Јас се водам како една членка што пиша тука.Понеделник и четврток жолчка а други 2 дена месо.Првата недела осмина,втората четвртинка итн.За 1 месец воведувам жолчка. Инаку ја ставам во ручекот т.е. врз готова каша ја поросувам со прстите.Така научив овде, благодарност на феминките мамички.
А кое е објаснувањето на овој процес на воведување жолчка? Зошто не е како другите намирници прво проба и после цело?
Ваљда зашто е јак алерген. Јас не давав по таква шема. Дадов еднаш четвртинка, еднаш половинка во првата недела и следната недела цела жолчка.
@happygirl ние почнавме со вечера од полни 7месеци и една недела. До сега имам дадено житна каша од хип со ад млеко и гриз исто од хип. Ги јадеше. Купив и од холе житна каша која по состав е разчична од хипот, и гриз од спелта од имуно. Мене педијатарот ме советуваше навечер овошје да не давам за да не го оптеретуваме стомачето и да има помирен сон. Ама мислам ако се стави малку, колку за вкус не би требало да има проблем. Планирам и палетна со јогурт или к.млеко да пробам да му дадам за вечера.
Здраво, го има ли некој распоредот во кој месец што се воведува? Малава е 4+ и веќе пиеме сок и јадеме кашичка од јаболко 6 дена по ред. На почетокот првите 3 дена по некое лажиче ич не сакаше, но последниве 3 дена и ставам сокче и кашичка во флаша и така ја јадеПочнав да и давам со препорака на педијатар, не на своја рака. Од утре ке воведам само морков, педијатар ми кажа 5 дена по ред за секое воведување..е сега ме интересира овие 5 дена само морков ли да и давам, да не и давам јаболка воопшто? и дали има одредена мерка колку да и давам? цела кашичка јаде на ден овие 2 дена..и цело сокче 125мл.
Кој јогурт го препорачувате за воведување? Дали некој освен лично искуство има и некое конкретно инфо кој е поприроден и подобар за бебе?
Тоа е многу сок. Внимавај да не му стане тешко на мешето. Подобро е да јаде каша, него да пие сокче. Јас сокче почнав да давам околу 10тиот месец и тоа по неколку голтки. Како ставаш сокче и кашичка во флаша? Сакаш да кажеш дека го пие оброкот? Убаво е да се учи да јаде, да голта, па и да џвака понатака. Инаку кога ќе даваш морков, можеш да го измешаш со јаболче. И немој 5 дена само морков, да не се направи детето портокалово, мешај го со јаболче. Мој совет ти е, по 3 дена да воведуваш намирница, многу се 5 дена некако, ама како сакаш.
фала на советот, ке намалам со сок и ке форсирам лажичка,не приметив да има проблем со меше, си полни пелени и нема грчеви.. лажичка несака да види..и вода.. уште нешто да те прашам знам кога е само на млеко кака жолто-златно и тоа е добро, сега ми кака накај зелено-жолто, знам дека на почеток значи дека е гладно дали е тоа од јаболче или јас многу и дадов и каша и сок па затоа..
Мора да засака лажичка. Мој совет ти е да форсираш лажичка. Сок можеш и да исфрлиш кога ќе почне со лажичка. Ретко кој советува сок да се пие. За каката не знам,ама чим сте почнале со цврста храна сигурно е нормално да се менува.
Па точно дека е јак алерген и секаде се вели дека се воведува постепено.Е сега не знам дали има точен начин,но јас одлучив така од причина да не форсирам без потреба и ми имаше логика затоа што секако се дава 2 пати неделно,а вака ми изгледаше "најбезболно".
7 месеци е моето сок не му давам. Давај му кашички блендирај, учи го со лажичка, сега се учи да џвака.
Е и јас мислев рано е и денес пробав вечера да дадам. Кутро бебе, како лапаше .Леле викам гладно си го чувам. А изеде и доручек и вечера. Ама цел ден е активна, се движи по нејзино низ соба, научила чао да прави, па сите тие активности бараат храна нели. Башка што цица како да не видела.7ипол месеца е. Ко периодов уморна никогаш невсум била искрено, а тек допрва....
Koi jogurt davate na bebinja? I so sto da vovedem zolcka? Maticna ne mi kaza, samo da pocnam so 1/4 dva pati vo nedela.
Јогурт му давам на Суташ или на Алпско. Јас почнав со палента да му воведувам жолчка, па потоа почнав и за ручек да му давам со блитва, ориз.