Сега ја гледав кутијата, нема ад во него. Оризово брашно е само, а се приготвува со ад млеко посебно. Оризот го користам скоро 2 месеци без проблем, ад млекото нешто повеќе. Не сум имала проблем, нема променет вкус, го пробувам на секоја припрема. За 3 недели ориз и млеко нема да ги потрошам дури и секој ден да давам оброк од нив, така да планирам да си ги употребам до крај, освен ако не приметам промена во вкусот (да се расипе).
Секогаш свежо сум давала. Овошјето никогаш не го обработував термички пред да го дадам. Јас само претпоставив дека има, поради тоа што е нагласено дека треба да се искористи во рок од три недели, оти обично и за ад млекото нагласуваат така. Инаку не сум давала таков ориз, немам поим што содржи.
Има логика, и за млекото јасно ми е зошто е така, сепак има чувствителни состојки (иако и тоа еве си е добро подолго време кај мене, го користам само за каши и затоа слабо го трошам). За оризот кога веќе е само ориз по состав, не видов причина зошто да го фрлам, и затоа од искуство кажувам дека нема проблем да стои.
Јас сум Мојот парач има додаток (обично пластично садче) во кое се става ориз, вода, макарони и вода и се пушта парачот. Одлично излегува.
Сите овие дехидрирани каши во кутија имаат рок на траење три недели, поточно тоа се препораките, без разлика дали имаат млеко или не. И адаптираното млеко има рок од 3 недели, веројатно е некој поставен стандард до кои мора да се придржуваат компанииве, а не дека после тоа е расипано. Јас ги користам и подолго, додека не ги потрошам, значи барем дупло подолго. А адаптирано млеко сум го фрлала после месец дена ако е отворено, само за него ми било шубе да давам. Ти одлучи си како ќе правиш.
Фала чим повеќето го користите подолго, не го фрлам ни јас. На темно и суво место е ставено па ќе видиме.
Мајки неколку прашања: 1. Прво кашички дадовте или сокчиња? 2. Бидејќи сега е сезона на кајсии и праски, а уште не сме почнале дохрана, можам ли да замрзнам па да си имам за од есен па натаму? 3. Во соковник исцедив кајсии, сокот го ставив во тегла, растворив со вода, 3:1и ги вриев теглите. Ова планирам како сокче да го давам зимоска. Во ред ли е? 4. Кога ќе почнам со дохрана, а тоа е за месец отприлика, дали се термички да обработувам? Овошје и зеленчук? Прашувам за искуства бидејќи сите околу мене ме прават мрдната зошто бебе ми е само на доење а има 5 месеци и како тоа не сум дала ни сокче од јаболче ни сокче од морковче. А да не зборам за свекрва, мајка и други тетки стринки кои само чекаат да се авртам за да му дадат нешто на бебето да врти низ уста. Ете најново штом го мачат забите дај и корка леб за да си ги трие непцата