класови и цели школи.Средношколци се и двајцата.
    Ја имаат мојата апсолутна поддршка,а и од повеќето родители.

    Ова е убедливо најлошата реформа што планираат да ја спороведат,мислам дека е бетер и од есктерното тестирање.

    Заморчиња испаднаа овие генерации,со какви дупки во знаењето ќе се соочат во иднина,страв ми е да помислам.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,256
    Likes Received:
    145,773
    Јас за работни. Тие ќе се штампаат? Или оти не смеат лаптоп да носат на школо, нема да вежбаат?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,349
    Не знам.
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,256
    Likes Received:
    145,773
    Епа никој не знае, драстична промена не се прави преку ноќ од министерка без искуство.

    Само децата ќе страдаат. Немаат пари за вецеата да ги поправат, ќе купувале компјутери
     
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2020
    Messages:
    9,185
    Likes Received:
    19,143
    Gender:
    Female
    Поента е да се оди напред. Зошто тогаш да пишуваат децата како пред 50 години?
    Јас имав книги, мајка ми татко ми имале. Која генерација си ти што толку си пишувала?
     
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    5,096
    Likes Received:
    54,211
    Gender:
    Male
    Потребна е реформа у образованието, све понеписмени генерации излегуваат од школските клупи. Е сега каква, тоа е прашање за милион долари. Родителиве испаднаа најголеми познавачи на образовен систем, немој случајно да им се спомне некаква промена скокаат ко попарени а децата им се полуписмени.
    Секаде у светот се оди на тоа да се дигитализира животот само ние сме алергични чим се спомне промена. Ај ако не на папирус нека пишуваат или уште подобро, у камен нека клесаат домашна.
     
    WildMk, M.B., JoyJoy and 1 other person like this.
  12. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Joined:
    Jul 15, 2020
    Messages:
    4,241
    Likes Received:
    27,884
    Никаде во светот не се учи од дигитализирани учебници, ама баш никаде Џони. Едно е да имаш дигитализација, друго е да форсираш книги да нема или целокупниот процес да се одвива пред екран. Јас основно и средно како и сите нели ете од книга сум учела, на факултет и на мастер немавме книги, имавме само дигитални материјали и еве тврдам дека е прво потешко за одржување концентрација, второ очите ми се за никаде како последица, а не сум била ни во развој тогаш. Не зборуваме за општо да има смислена дигитализација и со цел, туку основното помагало во учење да е на екран. Нигде го нема тоа, посебно не за основци.

    Едит: Реформата генерално треба веројатно да почне од педагошки факултет и од кадрите.
     
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2020
    Messages:
    9,185
    Likes Received:
    19,143
    Gender:
    Female
    Каде тоа учат од таблет?

    Најголем проблем е штетноста на блеење во екран, а на второ место се финансиите. И онака се е прескапо, па уште лап топ за секое дете да набават родителите.
     
    azelea, Angie1432 and cresa-jagoda like this.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    5,096
    Likes Received:
    54,211
    Gender:
    Male
    Нигде не спомнав за учебниците, дигитализација у општа смисла Селти. А муабетот ми беше за оние што се алергични на секаква промена у образованието а факт е дека све поише паѓаме на сите ранг листи што се образование тиче. Дали ова ќе даде некаков резултат не знам, можеби не ама треба да се почне со реформи.
     
    WildMk and Celltica like this.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,255
    Likes Received:
    205,055
    Толку е точниот одговор.
    И нема врска ни со дигитализација, ни со модернизација, само и единствено со политизација има врска.

