Од лубеница само како сокче му да дадов, ја изрендав на ренде и после ја цедев ама одвај 60мл испи оти не пие сокчиња, а и со шише мака мачиме (знајш и сама) диња денес ќе му давам како оброк со банана ете ми даде идеа, иначе имаше само така пробано само дури јадиме ние И ние имаме периоди, денови кога помалку јади, кај мене па ако е посен зеленчукот одма го јади за 10мин цела тегличка од 190г, а со месо или жолчка јаде 40 мин и пак ја јади скоро цела таа од 190г. Некни сите јадевме и него го седнав до нас и одма ја изеде леќата (нормално на крајот сама останав да јадам на масата како и секој ден ама битно тој јадеше). Изгледа сакаат да седат со нас на маса, пробај така @hello-kitty.90 можи ќе ти успее. Мила моево секој ден банана јади
Јас авокадото го правам со јаболка, банана или праска. Мене не ми беше вкусно со авокадо ама она го јадеше.
@FreeMind авокадо со морков. И јас имав нагони од пасирано, па пробував пред да пасирам. И мене ми беше тешко и на некој начин чудно со дохраната на почетокот.
Ај да го напишам и нашиот проблем за 10тина дена праве 7м. Е сега имаме појадок кој некогаш го јаде цел а некогаш само 5-6 лажички, и плус никако не отвара уста за јадење до 10-11.За скоро треба да почниме и со ручек и ќе ни биде многу наблизу појадокот и ручекот. Дали ако го давам кај 3ч е доволно простор?
Искрено страв ми е за кс. На 4 мес, хемоглобинот и железото беа малку намалени,треба сега повторно да провериме. Ама што да правам кога не сака да јаде,и тоа што мислев дека го сака,сега веќе не го јаде. Банана,праска,авокадо,крушка сакаше,сега ни тоа не сака. А јас кога пијам од чаша обавезно се тегне и тој да проба,па понекогаш кога е потечна кашата,така му ја ставам во чаша,па така испие малку. Ама нели треба да се учи да јаде,а не да пие јадење. Ако не е изблендирано добива нагон за повраќање и плука. Толку сакав да ми има детето ред,ама немаме баш никаков За 1 мес има качено 650 гр (од 5,5 до 6,5 мес), ама претежно од цицање. Се надевам ќе се оправи со јадењето. Ако продолжи вака ќе морам да не се враќам на работа. Нема да можам да му оставам толку мое млеко,а не би сакала сега да му давам и ад,а и не сака да јаде. @FreeMind колешка има комбинирано ориз и авокадо, детето и ја обожаваше. Мојот ориз и компир досега не ги сакал во никаква комбинација Пред да почнеме со цврста храна бев сигурна дека синко се ќе крка,ама сум била грешка. Нејадач невиден.
Моето е 7 месеци и супер напредува на 6 беше 7,650 кг , истото со нагонот беше ама ќе си бидеш упорна башка остави го да огладне повеќе и ќе јаде како да не видело јас навечер давам едно шише адаптирано млеко и спие од 10 до 9 сабајле со 2 будења за цицање . Почнав и се што јадеме ние да му давам по малку . По гледање една емисија за бебиња советуваат ако нејќе да прифати некое јадење ќе му го нудиш и за доручек и за ручек и за вечера , башка се што ќе го научиш ти и се што ќе му дадеш детето ќе прифати . Плус совет слушајте ги старците и за јадење и за спиење и за повивање и за дубалце и за се , сепак како сме растени ние здрави прави
Што прават испитувања што си е*ат мајката. Вака да се јадело, онака да се јадело. Тројца старци од Македонија во комисија и одма нови сзо препораки.
Слушај ги постарите: Свекрвата да го бања Свекрвата да го земе од болница Дај му кравјо млеко немаш доволно млеко Не ти е хранливо млекото Дај му да лизне Дај му гравче и леб на 3м Стави го на земја да патка на 6м Стави му бело вино на непцето Дај му лимон да не олцка
Јас за употреба на дубак и паткање на бебе од 4 м војна водев со стариве се додека не слушнаа емисија на тв колку е штетно и опасно истото.
Јас за се му кажувам "Докторот ни кажа" и така божем слушаат. Пак има коментари ама барем не пробуваат ништо.
@hello-kitty.90 Ич да не се секираш, ќе пројаде. Како себе да се читам кога пишуваш за ова. Иста бев и јас, таман демек воведовме прв оброк, ајде сега втор, се разболе, па не сакаше да помириса ни доручек. Па пројадел зеленчук, нејќел овошје, па обратно, па затварање муце и тргање со рака. И јас како @Milaаа991 пробував па му буткав со сила, па цела хранилка со каша и јас и дете. Мало олеснување е тоа што кај тебе цица, моето не цицаше и пиеше само измолзено млеко. Јас не можев да му молзам млеко секогаш кога господинот не сакаше да јаде (а често не сакаше ) а не прифаќаше никакво адаптирано млеко. Ете го сега, 13 месеци е. Некогаш јаде многу, некогаш и пола да изеде добро е, a некогаш како овие денови бидејќи беше болен, ич. Во грамажа мерев само на почетокот, сега полнам чинијата па колку повеќе апне толку подобро. Уште јаде со песнички и со играчки, ама битно ми е да јаде. Проблем ми е што јаде блендирано уште, дај му пасирано или парчиња, ќе се врти ќе се сука и 5 лажици дали ќе апне. А знае да џвака, дај му кифличка или мафин, ехеее маф ќе направи, тестенини му се слабост, и барни мече Решив да не форсирам дете и да оставам се да си дојде во свое време. Не му се секирај мајка, нуди секој ден, еден ден мора да пројаде. Пред некое време Сајковски го гледав на 0m+ , се јавува една баба и се жали дека внучето ич не јадело. Докторот се насмеа и вели, во толку години од мојата кариера, уште немам сретнато дете што умрело од глад. Трпение спасение
+Стави го во дубак на 4/5 месеци Не го држи нежно побргу ќе зацврсти Нема врска ако е во иста соба каде што се пуши ништо нема да му биде На новороденче не му давај да спие преку ден за ноќеска да спие
Хелоу Да прашам нешто, купив денес од ДМ Булгур, појма немав ни што е тоа ама ајде да купам да има тоа ми ти било тврда пченица Кажете сега од кога се дава, со што се комбинира итн. Бебе за 3 дена е 8 месеци
Турци ако имаш пријатели они имаат најдобри рецепти. Јас со домат и краставица на ситни коцки, маслиново, цеден лимон, сол и многу свеж магдонос. Прсти да излижеш. Овде се дава со житарици 7+
Здраво Да ве прашам за вечерата, бебо за два дена полни 8м. Му давам од кутиите на Хип/Хумана или теглите млечни каши. Што би можела дома да му спремам за вечера, а да не е палента и кисело млеко оти не јаде тоа? Гриз со некое овошје? Ама би било само со вода, нема да е млечна кашата, оти е на доење тој и не му давам АД. Дајте некои предлози?