Да дадам прво телешко или јунешко? Татко ми ми донесе многу убаво јунешко ама незнам дали сега да го дадам.
Јас почнав со јунешко. Истп така во моментот имав убаво јунешко, а за домашно проверено телешко требаше да почекам уште две недели и првите 5-6 пати пд воведување дадпв јунешко. Па после телешко. Сега давам кога како.... Инаку почнав со месо на 7+
Може има пишано,ама не можев да најдам. Тиквица свежа или варена да замрзнам? И после колку време може да се користи? Едит: сеа видов дека ја утнав темата Ај ако види некој нека пише.
Тиквицата би се разводенила многу. Не знам како би била замрзната. Ама ако решиш да замрзнеш подобро свежа
Јас од 7+ јунешко му дадов, телешко нр најдов, од прво 2,3 пати по пола тегле јадеше околу 90 до 100г, вчера 190г ги изеде 6+ жолчка 7+ месо јас вака дадов како е правилно незнам, бидејќи јас не одам по правила
Majki vi se ima sluceno da vi pokaze bebeto reakcija na nekoja hrana? Jas vcera i deneska mu dadov na maliot sliva i dvata pati mu se pojavi nekoe crvenilo okolu ocite i posle 10 min se povlece samo i sega vistina sum zbuneta dali e toa znak na alergiska reakcija ili ne
Направи пауза од барем недела дена и дај му пак. Ако во меѓувреме не се појави црвенилото, а се појави откако ќе му дадеш слива, можно е да е алергија.
6+ со ориз, исто и со компир е мн убаво, ама јас секогаш ставам по 3,4 намирници. Блитва+ориз+морков+кромид Блитва+компир+морков+тиквичка Исто и жолчка ставам.
Еднаш имам и жолчка ставено, јадеше и така, ама обично без жолчка ја давам. Јади се мојов не е пребирлив фала Богу
Мислев дека нема да имаме проблеми со јадењето,со оглед на тоа што секогаш чматкаше со устата кога не види да јадеме и се тегне по храната. Во почетокот јадеше убаво,некогаш цела,а некогаш малку му остануваше. Таман помина скоро месец од воведување прв оброк и сакав да му воведам втор,ама тој намали многу со јадење. Ај мислев ќе потрае некој ден,па ќе почне да јаде,ама не. Еве поминаа скоро 2 недели,веќе 7 месеци наполни, тој има еден оброк и тоа едвај пола мала тегла јаде. Пробувам секакво,и потопло и поладно,и разни комбинации,па ај тоа што сака да јаде,обично праска и палента убаво си јадеше,авокадо,просо и кајсија,ама сега и тоа не сака. И песнички пуштам,и со играчки,и јас зборам,пеам,тропам,ама затвори уста и неќе да ги отвори,врти глава и удира со раче по лажичката. А вака кога јас ќе јадам нешто обавезно ми ја фаќа раката и влече накај него и тој да проба. Пробав и пасирано и блендирано,никакво не сака. Стварно нз што да правам Читам на сите бебињата ви јадат,а моево само млеко сака. Еве денес му давав доручек,7-8 лаж едвај изеде,ај викам ручек ќе му направам,го чекав да изгладне и му дадов,пак 7-8 лаж изеде. Се тегнеше да му дадам да цица,не му давав,па се налути,почна ептен да плаче,цел се вцрви и му дадов. Поцица малку и толку беше. Има ли некое чаре? За упорна,ептен сум,ама не помага,запечати уста и ја отвара само за да врисне,ако пробам да му протнам,ни со игра не се залажува. Има ли некоја вакво бебе и како се справува,или пак некоја ако имала вакво искуство да ми каже што да правам. Знам @Milaаа991 се жалеше дека детето ти е нејадач,да ми дадеш некој совет ако постои и колку јадеше количински твоето? Останатите имате ли такви периоди со нејадење?
