Фала, и јас мислев да почнам со јаболко да давам два три дена па потоа зеленчук и така наизменично.. Кои намирници први ги воведовме?
Најдобро е 2-3 по неколку лажички, бидејќи секое бебче различно реагира. Пример мојата првите денови многу плачеше и ја болеше меше, потоа се навикна.
Од другата недела здравје ќе почнам по малце, а првиот ден дававте по неколку лажички и наредните денови од истото колку сака?
Ќе следиш бебе, како што ти кажав ние имавме проблем со меше и јас давав овошје и зеленчук 3 дена, прв ден 3 лажички, втор ден 5 и трет ден 7,не е некое правило само така накачував за да се навикне. Вие сте 4ипол месеци, ако нема некоја причина за одма да почните со дохрана, давај неколку лажички само.
Ние наредна недела правиме 4м..бидеќи е на АД од раѓање и тоа на анти рефлукс бидеќи многу ми повраќање затоа ми рекоа да почнам инаку др причина нема. Супер напреднува
Јас од 4 и пол почнав, напредуваше над просечно само на доење беше, моево сакаше да јади и му давав дури бара секое различно е. Се случуваше ноќе повеќе да прди првите денови, се навикнуваше на новата храна ама немаше грчеви, не плачеше.
Не дека е крај на светот да дадеш повеќе овошја наеднаш, ама ако има било каква реакција нема да знаеш од што е. А и желудникот треба да се навикне на секоја храна, може меше да го боли од многу нови работи. Затоа е полесно едно по едно, не мора три дена секое, јас првите 2-3 јадења ги давав по три пати (зошто имаше реакција на компир првиот пат), после како ќе ми дојде. Може секој ден нешто ново, може три дена да не дадам ништо ново.
Јас пред некој ден дадов диња не јадеше многу дури малку изеде но потоа многу плачеше мислам дека беше од дињата бидејки наредниот ден дадов пак и пак исто плачеше од мешето јас ке почекам со нив малку
И јас и дадов да пошмука од парче лубеница неколку пати деновиве, не баш да јаде, само гмечи со жлебините и го шмука сокот. Скоро 6ипол месеца е. Не приметив да има некој проблем, ама не сакав да и давам многу, само да проба дека сега е сезона.
Може ли некоја мама да ми каже што дава за вечера,што комбинира. Сакам денес да дадам прв пат кисело млеко со палента. Од кое кисело млеко и палента да земам? Бебе е 7 ипол месеци.
Овес/пченица/ориз/пченка со вода/мајчино млеко и малку овошје за вкус. Млечни производи уште не сум дала, но планирам од истите јас што ги јадам, битолски јогурт и кисело млеко.
Кисело млеко Алпско давам, а палента од ДМ купувам на Био. За вечера давам млеко АД и бисквити Лобело, просо со овошје, палента и к.млеко, гриз и овошје
Јас му дадов од 7+ нема забче ама ги топи во уста. Особено кога патувавме спас ни беа. Супер одговор,фала ти.
Не знам зошто таков совет ти дале педијатрите. Моето искуство е следно: на ад ар формула од раѓање, пробување вкусови некаде пред шестиот месец, на шест месеци веќе воведов прв оброк. И покрај тоа што беше на цврста храна, пак повраќаше. Рефлуксот се среди некаде околу осмиот месец, тогаш и го сменивме млекото. Јас почнав со овошје, после зеленчук.
Ти благодарам за искуството.. И јас незнам зошто ми препорачаа така, можеби и затоа што почна да не ми го пија како порано. Пијаше по 150мл на 3ч а сега на 4ч по 90мл одвај до 120мл и пак повраќа.. Ама сепак добро напреднува.. Ние користиме Новалак АР, вие што користевте?
И мојата менуваше, некогаш почесто бараше, некогаш не. Ар млекото е погусто и ги држи повеќе, барем јас така заприметив. На почеток пиеше Хип, ама ѝ правеше проблем со стомачето, па ѝ сменив на Аптамил. Важно е да напредува, ако повраќа. И внимавај, обавезно да спие на подигнато душече.