Свеки правеше сос за мали во тегличките и сокчињата . И јас и се бунев оти безврска се капачињата и не можам ни убаво да ги затворам. Ама она ги имаше средено. Ништо не му беше, цела зима го користевме.
Јас лично немам пробано ама тие капачиња откако ќе ги отвориш потоа не ни можеш да ги стегнеш убаво, превртуваат Свеки твоја мора да е махер за пастеризација.
Баш за тоа и се бунев . И јас кога ќе ја отворам никако убаво не можам повторно да го навртам капачето. Викам џабе трудот ќе ти биде.
Не се толку проблем трагите колку што се полни шеќер Лино. Бар пред годинка избегавај ги. Јас дадов после годинка, знае некој да донесе на подарок па му ги давам. Бејби свеки вика само убаво затварање и после во топла рерна. Исто како обичен сос. А како успевала не знам, она вика затвараат. Пак и носев тура тегли, кога ќе биде готов од оваа сезона ќе сликнам.
Хехе епа ќе пробам да знаеш многу попрактично ми изгледа така. Ќе направам резерва големи ако се расипат овие
@duffi Па сега дека сум во Ск,па земав. Многу ја сака на Хип ноќната со бисквити и затоа мислев да проба.
Клучното вакумирање е рерната, со неа се дозатвараат тегличките, односно вакумираат Секако прво треба внимателно да се затворат и да нема никаков остаток на храна на навртките и кај капаче и кај тегличка, да не се преполнуваат. Ама приметив дека само првиот пат ќе е успешно, не сум пробала, но така ми стои, би требале нови капачиња @BabyT*
Кога почна да јаде парчиња, значи над година, во каша не сум мешала, па ми нема ни смисла да блендам маслинка Не знам од кога се, но чим маслиново се дава на 6-7м мислам нема фрка да се дава и пред
Јас не блендирам веќе, а имам едни мафини солени со маслинчиња се, јас обожавам маслинки, сакав да ги правам па ќе и дадам да проба. Баш земав несолени, зашо отров солени се солените маслинки. И јас со маслиновото споредив, ама викам ај да прашам.
Исто, неделно по 15теглички минимум собирам, уствари веќе почнав и да ги џиткам ми се смачи од миење, па и нема со што толку да ги полнам
Мајки кои давате оброк на бебиња 6+ колку давате количински? Синко е 6 мес и 10 дена,јаде еден оброк 130 гр,од малите теглички. Претходно јадеше половина тегличе и помалку,веќе 1 недела јаде цела. Јас сама му правам,не мерам на вага,туку ја полнам тегличката,па според тоа се водам. Ама бебе како да бара уште... еве сега изеде тегличка ипол. Да не е многу или да давам повеќе? Овошјето го сака повеќе и бара уште,зеленчук едвај ја јаде малата тегличка,а некогаш и ни останува малку. @Spidy знам дека вие сте како нас,колку јаде твоето количински?