Да не се осеќаш осамено, и јас немам направено манџа во животов. Маж ми нејќе манџи и не дојде ред или потреба да научам. И јас сега со бебе ќе вежбам како се вари грашак
@happygirl nemase maka od dinja? Jas planirav da davam i lubenica i dinja sega koga odime kaj mojite vo Srbija. Sezona e i mislam deka nema da im smeta. Sekako nema da izjedaat kilo
И јас на малото се учам. На почеток само сецкав зеленчук и варев се. Сега му попржувам малко кромитче, па ставам останатиот зеленчук да се вари. А кога беше колку твојот, ако ставаш месо прво месото да се свари. Последниот пола час-45мин останатиот зеленчук. Грашок, морков и компир им ставам . Исто и сос од домат или домат свеж за вкус и боја. На крај доматот и компирот можеш да ги извадиш да ги испасираш и пак вратиш назад за густина да добие манџата. И маслиново масло при блендирање или на крај.
Добро е, не сум сама значи Искрено, освен грав и турли тава, ништо друго од манџи не јадам и затоа не ги ни готвам. Мм исто така не е голем љубител, па ако некогаш сака, си порачува кај мајка му да му прати кога готви таа за нив. И така, врска немам од манџи.
Не, немаше мака со мешето денеска. И 3 пати дури се искака, од авокадото Ќе го видам утре во комбинација со праска и овес како ќе јаде. @duffi фала многу, си направив скриншот Варам телешко месо инаку да, па во таа вода додавам зеленчук пред крајот. Грашок замрзнат ли се дава?
Овој го давам Овес и пченичен гриз давам од глутенските. Мислам дека видов во Грин Хаус пиљарите, да провериш таму.
Овие Холе производи каде ги има? По маркетиве не сум ги видела, да не се само во ДМ, или не се воопшто во Македонија?
Здраво мамички,читав низ странициве Ама сепак ке побарам помош.. Бебето наредна недела ми полни 4месеци,тројца педијатри ме советуват да почнам со воведување на цврста храна зошто бебето од првиотДен ми е на ад и тоа анти рефлукс заради поврајкање а инаку супер напреднува. Ве молам за совет зошто едниот педијатар ми вели да почнам со овошје па потоа со зеенчук,другиот ми Вика да давам мешанона пример овошје три Дена па после зеленчук три Дена и така да воведувам а третиот замислите ми Вика да давам од старт мешано овошје на пример од страт јаболко со слива и морков и тоа колку што сака да јади,исто така и за зеленчук.Попара ми е во умов.Со што да почнам и што да давам Се извинувам за долгиот пост
Одам утре и по овес и по гриз, да имам што да комбинирам и за вечера оти нешто не ми ги јаде баш млечните каши
Јас така му давав, никогаш 3 дена не давав исто, по 1 или 2 дена, јаболко прво, па после морков, па јаболко и морков, па ориз иј банана (купечка од Хип во кутија) па банана, после компир, па просо.... значу јас скоро секој ден различно давав, исто мешано овошје па зеленчук, немавме никаков проблем
Јас дадов прво јаболко, потоа морков, круша, брокула.. Воведував едно овошје, едно зеленчук. Прави како мислиш ти дека треба, секој различно кажува.
Фала ти ама мене ми вика едниов педијатар без ништо да имам воведено наеднаш да дадам во еден оброк мешано овошје, тоа ме збуни а читам членки е не прават така