Па исто и на мене синко јаде и тоа убаво си јаде машала по 160г оброк па си реков веќе да не има потреба и од втор оброк , плус планирав да пробаме и месо неделава да не му дојде многу се прашував.
Од житарици пробав просо на неколку пати не сака. Што да и направам друго? Последнита недел дена не сака да јади ништо. Ќе ја затвори устата и така држи. И она зеленчук што ќе зготвам, пробувам бљуткаво, како да го сака? Дајте идеа што да напрвам 6+сме,една членка убаво пиша, се едно исто уште на почетокот, тие одредени намирници.
Гриз воведов, а со роа и глуте Јас гриз и дадов денес, во тегла на хип. Воопшто не беше воодушевена. Глутенот го воведував. Утре домат ако не заборавам. Ќе ми остане уште јајцето од алергени. Следна недела ќе и дадам. Со што го дадовте јајцето?
Со блитва и ориз. Најубаво е да го дадеш со омилена комбинација. Кисело млеко, тиквичка... Да не е компир пример па да дојде многу суво.
Некако многу набрзо воведување на се имаш направено или? Знам дека се водиш според педијатри од таму, не маваш од рака ама некако наеднаш ми дојде. Риба, месо, домат, јајце. @TeddyGrey кисело млеко од кога може?
Член сум на една група на фб со мајки од САД со бебиња колку моето, околу 7 месеца. И риба, и јагоди, и краставици, и путер од кикирики, се им дале веќе. Мислам дека таму освен мед, буквално се даваат на 6 месеца, без речиси никаков ред.
Баш тоа се новите препораки на СЗО, алергените да се воведат на почеток, да не се чека многу. @Spidy ако не е тајна сподели ја групата или пиши ми лп.
Групата не е за исхрана, туку е месечна група за мајки кои се водат по Moms on call методот за тренинг на спиење, ама секакви теми се дискутираат. Ако те интересира, слободно побарај, мојава е MOC-January 2019, ама ако конкретно исхрана те интересира, не е баш за тоа.
@FreeMind јас жолчка дадов в и уште давам само во комбинација со палента и банана. Кај моево не проаѓа со зеленчук без месо па затоа давам вака.
Абе јас сум давала според мене. Јас како би ја јадела. И ден денес така давам. Пример, јас никад не би пробала жолчка и банана во комбинација. Али што пали, ќе си осетиш сама.
Кога прашав со што се почнува прво за дохрана,кратко ми рече, Со Се Што Јадиш Ти,јас ваква Се уверив кога видов бебиња од 6+ буквално јадеа со свои раце авокадо (неблендирано)шпагети, јајце, а исто немало потреба храната да се блендира,можело и варено клавче да се даде таман децата си ја ублажувале болката од запчињата Англичаниве одамна се обратни,но ова ми е нон сенс
Последно жолчка му давам со патлижан на парчиња сечен и со лебче. Можиш и со палента. Многу сум поопуштена сега, се му давам во смисла се што е сезонски овошје и зеленчук месо телешко, проба и петел, проба и крставица, црвена леќа....не гледам табели, во бебе готвач жолчка е 9+, мене докторката ми рече од 6+ да му давам и му дадов, па еве 2 месеци си јади, научи и парчиња да си јади сега уште да се научи сам да си јади и супер ќе биди еднаш прочитав тука мислам, некој пиша дека за толку едноставно нешто (хранење на бебе) многу си комплицираме сами.
Се се дава освен мед и јаткасти до една година. Алергените први да се воведат уште на почеток. Чим Англија, Германија, Америка и Австралија велат давај се, што воопшто се мислиш кое од колку месеци да го дадеш Утрово палента со јогурт појадуваше. Полека полека и појадок да ја навикнам да јаде. Иако сеуште јаде многу малку некои си 20-30 грама на јадење. Битно житарициве не ги бендиса. И овде нема блендирано. Блендирано е за бебиња од 4 месеци на кои храна им се воведува по препорака поради мала тежина. Блендирано е за оние бебиња каде не седат и не знаат да голтаат. 6+ се почнува со исхрана и вели бебето е спремно да јаде. Со пасирана храна фино пасирана. На 9+ веќе фингер фуд треба да имаш воведено, а на 10+ седи со вас на маса и јаде буквално се што вие јадете. Треба само нагонот за голтање да го разработи. Кога ќе видиш дека мава со вилиците ќе направиш покрупно пасирано и на крај парчиња. Они се многу опуштени ние сме многу стегнати. Верувај не е до нив до нас е. Воведување храна кај нас е како нуклеарна физика. Цели шеми со месеци и грамажи. А треба да е едноставно.
Мајки бебинјата од што повише качуват на килажа од млекото или од кашички да напоменам бебето е 8 месеци
На 8 месеца сигурно не јаде огромни количини на храна за да се дебелее од нејзе. Млекото е секако повеќе застапено. Ќерка ми е 7 месеца, цица околу 600-700мл млеко во денот, а јаде 250гр храна од која поголемиот дел е овошје. Сигурно килажата што ја качува не е главно од храната. Цврстата храна е за да внесе минерали, железо, хранливи материи, ама додека не јадат три големи оброка, мислам дека не внесуваат доволно храна за да тоа ги дебелее.