Плазма бисквити од кога смее бебе да јаде? Јас по грешка со каша на хип сум дала веќе глутен, треба на нешто др да се пази или може да давам? 6 и пол мес е
И јас таа ја имам од КАМ сеуште така стои не ми е отворена, незнам со што да ја комб, еднаш пишав мислам ама заборавив што ми предложија тука членките. @Vaga~ јас обични бисквити некогаш му ставам во овошјето од 6+ месеци. Исто и џиџи бисквити му имам давано.
Мислев денес за доручек но се успавме. Уште едно прашање Црвената леќа може веќе да ја давам 8+ е? И како да ја направам? Леќа нит сум јадела нит сум правела.
Можеш. Јас дадов на 8+ Во тенџере ставам малку компир, пиперка, морков, кромид и лук. Да поврие некои 10 мин па ја додавам леќата пошто таа побрзо се вари. Уште 10 мин варам и готов е ручекот. Не ставај премногу вода, за да биде погустичко, како кашичка Ако имаш воведено и домат, можеш и малку домат да изрендаш да се вари од почеток
И јас вака ја правам, 7+ му ја воведов и многу ја сака. Плус варам 1 компир на страна и после се заедно пасирам. @monik55 денес сварив киноа, па додадов банана и праска и цело тегле од 190г изеде
Имам прашано веројатно, ама поодамна било. Ги киснете ли киноата и амарантот пред варење? Колку време се варат и како да знам дека се готови? @monik55 и јас дадов црвена леќа на 7+, исто ја правам како членките погоре, само додавам и телешко јас оти синко мој е месар Вкусна е ептен.
И јас така си имам мерка со една чашка и секогаш пробувам јас дали е варено, така се правам. Иначе не киснам ништо само мијам пред варење и варам одма.
И јас не киснам само овесните житарки ги ставам 10мин во врела вода,пошто не ги варам друго директно на варење.