Се извинувам вака шо упаѓам со друг муабет ама поените од енци менци можеш да ги користиш само за чико играчки
Јас житарки не и давав посебно. Консултирав и педијатар. Не ми ги сакаше така. Ми кажа давај, а ако на нешто јави реакција, тогаш ќе одиш едно по едно
Чисто информативно, јас јадев грав пред една недела, првпат после по пораѓај, скоро 6 месеца. Бебево од какање 2 пати неделно, од тогаш навака кака минимум 3 пати дневно. Од една чинија грав... а тек да јадев репете хахахаха
И јас од 5+ му ставам маслиново масло во зеленчуковите каши и секиј ден си кака по 3 пати Туку да ви кажам за овесот, јас му давам за доручек и многу е енергичен после тоа, го прескокнува спиењето, навечер не би дала
Цреши со што да воведам? Бебо во среда ќе полни 7м, па сакам да му дадам додека уште има свежи. И може е глупо прашањето, ама дали ги лупите или не? И со кое овошје да дадам кисело млеко? Со палента моево нема да сака сигурно, па ми треба некоја блага варијанта.
Цреши со банана можеш. Кисело со вишни и овесни. Моето ова го јадеше. Секако можеш да експериментираш. Знаеш што му лежи најмногу.
Мајки дали е во ред да земам решетка за храната да ја готвам на пареа или сепак да купам готвач на пареа?
И може е глупо прашањето, ама дали ги лупите или не? .[/QUOTE] Не ги лупам црешите, само мијам убаво.
и мене педијатар ми рече со зеленчук да почнеме за да сака ако почнеме со овошје може да одбие зеленчук
Јас не верувам во оваа теорија на нашите педијатри Секое дете си преферира едни јадења повеќе од други. И нема врска со што ќе се почне, кога-тогаш ќе проба и овошје бебето. Ете и јас почнав со зеленчук само првите 15 дена, и после откако дадов овошје не сакаше да ги смисли зеленчуковите каши. Обожава сега овошни каши, а за зеленчуковите секој ручек е борба
И јас мислам дека нема врска. Кај мене ги сака повеќе зеленчуковите, а давав мешано три дена зеленчук, три дена овошје.
Во ред е и на решетка да готвиш. И јас исто не верувам во таа теорија дека помалку ќе го сака зеленчукот ако прво проба овошје. Ние почнавме прво со овошје 15 ден па потоа со зеленчук. Моево повеќе си сака зеленчук, не сака многу благо, бананата на почетокот ич не ја сакаше Според мене се си е до самото дете, што повеќе ќе му се допадне тоа повеќе ќе го јаде.
Јас дадов прво круша дека не какаше редовно, после само зеленчук, па други овошја. Знаев дека овошје ќе сака, па викав додека си играме само со хранава да одам повеќе на зеленчук. 2 месеца веќе јаде, ако е благо јаде преку 100 грама, зеленчукот со триста финти до 50 грама. Секако мора сите видови на храна да им ги дадеме, а која храна повеќе ќе ја сака си е сосема до детето.