Не дека не може, ама да е нешш поразлично. Башка што и додавам и по 2 лажици сега во ручекот инаку не го јаде. Мислам дека само јас имам вака комплицирано дете за јадење.
Ќе смени, нема исто да биде. Моево се давеше во кисело млеко до година, после прекина да го сака. Еден период ни кисело млеко ни јогурт не сакаше, сега чат пат знае јогурт да се напие. Терај како што сака детето, верувај, самото ќе смени, нема да јаде секоја вечер, башка што како расте ќе може да додаваш повеќе намирници, да менуваш. Сите се комплицирани, не е само твоето.
дали давате и како какао во каша,? има една ноќна на хип, ама си велам да пробам дома некоја комбинација ама нз со какаово
Имам и јас една таква ноќна на Хип со банана, гриз и какао уште не му ја имам дадено и јас за какаото се мислам а и гриз немам дадено, колку месеци има твоето?
Грашок јас од 8+ дадов, немаше реакција многу го сакаше. Дај прво 3-4 зрнца па зголемувај за да следиш да не има мака со стомачето. Леќа подобро црвена да воведеш од 9+ мислам беше. Полесна е за стомакот. Боранија незнам.
Мајки бебе 2 недели ми јаде домашна тарана со цело јајце јас си ја пеавев иначе сме 10+.Дали тоа значи дека белка од јајце имам воведено или мора како жолчката постепено да се вовеедува
http://www.receptizabebe.com/2014/08/hrana-za-bebe-od-6-do-9-mjeseci.html?m=1 Да споделам убава страница за рецепти.
Мајки денес направив каша од сливи за проба и беше кисело и не сакаше да го јаде. Е сега земав готова кашичка од сливи и гледам пише оризов гриз и шеќер.. Има ли некаде да најдам чисто само слива или да пробам пак да и дадам домашна.
Кисели се сливите, нема да ги јаде само нив. Измешај со јаболко или круша ако имаш воведено. Или купи готова каша на Хип, слива и јаболко, таа нема шеќер.
6 месеци сме, имам воведено морков, компир, батат, тиквичка, брокуча, пашканат, јаболко, банана, авокадо, праска, круша и ороз. 2 оброци давам. Бевме денес на контрола кај матичната и ја прашав што други да воведувам и ми кажа можеш да даваш се имвоведи трет оброк. Само не јајце, грашок, боранија, цитруси и солени млечни продукти. И сеа сум уште позбунета. Да давам месо, спанаќ? Цреши, вишни, лубеница на пример пошо им е сезона? Друго, глутен? Право да ги дадам во оброк? Да не пробува по три дена веќе или?