Не е страшно и да не е некогаш млечна. Можеш гриз со банана. Бананата ја препорачуваат за ноќе. Можеш веќе и какао. Гриз, банана и какао. Добро е и за хмг. Сум додавала и кекс некогаш. Гризот ги држи сити. Ќе го вариш со вода. И јас се едно исто давам. Што дека се може да јаде веќе. Или тегличка или кутија. Хумана мешаните житарки ноќни ги сака и Хипп кекс ноќна, од кутиите. И теглички. Ако од нешто банкнотираме од ноќни ќе биде. Иначе на акција се у Кам, 63ден.
Од обичното какао се става, тоа за возрасни што е? Прашувам може глупост, ама да не има некое специјално за бебе
Дали има некаде кај нас термоси за каша? ми треба да ја направам од дома а да и ја дадам кога сме надвор. Ама бидејќи секогаш има млеко или месо, ми треба термоизолационен сад..
Имам неколку прашања. Почнавме со воведување намирницу,и дадов јаболко првиот Ден малц 2лаж. Вториот Ден 5лаж. А третиот колку сака но изеде пак малце Сега продолжив со тиквица исто така но кад ова го давам пред оброк со млеко и значи одма продолжуваме со млеко Е Сега кажете ми дали да давам измејгу оброци да дојди нешто како ужинка И дали вејке воведените можи да ги мешам со нова намирница и да и давам да си јади колку сака Ве молам за искуства
Хехе некогаш цицка, ако е ручек е зеленчук и ако не сака, му додавам јогурт, ако и така не сака тогаш јогурт со леб попара е крајно цицка. Ако е овошје значи е доручек тогаш, блендирам банана со бисквита. Ама пак ќе речам кај нас ретко да не јади обично се јади
@lackygirl @FreeMind Кај мене јадела не јадела после тоа одма сака да цица.Незнам со да правам пробав и со вода, плаче за цицка ме стра да не претераме со гоење. Или нема врска? Вас ве тангирав ама ако знае и некој друг може да каже.
Силно ја затвора устата после третата лажица со било каков зеленчук. И нагони за повраќање нон стоп на секоја лажица. Пашканат со бел морков околу 15 лажици и следниот ден јок. И готвам и теглички на хип давам и чисти и комбинација. Ништо досега не бендиса. Морков мислам дека не може да го смисли. Дадов досега морков два вида, компир, пашканат, авокадо, кромид, зелена пиперка, тиква, тиквица и рапс масло. Ако не јаде една комбинација одма отварам нова тегла да понудам ама џабе ја стега устата и треба на сила да е што не сакам така. Утре почнувам со месата исто вака да се шљакам. Со гаранција ќе биде исто. @BabyT* ако не е колку нашите во тежина слободно давај цицка. Воде после трет оброк сакале или не самата биологија ќе ги натера. Или земи со мала ракиена чаша давај и.
Давај и комбинирани, компир и морков на пр. Моево не ги сака купечките каши посебно зеленчуковите, се гади од нив, брокула на од Хип ваков беше му давам свежа варена ја јади и во се што има брокула цело го јади, исто и се што има авокадо ми јади, омилено му е авокадото и бананата, денес за доручек имаше просо и сливи цело го изеде @BabyT* на почетокот одма бараше да цица сега е 8 м еве денес ручаше касно бидејќи заспа во 18ч а цицаше дури во 21ч, ќе се навикне со време, еве и вода почна по некоја голтка да пие.
Фри, гладна е женцката кога и даваш да јаде или скоро цицана е? Изгладни ја убаво, ќе се тепа за лажицата.
Не мора да значи, барем кај нас. Досега се нема тепано за лажица, па и 5 часа да нема нишш цицано и јадено. За цице кога ќе види, др песна е. Буквално се тепа.
Ма, што дека е јадач многу малку на тежина ми е напредната. А она супер си е со се. 6750 6месеци денес. Кај мене многу сака зеленчук, а овошје не. Само чиста банана. За ориз со тиквица и морков ќе се истепа. Патем, цицкоманка ми стана малата. Седната во скут само се обидува да ме расоблече за да дофати цице. Јас пак најсреќна. Маки истргавме со нецицањето. Уште цица со силиконска дамата твоја?
Мојава ориз не сака да види. А додуша ни јас. Па не и ни давам веќе. Сега често на мени има црвена леќа дека мене ми е омилена. Колку е родена? И мојава беше околу 7 кг на 6 м. Не и се секирај, битно да е здрава. Ќе си пораснат они секако, само мене што ќе ми побеле косата Уште е со силиконска.. И оваа така само цицка демне и не може да дочека да се слечам ржи, се тепа... Абе циркус е.
Гладна бе на три саати после цицање. Негде прочитав синоќа дека треба да пробам и да не е гладна оти и се фокусирал мозокот само на млеко тогаш и да не и се спие. Денес тоа ќе пробам. Пробав и топло ладно и тоа не е. @lackygirl и домашни пробав и од тие не беше воодушевена. Или може јас не знам да и спремам може и тоа да е. Ќе дојде мајка во среда и ќе ја среди со домашни чорби. Дотогаш да ги пробам сите каши кои ги земав (сигурна сум дека не се убави).
Од почеток си со силиконски? Ние сме месец дена и од почеток сме со силиконски, пробав без нив но не сака да фати, а педијаторот на контролата ми рече дека може да го изгубам млекото од силиконските па страв ми е ради тоа.
Ќе пројаде кога ќе и го пронајдеш омиленото.Keep searching... Да пробаш батат т.е. сладок компир, обично е во омилените кај повеќето.