1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.522
    Допаѓања:
    25.313
    Пол:
    Женски
    И јас давав колку што сакаше, уште од почеток јадеше по 100г, никаков проблем немаше.
     
    На YoursTruly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Ме фака страв, ве читам и стомак ми се превртува. Слушнав и доста различни ставови, на контрола пред некој ден ни кажаа можеме да почнеме со пробување на вкусови но и немора добро си напредува, но ако почнуваме ни направи список со што да се почне колку и како.
    Ни напиша со јаболко да почнеме а пријателка која има исто бебече и рекле со морков за да може да јаде зеленчук. И сега што?

    Од кога почнавте вие и со што е најдобро?
     
  3. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.386
    Пол:
    Женски
    На 5 + со морков почнав
     
    На Ygritte и ***Bony*** им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Првите намирници се тие... јаболче, морковче, круша, слива.
    Не е битно дали морков дали јаболче.
    Ти дала насоки.
     
    На ***Bony*** и duffi им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    15.773
    Пол:
    Женски
    Генерално викаат да се почне со зеленчук, демек да не се научи на благо овошје, па да не го сака зеленчукот. Ама и сама можеш да прочиташ на форумов, не се покажало тоа како вистина. Детето ќе си сака некои работи повеќе што и да му дадеш прво. Јас дадов 4 зелечука и 1 овошје од почеток, и пак си сака благо. Овошје јаде без проблем, зеленчук само со молење.
     
    На ***Bony*** и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Женски
    Овде се почнува со зеленчук нема ограничено најчесто е морков, пашканат и батат. Овошјето е последниот месец и се воведува за појадок и како меѓу оброк. Тоа не е заради вкусот туку поради варењето од страна на организмот. Зеленчукот се смета за најлесна храна затоа со него се почнува ( се разбира не да му лупнеш гра :))
    Месото се уклучува веднаш заедно со маслото и рибата. Компирот е втората недела со масло заедно, па месо ( било какво), па риба заради состојките кои му требаат на бебето.
    Втор месец се житарките и млечните продукти и трет е овошјето.

    Јас досега само зеленчук варев на пареа ( не дека го проба или изеде), а месо во теглички купечки. Оти тоа е премалку што ќе го изеде за да вариш два саати.
    Риба имаш исто во теглички на хип со комбинација зеленчук за да не ја спремаш. Веројатно е тешка за готвење, но пребогата со омега 3.

    И нерви мила моја. Нерви спремај!
    Нека ви биде со лесно.
     
    На Ygritte, duffi и ***Bony*** им се допаѓа ова.
  7. PrettyG

    PrettyG Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    На 5+ почнавме со пробување на вкусови. Прво со морков, ориз и јаболко. Тоа беа првите вкусови
     
  8. YoursTruly

    YoursTruly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2015
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на помошта, ќе се обидам и јас денес да каснеме повеќе (fingers)
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите :* ке мора да се почне па што биде нека биде, се надевам лесно ке биде и забавно :D
    Поздрав мамички, убав ден :hai:
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.847
    Допаѓања:
    145.603
    Колку поразлични совети и поопуштени. Супер.(y)
    Вака да им се избациш во Здрава Храна здрави деца на клада ќе те стават.:rofl:
    Риба таму стрикно по година се дава.
     
    На Lolipop23, Ygritte, TeddyGrey и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    15.773
    Пол:
    Женски
    Па затоа сите си истражуваме и си наоѓаме начин кој најмногу ни одговара. Најмалку што и треба на мајка што првпат се соочува со сите овие работи некој да и рече дека си го загрозува детето што му дала риба 3 месеца порано... И затоа на ниедна група на фб не сум коментирала, иако следам доста од нив.
     
    На lackygirl, Coco31, Ygritte и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Јас пак :lol: како ја приготвувате храната ја варете или на пареа?
     
