Мами од како воведов и втор оброк бебуш го приметувам ми намали со цицање јадеме доручек и ручек,по 150 гр.и помалку цица и спие по цела ноќ со будење за цицање околу 7ч.сабајле...има причина да бидам загрижена ми е страв да не се одбие
Не би требало да се одбие. Како се зголемува количината на цврста храна, така доењето ќе се намалува. Сепак се зависи од бебето. Ние сме 13 месеци и последниве два месеци се доиме многу често, ббидејќи и излегуваат заби и слабо јаде. А ппретходно цицаше само за успивање, два пати преку цел ден. А навечер во спиење почесто. Да напомнам дека од кога наполни 8 месеци се доиме само на една града, и тоа успешно.
Мамички сакам на синко да му воведам кравјо млеко за во кашичките.Е сега незнам кое е најдобро,со која масленост,дали се разредува со вода(знам дека за пиење се разредува)и дали треба тетрапак млекото да се преврива.Еден куп прашалници.
А зошто не му ставаш ад во кашичките? Уште немате ни годинка за кравјо, но ако решиш да даваш, секако разредено со вода.
Тетрапак млекото е најлошата опција, преработено е повеќе пати така да ништо нема хранливо во него. Најдобра варијанта е домашно млеко од познат али кога нема таква можност тогаш млеко кое треба да се свари, прво разредено со вода а после и така како што е, масленоста треба да му е најголемата.
Мамички кашичката што бебушко нема да ја дојаде ја фрлате или ја давате подоцна? И ако ја давате колку часа најмногу би можела да стое? Зборувам за дома приготвени кашички.
Imam kasicka na Hipp kruska i zitarki ama sea citam deka sodrzi gluten. 7+20 sme pa me interesira glutenok kako se pocnuva i koga najdobro. baknezi za site mamicki***
Глутенот се воведува на 7,5-8 месеци. Ама не се воведуваат сите житарки одеднаш, како што знам Нека каже некој ако точно знае, во меѓувреме прелистај по интернет да видиш да не има житарка за која е рано да ја дадеш.
Мајки син ми е 5 месеци и веќе се спремаме за дохрана, но мене ова со гоџраната каша попара ми е во главата се нови табели со различни параметри, на 100 групи на фб се приклучив. Може ли оваа табела да ја земам како база
Интегрална пченица и овесни снегулки содржи кашава. Со оглед на тоа дека имам дадено палента, која всушност е пченица, мислам дека овесот е ОК за нашава возраст, така?
И јaс истo спoред oвaa тaбелa се вoдaм oсвен бoрoвинки кaкo штo кaжa и Јaгoдa ,мене ми е oд групaтa нa фб,здрaвa хрaнa здрaви децa...
Мајки, телешко по колку пати во неделата давате? Кога бев на систематски докторката ми кажа да давам 4-5 пати, бидејќи хемоглобинот и е на граница (110) Нели е многу ова? Ваши искуства?
Палентата е пченка и нема глутен, пченицата има. Таман ви е возраста за воведување глутен но почни една по една житарица. Можеш со овес да почнеш или спелта (вид пченица со најмалку глутен). Телешко е доволно 3 пати неделно но за слабокрвност веројатно докторката знае најдобро. И просото има многу железо.
И давам и просо и жолчка. На спанаќ сме алергични, за жал. Следната недела ќе одам кај матичната, пе ќе видам и она што ќе ми каже. Јас и ги давам на Хип бисквитите. Прво пробав мелена Плазма, ама за среќа не ги сакаше. Содржат мед :/