Само гриз му дадов првиот пат, се мислам следниот пат и малку овошје да му ставам, банана.... Го читав упатството на вечерните житни каши, можеш и само со вода да ги направиш, не мораш ад да ставаш пошто вие сте на доење. На таа од хип пишува и овошје да се додаде ако се приготвува со вода.
Здраво феминки Ние имаме 6 месеци и пред десетина дена почнав со пробување на вкусови сакам да дадам каша од ориз па ме интересира како ја приготвувате со адаптирано млеко
Јас давам ориз од Хип. Ад млеко се спрема како и за пиење, и после се меша со оризот според табела. Со обичен ориз не сум пробала, ама тој може со вода да се спреми, нема потреба од млеко. Евентуално ако на крај му додадеш млеко да стане поретко.
Јас ова сакав да прашам, ама веќе одговори. Си помислив дека има само специјален ориз за бебиња кога оно можело да јаде и басамати
Па од бел ориз попроста храна нема, нема зошто да не може да јаде обичен. Ама јас си купив во прав зошто далеку поедноставно е. Да спремам 50гр ориз 2 саата нема потреба. Освен компир и тиквица до сега се свежо сум давала, за 5 минути се спрема во блендер, обичен ориз дури и направам, можам цел ручек да спремам.
Некоја од вас погоре ја имаше споменато ноќната инстант каша на Хип со бисквити. Сега му ја донесоа на бебо мој, па го читам составот, нема шеќери пишува, ама може да има траги од јајца и јаткасти плодови. Па се мислам дали да му ја давам кога ќе почнам наскоро со вечера? Ја користите ли оваа каша за навечер?
Ја има ли некоја мајка користено палентата на Дивела? На мк декларација пушува дека е пченичен гриз,а на опаковката си пишува дека е пченкарен гриз,претпоставувам дека нашите направиле грешка,не е од пченица? Може да ја давам на бебе,нема глутен?
Јас го користам. Нема глутен. Овие нашиве декларации подобро да ги нема Еден куп збунки имав со овое жутавадодека воведам се по ред. Термините се ужас Него коа сме кај палентата, ова на хип палента всушност е нели? Ако не, што е разликата, ако е да тогаш зошто не ја пишува како палента?
И јас ја користам оваа пченка и се прашував истото. Колку можев да откријам, мислам дека оваа пченка е полуготов производ (со топла вода се спрема за 5 мин) и е со пофина текстура (мелена пченка), додека палентата треба да се свари за да се припреми и е малку покрупна (пак е мелена, ама не толку фино измелена). Не гарантирам дека ова е разликата, ама ова е се што најдов. По состав иначе двете се само пченка, така да јас од аспект на полесна припрема ја користам оваа на Хип. Штом ја потрошам, би купила обична палента.
Мајки дали може во тегличките од каша да се стават сезонско овошје со врела вода, дали ќе се вакумираат? Вака ќе имам точно за еден оброк секогаш.
Ко што кажа Спајди, ова е инстант каша, веќе е термички третирана па не треба да се вари туку само да се раствори во топла вода. Предноста е и тоа што оваа на Хип е органска. Слабо е капачето нема да ти вакумира.