Давај се што е сезонски месо од 7+ му дадов а докторката ни рече од 6 да му давам, жолчка од 6 му дадов. Можиш и кромид и пиперка, исто и јас му давам да лизне ако јадиме нешто. Палента со жолчка, лепче со јогурт попара.
Ние веќе имаме еден оброк за доручек јади овошна кашичка, јаболче, слива, круша и комбинираме. Сакав да ве прашам што да давам друго, дали можи ориз со комбинација од овие работи? Или некоја житарица? Инаку сме 5 месеци и планирам уште малку да започнам со пробување зеленчук за ручек
Месо се уклучува од 6+ поради железото кое се намалува од шестиот месец во мајчиното млеко. Не е драстично намалување али сепак мора да се воведе веднаш храна со железо. За да се тоа фино се избалансира до 8от месец, каде ќе стане неипходно. Не мора ни месо да е ако не сакаш. Можеш растителни со сок од портокал ( ц витаминот го врзува железото во крвта ). Негде поназад на странице пишував кои растителни единки мора да ги прима ако не го внесуваш месото.
Кај мене 2 или 2 и пол саата по подој.Ако не е гладна на 2 саата по подој, чекам пола саат и пак нудам и обично си ја изедува.Еден саат по јадењето обично цица и заспива.Отприлика е така. Инаку има 3 оброка и јаде малку повеќе од малите теглички.Не ја форсирам, колку сака-толку јаде. Некогаш јаде помалку кога ја мачат забите, ама на сила не бутам.
FreeMind ние некаде тука сме со бебињата на моето му давам да цица секогаш кога ќе посака инаку имаме два оброка една овошна и една зеленчукова каша и двапати адаптирано а за цицање веќе и сам бара
На почетокот цицаше одма после јадење, бараше сам, потоа со тек на време почна после пола час, па сега после 1 час, а воедно и со тоа цицање заспива. Доручек 9,10 ручек 3,4ч и после до заспивање само цицање кога и да побара Денес му дадов црвена леќа (малку запржив кромид, морков и патлижан, потоа леќата ја сварив и му го додадов зеленчукот,а на страна сварив и еден компир, потоа се заедно блендирав) точно 190г беше и цела ја изеде и тоа со мерак, да имаше уште ќе пријадеше
@FreeMind моето цица 2/2.5 саати после оброк. Денес успешно воведена боранија, цела каша ја изеде, ама беше вкусна стварно. Следна на листата е црвената леќа, да видам дали ќе ја јаде.
Очекував да има гасови од леќата, но немаше, слободно дај му Јас па боранија не му имам даено, јас не јадам, не ја сакам, можи затоа иначе како му ја направи? Варена само? Дури пишам сакам да прашам за грав, една другарка од 6,7 месеци му дала на бебето само од водата незапржен грав со лебче попара, кога го воведовте гравот?
И јас не јадам боранија, ама вака во комбинација со малку компир, морков, кромид и телешко вкусна беше кашата Првин проври боранијата 10тина минути, и таа вода ја фрлив па ја ставив во нова вода да се вари заедно со компирот, морковот и кромидот, се наеднаш. На крајот изблендирав се со месото и додадов маслиново. Едит: јас за грав ќе почекам малку, мислам дека му е рано уште.