Јас го киснев 15 тина минути во ад млеко. Омилената каша и беше овес потопен во ад блендиран со суви кајсии и банана. Со оглед дека има млеко и житарки во комбинацијава може да се дава за вечера.
Јас од Виталиа зедов, го киснев во вода 1ч и после со банана го блендирав и 30мл мајчино млеко го сакаше
Ова што го пракам според бебе готвач Инаку според насоките на педијатарот ние многу порано воведовме одредени намирници. Како на пр. овес, месо, спанаќ, блитва. Јас се водам по препораките на педијатарот ама бебе готвач го користам чисто да знам што да комбинирам Овес воведовме од 6+. Месо последната недела на 6ти. Сега сме 7м и 3 дена.
Ја имам симнато апликацијата и јас. По совет од педијатар веќе воведов телешко месо и жолчка, грашок дадов во една купечка каша што имаше. Блитва исто така воведов, а деновиве и спанаќ ќе дадам. Овес каков да земам? Снегулки се тоа или?
Ние уште малку 7 месеци ќе правиме. Досега имам воведено: Овошје: јаболко, слива, круша, банана, праска, кајсија, црешни, вишни, авокадо Зеленчук скоро се вклучувајќи и патлижан. Др: просо, ориз, пченка, овес, грашок, жолчка, кисело млеко, јогурт, само уште месо не. Не сме имале проблем со ништо и скоро се јади, количина од 100 до 170г
Ние ќе стопираме беколку дена со нови продукти,ќе прими вакцина во Четврток. Ние имаме внесено се од горе пишаното освен к.млеко,жолчка и месо. Мислам да се вратиме од одмор па ќе ги внесам тие продукти. Таман ќе почнам и со работа па ќе си купувам од таму проверено и чисто мевце па и зеленчук. Од таа страна сум мирна барем ќе знам дека ќе јаде убаво мевце. Тие што се од Скопје слободно од септември да ме контактираат за убаво мевце за бебушите.
Мое бебе јадеше денес месна каша откако и додадов 2 лажици к. млеко. Ич ме сакам така да давам, бидејќи нема да и се врзи железото, ама поарно некако од никако.
Нема да се сврзи целосно, ама дел да. Подобро нешто. И јас скоро секогаш со жолчка давам кисело. Не се препорачува кај деца кои се јача хмг. Кај другите може слободно. Намалувај по малку к.млеко, да свикнува на месото.