    @Celltica ти нешто и дигитофобија да не имаш:lol:

    Лап топ за секое дете и во многу финансиски помоќни држави нема, ај сите со мобилен ќе се изнаучат(facepalm). Кој не учел методологија на настава, може све да си замишља. Истиот муабет ко со учењето онлајн, баш истиот.
    Абе, што ќе им да пишуваат, и така само на компјутер ќе куцаат у животот. Освен тие 70% што ќе работат во погон, продавница и штојазнам. За потпишување и баба ми знаеше, со 4 години школија.
    Ура за реформите, писменоста е привилегија на богатите;)
     
    zuto, azelea, Angie1432 and 1 other person like this.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Joined:
    Jul 15, 2020
    Messages:
    4,241
    Likes Received:
    27,884
    Реформа секако е потребна, ама мислам дека од корен треба целиот систем да се смени. Лошото образование (или правда или што и да е, било кој сегмент) е само последица на нефукционирањето на системот и општеството кај нас. За жал, мислам дека било каква реформа да донесат, дури не почне системскиот проблем да се решава, залудно ќе е.

    Иначе се согласувам со тоа дека често има отпор кон промени, ама па од друга страна се мислам која промена во образованието била на место и не колку да се каже правиме реформи. Може да има некоја, ама вака не ми текнува.

    Да ставам цртка ајде :D
     
    azelea and Biljarkata like this.
  17. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Joined:
    Jan 21, 2021
    Messages:
    711
    Likes Received:
    2,459
    Gender:
    Female
    Можно е утре пак да ја бојкотираме наставата, иако тешко дека нас ќе не послушаат, денес едни професори не подржаа, а други почнаа да ѕвонат на родителите.
    Кога видо дека бојкотираме ни кажаа дека уште ништо не било решено, ќе имало учебници, ова со дигиталните било за децата од 1во до 4то одделение и немало потреба ние да бојкотираме.
     
  18. злоба

    злоба Популарен член

    Joined:
    Apr 21, 2020
    Messages:
    1,210
    Likes Received:
    3,925
    Gender:
    Female
    Доцна ноќеска на средношколци им биле праќани пораки за денеска да ја бојкотираат наставата, поради новиот Закон за учебници со кој се воведуваат електронски учебници за учениците, на сметка на досегашните, од хартија.

    „Се ширеше ваков „муабет“ дека можеби ќе се бојкотира во врска со дигиталните учебници, но не мислам дека се организираше сето тоа бидејќи доцна пишаа. Кај нас само се сподели информацијата, но не се „договаравме“ за бојкот или нешто слично“, вели за Радио МОФ матурантка од скопската гимназија „Орце Николов“.

    Сепак, по социјалните мрежи се шират објави дека ученици од Струмица, Кратово, Скопје денеска ја бојкотирале настава, со цел да повикаат да не биде донесен законот.

    Од „Сојузот на средношколци“ пак објаснуваат дека тие не организирале бојкот, туку сметаат дека одредени групи манипулираат со јавноста.

    „Наш став е дека секој ученик треба да го има правото да избере од каков учебник сака да учи. Но, ваквите повици за бојкот ги манипулираат и им штетат на средношколците. Многу ученици денес беа изманипулирани од страна на ваквите групи без да знаат за што точно се бојкотира или кој го организира тоа, затоа ги повикуваме образовните власти да ги оправдаат изостаноците“, стои во реакцијата на Сојузот.

    Група родители пак денеска пред Министерството за образование, во периодот од 10-14 часот поставија пункт каде собираат потписи во знак на поддршка на барањата на групата. Појаснуваат дека им се потребни минимум 100 потписи за барањето да влезе во Собрание и да се стопира гласањето на законот. Освен стопирање на Законот тие бараат јавна расправа и дебата за измените, но и директно и непосредно учество на стручни лица и претставници на групата граѓани во ревизија и интервенции во Законот.

    „Законот не ги решава проблемите кои се актуелни во образованието, напротив генерира нови проблеми! Законот има недоследности и импликации во останатите закони кои го уредуваат образованието на национално ниво! Законот не е во интерес на физичкото и менталното здравје на нашите деца и развој на нивниот потенцијал, а непосредно ќе се одрази и на здравјето на родителите, наставниците и останатите инволвирани во образовниот процес“, велат родителите, кои со цел да ја анимираат јавноста за проблемот ја формираа ФБ групата „Учебници и настава мора да има“ која собра околу 70 000 членови.