Оф душо добродојде во тимот. Имам некои мали трикови кои ми помагаат, ама не секогаш. На пример ако не јаде овошна каша, додавам банана и јаде така. Во ручекот додавам лажица кисело млеко, во последно ако има телешко исто јаде. За вечера не сака никаква ноќна каша од готовите или инстант, ама затоа обожава палента или овесни со кисело млеко. Јајце во каша не јаде, ама затоа си ја јаде цела жолчка со сласт ако и ја давам додека јадеме ние така само жолча си прсти раздвоена, мисли јаде од нашето. Исто и оваа се тегне по се ние што јадеме, секогаш мисли нашето е повкусно и безрезервно отвара уста на тоа. А штом ја види нејзината чиниичка и лажичка зачепува уста, па скептично лижнува и ако и се допадне јаде. Ако не плука, ми ја зема лажичката, врти со главче и на крај вришти. И толку се откажувам. Количински јаде секогаш различно. Има денови кога едвај 2 лажички, а се има случено да изеде и 240 грама. Додуша тоа беше еднаш ама ете дочекав и таков ден. Вчера ете само на појадок убаво јадеше 200 г, потоа за ручек и вечера едвај по 5/6 лажички, денес обратно. Секој ден нова авантура. Денес едно пали и таман мислам сум научила како сака, таа сменила нешто ново и пак во круг. Веќе отрпнав и не и се стресувам. На почеток ептен нерви кинев и на сила и буткав и вратот полн каша. Мм се смееше битно чиничето да ми било празно. Потоа увидов дека тоа не е начин. Се тешам дека до 1 година сепак млекото е главна храна, друго се е ДОХРАНА и дека сеуште се учи да јади и запознава вкусови. Сега сум загрижена крвната слика да и е ок, деновиве треба да и проверам. Ако е и она ок, ветувам дека веќе никогаш нема да трауматизирам дете ма сила да ранам. Јас имам такви трауми од моето детство.
Не за друго, не јаде моето зеленчук ако нема месо Па затоа жолчката ја давам со банана, или палента и круша, во блага варијанта. А нели не се меша жолчка и месо, и затоа не можам да му ја ставам во зеленчуковите каши. Моето не се подава по јадењето додека ние јадеме, само ако пијам нешто јас вода/сок, пружа рацете кон чашата ама џабе му давам кога не пие Сака само да ја дофати чашата изгледа. Затоа и не знам кога да почнам со храна за прсти, сам да фаќа? Имам бисквити на Ло Бело, кажете како ги давате, во какви каши ги ставате? @hello-kitty.90 те читав погоре, и не знам што совет да дадам. Бебо мој јаде по 200-230гр отприлика насабајле доручек и навечер ноќно/инстант каши, а за ручек помалку, од 150-200гр. Го залажуваме со играчки, да фаќа нешто, да држи во раце. Ама кога не му се јаде и тој затвора уста и крај, што сакаш прави не ја отвара за да јаде. Јас пак се секирам оти 5 дена во неделата јаде месо за ручек, инаку не ми ги јаде посни зеленчуковите каши, и два дена жолчка. Кога давам жолчка цел ден е на 'благо' всушност, нема зеленчук тие 2 дена во оброците. Арно вели Мила, ако кс им е добра, нема потреба од грижи. Уште нешто да прашам, @Spidy @lackygirl лубеница со што давате? Диња дадов со банана/авокадо и овес. Лубеницата нели се прави како вода кога ја изблендирате?
Авокадото со што го искомбиниравте? Да не е компир, а да е со зеленчук? До утре една недела дохрана. Можам да кажам дека воопшто не е воодушевена од зеленчук. И оди многу тешко. А јас имам голем проблем со храната нејзина имам нагони од пасирана или блендирана храна и не можам никако да и ги пробувам комбинациите кои ги правам. Или од кашичките купечки дали се во ред, тоа не го можам. Ајде сега само ручек татица ја рани и пробува, а после со појадок ќе биде забавно. Ќе сврти изгледа веднаш на бурек за појадок