Исти сме и ние. Кесело млеко и јогурт само со овошје комбинирам за да го јаде. Поинаку не сака. Сватив дека уствари не сака киселкаст вкус. Јогурт идеал шипка или алпски давам. Вчера јадеше авокадо, банана, диња и две лажици јогурт. Се изнајаде
А ти шо не ме оставиш мене да се изразувам како сакам? Па ми даваш лекции по финоќа? Остави ме како сакам така ќе си пишувам. Не е културно за нешто некој што го јаде ти да велиш гадно е. Може да не се свиѓа нешто. А не да кажуваш дали е гадно. Каков збор е тоа...гадно. Гомцата на бебињата ги опишувате па не велиме гадно. Ама цвеклото гадно било. Култура е во прашање. Не финоќа
Тиква на почеток многу сакаше ја мешав и со овошје и зеленчук,со неа ми пројаде,а сега тиквица многу сака и повеќе е по зеленчукот
@happygirl Сликни ми ја кутијата од Хумана да видаш која е да пробам и јас. Јас давам од кутиите на Хип што се мешавина,со вода му го мешам и ги јаде. Ноќните на хип ги тамани ама па неможам секој ден не ми искача никако рачунот, 73 денари се.
Која цена е? Нема да одам јас па да знам колку да земам. Си јаде и баткото мој,највеќе ја сака ноќната на хип со бисквитка што е.
Ич не се сеќавам на цената искрено, оти кога и да одам во Зегин земам и пелени, и тегли каши, и кутии вакви, и уште еден куп работи, па без 2000ден не поминувам
Ехе колку пати ќе влезам само за една кутија овес на пример, а ќе потрошам 5 пати повеќе Мм ми вика дај јас ќе одам да пазарам, што ми кажеш тоа ќе земам, а не плус 200 други работи
Кромид,пиперка од кога може да се даваат? Или, дајте идеа што можам друго да дадам. Ќе полниме 6 месеци за неколку дена. Детето само си кажува кога е спремно за воведување цврста исхрана. Досега имам дадено јаболко, слива, банана, морков,компир, ориз,тиквица, (ориз,тиквиц и морков заедно најомилено нешто и е), лубеница, има пробано краставица (преминијатурно парченце), има лизнато на три пати до сега од киселото млеко додека јадеше мм. Значи седнува на маса, те гледа во очи како јадиш со виљушка/лажица и мљаска со муцето. Како да не проба? Патем, месо од кој месец се дава?
Јас и дадов на 6м кромид со компир и морков. За друго ти си знаеш, мајка си, јас сум многу против на тоа малку да проба детето од искуство на близок мој. Детето од се што пробуваше не јадеше на крај неговото. Ти одлучи си.
Кромид и лук на 6 месеци дадов, а поперка на 7. Можеш да дадеш брокула, карфиол, тиква, круша, кајсија, праска.