    Од МОН пак остануваат на ставот дека реформата во учебниците го враќа учењето во училница, а наставниците нема да треба да го предаваат учебникот, туку наставниот план кој за прв пат има национални стандарди кои треба да се постигнат како резултати од учење.

    „Наставниците многу полесно ќе го подготвуваат часот, полесно ќе оди комуникацијата меѓу наставниците и родителите, наставниците и учениците, затоа што сите ќе имаат пристап до исти дигитални учебници, кои се повикуваат на отворени образовни ресурси. На една платформа ќе биде сé што подготвиле сите наставници“, велат од МОН.

    Законот вчера беше повлечен од собраниска процедура. Од Министерството за образование објаснија дека на владина седница законот ќе се усогласува со европските препораки. Критичарите пак сметат дека намерата е да се стави европско знаменце на законот, што значи дека треба да биде донесен во покус рок.

    Радио МОФ
     
    Just_a_kid likes this.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,308
    Likes Received:
    141,455
    Gender:
    Female
    @John Snow никој не е против дигитализација, АМА оди види ги школине !! А бре за греење немаат, они дигитални материјали ќе воведуваат. Јас кажав, македонија не е Скопје, а и Скопје не се сите школи како новото Киро Глигоров во Капиштец кое е high end направено и во кое за да се запишат деца треба дебели врски и да ја видиш структурата на родителите се ќе ти е јасно.

    Сакаат дигитализација, ок. Направи во секое можно место во државава да биде исти школи, исти услови, направи секаде школи по европски терк, среди све да биде како што треба, обезбеди најбрз интертет, обезбеди дигитални уреди за децата, озбедени спремен кадар, обучи постоен, вработи плус, спреми се се ( зашто нели образованието е со устав загарантирано и треба да е бесплатно) , па после продавај дигитализација и скокај со реформи.

    Куќа од темели се гради, а не само стави златна чатија, а доле се труло.

    Кој ме разбра разбра.
     
    azelea likes this.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,887
    Likes Received:
    40,071
    Gender:
    Female
    Ај да ве прашам како се снаоѓаат школине во Обедиенто Кралство каде што нема учебници. Нема официјален учебник. Секој наставник бира настави материјали да учениците. ВО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАЈБИТНО ПРЕДАВАЧОТ ДА УСПЕЕ ДА ГИ ОСТВАРИ ЦЕЛИТЕ НА ПРОГРАМАТА И ГИ ПОСТИГНЕ СООДВЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ. Како тоа ќе го направи е оставено на предавачот.
    Па така деца учат од клипчиња, филмчиња, печатени работни листови и слично. Не мора да значи дека се учи само од учебник. И секако сега ќе има 3 учебници да се бира од нив па ќе може една тема од еден учебник друга од друг да се обработува.

    Плус на час не треба да се учи од учебник. На наставникот на час не му треба учебник. Учебникот е за дома. Да помогне во учење, не да е главен. Учебникот е да го научи ученикот да се потпира на проверени извори на информации. Не за бубање на дефиниции за кои предавачот подоцна ќе одземе поен ако не е се до запирка точно напишано.
    Учениците треба да научат и како се учи, како се бараат информации, како се анализираат информации и слично. Не само да помнат факти. Ние не ги учиме децата вештини затоа и сме на дното на сите меѓунардни мерења. Децата се учат да не прашуваат, да меморираат и репродуцираат.

    Се сложувам со сите што викаат дека образованието ни е каша и дека училиштата ни се жални. Ама ако не се троши пари на печатење учебници може да се троши на опремување на училишта, на обука на наставници за начини на поттикнување на вештини. Ни треба нова методологија на финансирање на училишта, ни требаат помодерни училишта, ни требаат подобро обучени и мотивирани наставници. Ако со оваа реформа парите се пренасочат кон ова тогаш јас сум за.

    Е сега мислам и дека треба подобро да се реши помошта на учениците за уреди кои ќе овозможат користење на електронски и дигитални содржини кои се интерактивни и слично.
     
    WildMk, M.B., Ahoy and 1 other person like this.