Јаде зеленчук, почнавме сега до овошје ми го одбива. Јас мислам индивидуално е. Круша, јаболче -благо не сака, слива кисела, ама ств претерано кисела што и јас не можам да ја изедам он ја сака... Пробај со зеленчук, мислам нема да згрешиш, сепак и похранлив е.
@derjus И ние почнавме со овошје, па повеќе ги сака зеленчуковите каши @happygirl јас ги давам и црешните и вишните нелупени, уште од 6 месеци давај слободно.
Можеш и тие да ги направиш сама или ако се решиш да купуваш читај одпозади да не содржат шеќер да се 100% овошје.
Мајки, од кога воведовте оброк, новите состојки како ги давате? Пак по три дена со зголемување количина или право давате?
Со каков зеленчук можам да дадам жолчка за ручек, кажете некоја комбинација? Досега ја давав со банана насабајле, така ја јадеше.
Јас ја давам со компир, со ориз и блитва или спанаќ исто, сега веќе рендам цело јајце ама додека немав воведено белка ставав само жолчка. Еден ден месо, еден ден жолчка давав дури не фатија жештиниве. Сега практикувам полесна храна па си јаде само леќа на пример, или пире со морковче и брокула.. Во главно гледам да е барем два пати неделно жолчка.
И ло бело бисквитите имаат шеќер. Ств не знам што да давам за вечера. Комбинации со кисело не сака, ноќна инстант не сака, готова на хипп ноќна не сака. Реков ќе молзам и ќе дадам со бисквитки, сега читам со шеќер се.
Пак се наједноставни што постојат по состав, сите маркети ги свртев. Јас и давам овес со вода, со мајчино млеко понекогаш ако ми остане ситно во текот на денот, и многу малку овошје за вкус (како на пример една петровка).
Убави се на Bahlsen кексите со овес, имаат нерафиниран шеќер и олигофруктоза, ама и цело јајце. Во Веро ги има, има и обични кекси, не се со палмина маст како другиве на пазарот. Е мало е пакувањето, 100г, ама вкусни се. Децава мои ги сакаа, одамна немам купено. Ова им е составот, не се нешто совршени, ама се подобар избор од многу други. Овие се
Јас давам два пати неделно, оваа недела стигнав до цела жолчка конечно. А почнав со 1/4. Прееска матичната ми рече да давам и вечера, житна каша со овошје/палента со к.млеко/палента со жолчка. Нели овошје не се дава навечер? А и мислам дека е рано за трет оброк, бебо има полни 7м. Од кога почнавте со вечера, и што се дава навечер за помирен сон? Инаку, ми рече да дадам се што е сезонско, па и боранија, грашок, леќа...
Јас ставам малку јаболче или банана за да има вкус кашата. Банана дури и се препорачува да се дава за добра ноќ. Јас дадов вечера од 8, матичната исто рече може од 7, ама мојава ни ручек не јадеше тогаш цел. И сега ако јади ручек не вечера и обратно. Мн каши некако и се видоа.