@duffi Ај едно бош прашање Ставив овошје во тегличките од кашите ставив зовриена вода и ги ставив во релна. Е сега некој капачиња стоат цврсто а некои кога ќе стиснам прават "пк" одозгора . Ако ме разбра нешто Тие значи не се вакумирани или нема врска.
Во Андреа месото од каде го носат дали знаеш? И кои денови има бејби телешко? За Веро тафталиџе знам понеделник дека беше , ама незнаев дека е увозно
Мајки кои намирници ги избегнувате од кои може да има бебе тврда столица? Јас банана еднаш дадов веќе никогаш. Други некои? Морков и компир читав ама немаме проблем од нив. Ориз не сум пробала да му дадам исто читав дека ја стврднува столицата. Иначе и модри сливи имаме на мени секој ден (во каша или во она цуце со дупчиња му ставам парчиња и така јаде). Некој совет плус исто така е добредојден.
Јас ако давам некоја намирница што праве запек, утре одма слива или праска давам и ок е. Убаво е се да ручка.
Дали воведовте втор оброк откако бебе почна да го јаде цел прв оброк или нема врска. Има 1 месец како бебе јаде,ама ретко јаде цела каша домашна од малите теглички,некогаш изеде цела,некогаш повеќе од половина. Може ли да му воведам втор оброк или да чекам уште? И кога ќе престане бебе да сака да јаде,продолжувате ли да му давате со залажување или не? Синко затвара уста,врти глава лево десно и почнува да плаче. Ништо не го залажува,па престанувам да му давам.
@hello-kitty.90 Втор оброк воведов некаде кај 7м, иако исто некогаш не го јадеше појадокот цел.. И давам колку сака, кога е најадена ја затвора устата и ја врти главата и не и давам повеќе.. И нас кога не ни се јаде не би ни било убаво некој со сила да ни дава нели.. Некогаш повеќе некогаш помалку си кажуваат кога им е доста
Не избегнувам ништо, на моето компир и морков му прават тврда столица, ама утредента одма давам за појадок сливи, круши, авокадо или праска, и ќе го протера во текот на денот. Гледам да прима се од зеленчук и овошје. Втор оброк воведов месец дена после првиот, моето јадеше за појадок по цела голема тегла овошје. И сега јаде по 200гр овошје со житарки насабајле, а ручекот некогаш 200гр, некогаш 150гр. А еве денес на пример не сакаше ни да го помириса ручекот, зависи како е расположен. Не му бутам со сила, моето ја затвара устата и крај, колку јадел толку. Почнува да плаче и го кревам од хранилката. @Gaga.sk денес воведов диња со авокадо, банана и жолчка, бебо се изручка и беше вкусно. Утре планирам да дадам диња, праска и овес.
@happygirl да и јас сакам се да јаде но во каша еднаш додадов третина банана, многу плачеше не можеше да се искака и целиот беше исплашен затоа не сакам пак да се повтори така.
Дај му позрела банана, мека да е. Лушпата да има црни точки. Бебо мој никако не сака брокула, карфиол и спанаќ. Блитва успевам да му подметнам по еден лист во кашата, ама овие другите нема шанси. И затоа основата еден ден е ориз, наредниот компир, а и во двете ставам секако по малку морков. И мислам дека се едни исто јадења му ги давам за ручек, само со различно месо. Давам и пиперка, кромид, пашканат ама по малку од нив ставам. Не знам што друго би можела да му давам за ручек (на 7+)?
Црвена леќа можеш. Домат ако не си вовела дај додека е сезона и има убави. А јадењата тие се. И мојот се едно исто јаде. Пченка со ориз , грашок морков -ризи бизи јас му викам со кисело. Компир манџа Спанаќ
Имам дадено и домат. Грашок, леќа и боранија не сум уште дала. Леќата колку време се вари? Се фрла ли првата вода? Може смешно е, ама манџи не јадам и не сум готвела до сега.
Кратко се вари. Пола час. Додади лукче и домат за вкус. Убаво е . Иако мојот не ја сака. Можеш да дадеш и грашок и боранија.