Истиот совет го добив и јас. Трошки леб со јогурт,ама не сретнав тука напишано дека на некого му дал педијатар таков совет, а обично мојата се така нркои чудни совети ми дава па затоа не сум баш сигурна. Ама, млечно сеуште немаме воведено,нели во 8 месец се дава млечно?
Јас од полни 6 дадов млечно, и глутен, лепче и киесло млеко. Не чекав, немав потреба. Ако има реакција, ќе се јави, небитно кога си дала.
И јас дадов глутен на 7+. Почнав со овес, во кутија на Холе. Потоа дадов и гриз. Леб уште немам дадено, оти моево не јаде ако не е блендирано. Не давав по 3 дена, по еднаш само и потоа си продолжив.
А со тој гриз со бебе на него се смета дека има пробано глутен? Јас незнаев и и го дадов на почеток на 6м.
Незнаев јас. Имам читано дека ако даваш порано дека се појавува потоа интолеранција има врска или не е точно?
Нема врска кога ќе дадеш. Ако организмот го има генот и се активира, интолеранција или целијакија ќе се појави секако. Дури и после година ако го дадеш.
Јас му имам дадено јогурт и леб попара на 6 месеци Едит: секогаш ми е попара со јогурт План В (ако не ја јади кашата за ручек) тоа е најбрзо за правење ама ретко е тоа 1 или 2 пати досега
Денес дадов за прв пат палента и кисело млеко и не ми го прифати,се мрштеше плукаше како да му се гади. Кисело млеко земав алпско и како покиселко беше изгледа. Кое е поблаго кисело млеко?
Исто и мене Само што нас палента и кисело млеко ни е секогаш план Б, ете некни не сакаше да јаде леќа, па се изнакрка палента. И јас користам алпско и мислам дека е најблаго Да пробаш битолско евентуално.
Јас битолско му давам. И мојов со мрштење ја јади палентата, ама ја јади можеби структурата не му се допаѓа, ќе се навикне. @sweet.november од кога почнавте леќа да му давате? Моево ескоро 8м, сакам да му дадам црвена леќа.
Како бе вака Едно е да кажеш не ми се свиѓа, не го сакам, гадно МИ е... Ама ваков ептитет на јадење.... Мене не ми е гадно воопшто. Се давам во цвекло и свежо и приготвено. Исто и мое бебе. И овошните каши ми ги јаде повеќе ако има цвекло. Ние го воведовме на 7+. Свежо, блендирано @lackygirl црвена леќа исто дадов 7+, 10тина дема пред да наполни 8...
А што ви е со лекцииве за финоќа на форумов? Остави го девојчето како сака така ќе се изразува. Не требало гадно е, требало не ми се свиѓа или гадно ми е, Блаже ти ли си? Да не бидам оф топик тиква или тиквица повеќе ви јадат?
Тиквица моето повеќе сака, скоро во се ја ставам. Тиква свежа нема и не сум му дала уште, ама таа на Хип што ја проба не беше воодушевен. А и мене тешко ми мирисаше искрено.