Истото го прочитав тука. Првиот пат кога дадов морков дадов на јадено па лом ме направи. Давам на гладно.. Компирот го варите и како го правите?
Кај мене гладно значи 2 часа по млеко. Компирот и се што се вари го варам на пареа,т.е. на решетка во тенџере.Потоа со другите зеленчуци во блендер со водичка.Малку е леплив ама вкусен е.И на крај малку маслиново врз блендираната каша
Какво зимаш ладно цедено или обично? Јас користам за нас постојано, а баш педијатар ми кажа да не ставам, сега читам скоро сите ставате.
Зошто да не ставаш? Леле докториве понекогаш... на живци ми одат. Им помага за регулирање на столицата кога ќе почнат со цврста храна, нема штета од него.
Па немаше причина зошто само напомна да не ставам. Ќе и ставам по две три капки во зеленчуковите каши тогаш.
Вчера бевме на месечна контрола, докторката ни рече да воведеме трет оброк, вечера. Вечерата да била млечно житна каша, без овошје, да не му правело проблем на мешето во текот на ноќта. Од жита ми рече може да давам се. И може комбинација жита со јогурт или к.млеко Ве молам тие што имате воведено вечера, пишете ми идеи какви каши можам да правам.... Овес со млеко, палента со јогурт, пченкарен гриз со млеко, друго не ми иде на памет...
@PrettyG читни во темата - Денешно мени за бебиња,има различни комбинации и многу идеи што даваат мајки за секој оброк. Што е подобро да се става во кашите несолен путер или маслиново,што е попрепорачливо?
Ставам од 6+ и по она што ми ги даде педијатарот за дохрана е од 6+.Потврдувам дека помага за редовно празнење на цревата.
Ако некој почнува со дохрана и овие препораки се убави за започнување. На сликите има како се воведува: https://m.baby-und-familie.de/Beikost/Uebersicht-So-fuehren-Sie-die-Beikost-ein-163073.html Она што се препорачува овде е да се мешаат млечните дохрани со кравјо млеко со 3,5 масленост. Тоа е препорачано за развој на мозокот и повеќе енергија за лазење. Во шише млеко кравјо може да се даде од десетиот месец. Баш ме зачуди препораката на германското здравство за воведување на кравјото млеко со вечерата, од веднаш. И глутенот се воведува уште во првиот месец на дохрана во последната недела. Во јадењето (зеленчук) се додава една сварена нудла ( шпагета, макарона, било што).
Ако навистина дава толку енергија кравјото млеко, значи јас ако и дадам на мојава на таван ќе се качи. Хахаха Не и е веќе инресно лазењето на мојава. Гледа само на нешто да се потфати и се исправа и оди. Не знам од колку месеци може да и дадам проодувалка и дали воопшто се корисни? Инаку јас млеко кравјо не би дала пресно, но кисело давам секој ден.
Немаш потреба од проодувалка. Чим веќе сама се исправа и тргнува остави ја. Ние кај комшиите пробавме проодувалка, не беше ич заинтересирана, сака сама, да ја држиш за раце.
Да сум на твое место Мила не би и дала ништо. Кај и да е ќе почне да оди. На супер пат е. Многу побрзо вака ќе прооди, остави ја нека се исправа. Кај мене сега тек почнува да учи да лази. Резерви има доволно, само ќе и воведам за алергии и потоа со мајчино планирам да и давам.
Абе оваа за мебел се фаќа и се придвижува, ама имам поени во енци менци и си реков да ги искористам за тоа. Ајде ќе почекам ќе видам како ќе биде. Мала е уште за било што да ја форсирам, засега најубаво да си остане на под и да се зајакнува.
Купив ноќна холе со банана инстант каша. Дали утре да и дадам од сабајле за да видам дали ќе има реакции, пред да и дадам за вечера?