  13. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    26.669
    Пол:
    Женски
    Моето напредува манекенски :D се должи над просекот а се дебели до просек (fingers) мајкина, повисока а послаба.... Ние почнавме на точно 5 мес. (полни) почнав со тиквички обарени и блендирани.... Значи прво со зеленчук.... Давав 3 дена со ред па 1 ден пауза измеѓу вкус.... Досега имам дадено : тиквички, морков, пашканат, круша, праска нектарина, кајсија, банана, сок од домати, сок од лубеница и сок од диња (соковиве да ги шмукне од парче) сега сакам да воведам житарки и да давам комбинација со овошје за доручек, и веќе треба да видам по колку гр. да давам храна.... Читам дека давале по 100гр. но некако ми изгледа многу како за почеток :D инаку бебка сака повеќе зеленчук некако така ми остави впечаток среќно :l:
     
    На ***Bony*** му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    7.056
    Пол:
    Женски
    На пареа.
     
    На ***Bony*** му/ѝ се допаѓа ова.
  15. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.730
    Пол:
    Женски
    Браво мајче, не се ни сомневав.Сепак искуство си е искуство.Сакав и јас да земам од играчкиве да пробам за во хранилката.И ние напредуваме со седење додека не и здосади па може ќе се лаже со играчката.
     
  16. Ringishpil_

    Ringishpil_ Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Бони ќе почните со дохрана?или и ти како мене ѕиркаш овде и полека се припремаш :)
    Јас прашав овде кога да се започне и најдобро ми рекоа на 6+,односно кога бебе веќе е спремно да седи и со рака да донесува храна/предмет до уста,така да рано ми се виде некако:^)
     
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.042
    Пол:
    Женски
    Скроз е лабаво. Ова со рибава не им го сфаќам зошто ја чекаат годината? Кое е објаснувањето? Важно си млатат паричиња браво за девојките. Ти ако немаш друга работа чувај ја рибата за од пет години за да никад не ја пројаде :))

    Логички ред нема на внесување само патоказ за здраво хранење за развој на дете. Житарици за енергија наутро, ручекот е зеленчукот со железо и омега масни киселини и ноќните млечни продукти кои го потикнуваат хормонот за добар сон. Два меѓу оброка овошје со витамини и затворен круг.

    Секој може да ги измеша и да направи свои комбинации али зошто да се замараме непотребно кога ете некој за тоа е платен.

    Позитивно е што и ние ќе научиме така да се храниме. А не тост да стискам :))


    Искуството си го прави своето.
    Да ја земеш играчката со сигурност ќе ја сака. Гледај да се врти во круг скроз заборава дека јаде. Стварно вреди.


    Тоа е основа за да ти дадат препорака за исхрана. Во спротивно имаш ризик со голтање. Исто сам треба да се подава по храна ќе те праша педијатарот и за тоа.

    Цел живот ќе јаде ќе му се здосади начисто.

    Плус е многу досадно ова со готвењето пет грама зеленчук и ранењето трае еден саат и чистиш потоа пола саат.

    Почекајте си 6+ ако нема потреба од порано.
     
    На NNA, Skorpija25, babydust и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    На контрола пред 4 дена ни рекоа може но и немора. Јас искрено несакам ич, некако во глава ми беше запишано 6+ и сега кога ми спомнаа дека може ми измеша се. Еве уште не сме почнати ради вакцината се вадам со неа :D незнам може од 5м ке почнам незнам стварно незнам (facepalm)
     
    На Ringishpil_ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.345
    Допаѓања:
    78.762
    Пол:
    Женски
  20. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    @Ringishpil_ , @***Bony*** и јас ја демнам темава веќе цел месец и се припремам :).
    Во план ми е некаде околу 5 и пол месеци да почнам со пробување вкусови. Кај мене бебка почна да ме гледа во уста кога јадам и шлапка со муцето, многу ми е интересна :D.
     
    На Ringishpil_ му/ѝ се допаѓа ова.