1. Прво дадов кашички, почнав со зеленчук. Сокови уште не давам. 2. За замрзнување не знам, јас веќе дадов праски и кајсии, 6м е. Најубаво нека ти каже некоја друга мајка 3. Веќе си направила, ама зошто би давала сокчиња макар и домашни? Најубаво е да се научи дете вода да пие. Мојата тешко и одеше, признавам неколку денови и давав чајчиња ама сега се научи и вода си пие. Не ми е во план наскоро сокчиња да давам. 4. Јас варам само зеленчук. Овошјето го давам свежо. Јас почнав со дохрана на 5м.
За прашањата немам искуство ќе се водам по ова за исхрана може ќе ти се допадне вооглавном се исти препораките и за Европа: http://conditions.health.qld.gov.au...introducing-solids-feeding-from-around-6-mont На месец дена се воведува втор оброк. Се почнува со ручек зеленчук со месо (4 до 5 пати неделно) во следниот сооднос: 90 грама зеленчук, 40 г компир и 30 гр месо. Babys Körper kann das Eisen in kleinen Mengen besser verwerten, als wenn man beispielsweise nur ein- bis zweimal die Woche eine große Portion Fleisch gibt." https://m.baby-und-familie.de/Beikost/Welches-Fleisch-fuer-den-Brei-513495.html “Бебешкото тело многу подобро го апсорбира железото во мали количини отколку еднаш до два пати неделно во поголеми количини”. Земав уште две мислења од педијатри и решив цел 6ти да биде само на мајчино млеко иако препораката од матичниот е дека е спремна за дохрана ( може да седи, стабилно го држи телото и може да голта). Од 01 Август стартувам официјално со морков пасиран три пати на ден по две три лажички и остали зеленчуци. Компир втора недела заедно со лажичка масло ( рапсоил https://www.google.de/search?q=raps...hUKEwjXlZKO1MHjAhUQYVAKHfIXBtoQ_AUoAXoECA4QAQ ). Трета недела месо и четврта риба два пати во недела во замена за месо. Свинско се дава од шест месеци заедно со телешко, овчко, пилешко и мисиркино. Исто така и риба. Морски плодови се покасно. Месото треба да се воведе во 4та недела од кога ќе се почне со дохрана бидејќи е извор на железо. Ако некои се вегетаријанци или едноставно не сакаат да воведат месо веднаш замена за железото во месото растителните извори на железо морков, спанаќ и овие две (https://www.google.de/search?q=kohlrabi&ie=UTF-8&oe=UTF-8&hl=en-de&client=safari) https://www.google.de/search?q=fenc...gycHjAhUGuqQKHUCGDxMQ_AUIFSgB&biw=414&bih=719 не знам на мак како се викаат. За да се врзе полесно железото од растителниве единици потребно е да додадете витамин ц кој го има во ацерола-цреша, сок од портокал или https://www.google.de/search?q=schwarze johannisbeere&client=safari&hl=en-de&prmd=isnv&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwjl4vfGysHjAhXJyaQKHWNUAfAQ_AUIFSgB&biw=414&bih=719 Порано пред 15 години свинското месо се воведуваше од +3 години. Денес тоа не важи и се воведува исто како и останатите. Впрочем кој какво милува ако бебе не јаде телешко имате избор во секој случај.
Ако навистина имаш потврдена дијагноза за атопичен дерматит не ни смееш да помислиш да му дадеш кравјо млеко. Реакција ќе биде проширен и вцрвен дерматит по телото кој многу чеша. Нешто слично такво се случува и од глутен.
Абе мојов на 3-4 месеци имаше и на темето на главата себороичен дерматит, тоа било еден вид атопичен дерматит и дека беше само на доење јас два месеци исфрлив од храна се што е алерген, ама пак му се појавуваше на лицето и малку на рацете, срека на главата нема пак. Инаку само од скендер му поминува. Дадов неколку пати од млечната каша, ок е. Мене затоа ми беше и страв и адаптирано да дадам, само да не има некоја реакција, ама да не го подречам добар е. Валда дека е така белко и има нежна кожа, може па од мојте хормони, којзнае...
Јас некаде на 7 ипол, 8.м и имам дадено лубеница така да лижни, мн и се допадна, ама ми е страв да давам повеќе оти е тешка. Искрено мене ми тежи стомакот од лубеница.
Јас се водам според бебе готвач,поради тоа што матичната не ми дава конкретни насоки за тоа што треба бебе да јаде,вика може се да му давам. Овие други табели што ги има на нет,читав дека многу од вас не се согласуваат дека се исправни и дека се сите различни. Некако по споредување видов дека она што е пишано по месеци во бебе готвач е најслично со она што ве советуваат педијатри или како што повеќето им даваат на децата за јадење. Иако свесна сум дека не се стручни,туку се мајки кои решиле на тој начин са заработуваат. Ама некако најпрегледно ми е за воведување намирници по месеци. Што е поразлично од она што вас ве советувале педијатрите,има ли намирници кои се лошо распределени по месеци? А дека се претерува со демек давањето здрава храна,се претерува.
Не дека има нешто многу различно. Книга ко книга е океј. Супер помош. Али проблемот е во мајките кои ја имаат напишано, премногу строги правила во нивната група. Одма бришат, банираат или те прават немајка ако не се согласуваш со нив. Па оттука е створена и одбивноста спрема групата и самата книга од нив. За нив најголемо зло е да почнеш со дохрана пред 6 месеци, а еве скоро сите овде почнуваме на 5. И јас ја имам книгата и си гледам по табелите ама не строго строго најстрого по тоа како што они сакат да биде. Еве на 7 месеци му дадов и диња и лубеница. Глутен исто почнавме во 7ми месец. Да кажам такво нешто таа група ќе ѓе каменуваат. Ај остај што јас ќе испадне дека не си го сакам бебето него и други ќе наведувам на грешки Значи во голбала се океј табелите. Нека ти служи како помош али не и како 100% водич. Јас лично добар дел од намирниците ги воведов порано. Поради железото педијатар ми кажа жолчка од 7. Таму е од 9+ мислам... И знаеш на почеток е така збунка што да дадеш, што смееш што не. После си влегуваш во шема и нема да погледнуваш табели ќе си следиш по бебе. Чат пат за нешто ќе побараш тука совет и така...
Јаа би дала да лизне, да вкуси, во мала количина. Ипак се сега сезонски и најубави. Другата година ќе лапка на велико
@happygirl по колку грама му даваш телешко? Прашање за сите 7+ месеци е сакам да почнам со месо, телешко имам и незнам по колку грама да го замрзнам за да си имам Планирам од утре да го почнам.
Педијатарот мене ми рече прво два дена водата од месото да ја дадам со некој зеленчук, после 50гр месо во оброк, и јас сварив и замрзнав коцки месо со отприлика таа грамажа. Ке почнам кај и да е деновиве да давам.
Педијатарот ми рече да му давам месо колку неговата тупаница, отприлика 50-70гр. Живо го сецкам на ситни коцки и го мрзнам, па варам секој ден скоро. Многу повкусни се кашите со месо отколку посни.