Телешко месо колку време треба да се вари? Исецкано ми е на мали коцки за него. Јас не јадам телешко, па деновиве прв пат варам
Не знам на колку мали коцки ти е, ама минимум 1час. Немој на најјако. Ќе го боцнеш со вилушката ако се двои, ако е меко, готово е. Дотурај вода, да не ти испари. Водата ти е исто супер, да досецкаш зеленчук некој и да го свариш во таа вода, чорбичка да јаде.
Просо, киноа и амарант од каде купувате и колку пари? И тие што веќе имате воведено оброци што давате за доручек,ручек и вечера? За вечера ли се даваат житарки и семиња,а за доручек само овошје или како? Да си знам,а верувам и на многу кои допрва ќе почнуваат би им користело. Би требало можеби да има некој воведен текст за воведување храна и за давање оброци што и како и да стои на првата страна. Вака има многу страни и не се дочитува,а многу работи како на почетници ни се нејасни!
Просо земав на Био Космос околу 185 ден. Доручек овошје со житарици. Ручек зеленчук а Вечера не сум дала уште но препоставувам се млечни производи.
Просо купив на БиоКосмос, е сега ич не ми текнува колку пари беше. Не беше скапо и долго трае, се наварува количински. Киноа и амарант не сум давала, можда се промакнале во некоја каша ама тоа немам купувано. Нит па ја јадам тоа. За доручек е најубаво овошје со житарка, само овошје нема да го држи сито. Ручек давам зеленчук т.е. манџа, кога посна, кога со месо, кога нема месо, јајце ставам. Жолчка. Искрено, некогаш во недостаток на идеи, за ручек давам и тестенини со патлиџанче, урда/кисело млекце. Затоа што некогаш и ние така ручаме. Кога веќе не знаеме што. За вечера, знам да дадам бисквити со АД млеко, готова ноќна каша на Хип, палента со кисело млеко, двопек со кисело млеко...
Уште ова заборавив да прашам. Читав на интернет дека авокадо може да се замрзне? Сте практикувале ли да го мрзнете или не?
https://www.novalac.mk/iskhrana-na-...od-zhivotot/zhitarki-vo-iskhranata-na-decata/ Еве корисен текст за воведување на цврста храна
Женски, како давате бујон? Мајка му на мм ќе правела бујон од телешка коска, ме праша дали сакам за бебо да замрзне како коцки мраз. После да ставам по една коцка во зеленчуковата каша додека се варат намирниците или како? @Shelea мислам користи бујон, па да ме просветли ако може
За помалку од недела бебе ќе прави 7месеци јаде се што нудам, има два оброци од околу 120до 190гр по оброк. Сакам да се охрабрам околу текстурата јаде блендирано, со синко многу мака видов и ден денес месо освен плескавица и кебапи, мора да е блендирано и замаскирано во манџа инаку одма се гади, несакам да ја правам истата грешка а на најмало засркнување паничам и неможам да си помогнам посегам по блендер. Што е најбезбедно да дадам со погруба текстура пасирано?
Мојава за некој ден 8 и ако и подметнам каша со мали парченца нив ми ги плука. Се тешам дека тоа е така затоа што сеуште нема ни еден заб.
Давајте нешто што се топи во уста. Има бебешки бисквити, ем ќе се научи да држи во рака и сама да носи до уста. Немам искуство многу зашто мојава преку ноќ почна да сака да џвака. Почнете со пасирано, наместо блендирано.
Бујонот ти е водичка, па ако вариш нешто во водата ставаш коцка и зеленчукот се вари со неа. Или ако не треба да вариш а сакаш да ставиш бујон во кашата, го размрзнуваш и во блендер со останатите намирници го блендираш. Всушност во кашите место вода или со водата додаваш коцка.
Јас имам така замрзнато бујон во кесички за мраз. Вадам колку ми требаат да ми се одмрзнат, и таа водичка, односно бујонот после го додавам во веке зготвениот зеленчук и блендирам. Не ги ставам коцките бујон во зеленчуокот кога се вари, пошто го готвам на пареа.