И јас сум со иста дилема. И најверојатно ќе дадам ако уште има асални патлиџани кога ќе се вратиме од одмор.
@hello-kitty.90 дади сега од убавиов патлиџан дур има ако сакаш за свеж. Јас го давам како салатка, како кечап, како салца. Јас го обожавам, па затоа и го нудам. Само излупи го.
Кај мајка ми во бавча баш сега зреат,покасно ги насадиле па таман ем домашни,ем свежи,непрскани,ама па се двоумев,дека пишува од 10 мес,па да не подранам многу,ама па после нема свежи,па подобро да дадам. Планирам од убавите и како сос да му ставам за зима,па има ли некој ставано и како? Мислев да ги смелам во нутри булет,без лушпа,и да варам како компот или другачие се прави?
Слободно направи си и за зимата. Мислам дека ќе мора малце шеќер да ставиш како конзерванс, прашај ја мајка ти сигурно знае, инаку ќе ти се расипат.
Како воведовте мед? Исто по три дена ? Дадов јагоди и јаткасти, уште медот ми остана ... 13+, мислам можам да дадам веќе ?
Патлиџан дадов на 7+, кога излегоа убавите розевите. Иако и претходно сум 'дала' во купечка каша на Хип со морков, грашок, и пилешко. Ама сега и свеж го давам, само го лупам и додавам во кашите. Просо на Биокосмос, лупено давам. Го киснам 4-5 саати, и ја фрлам таа вода. Го плакнам и се вари 20тина минути додека не распука.
Јас од дм земав само со топла вода го потопуваш и готово е. За пет минути појадок просо. Можеш и со млеко и вода. Патлиџан дадов свеж денес 6+.
Давајте сега дури му е сезона, синко проба уште од 5 месеци, а сега веќе 1 месец си јади, 8+, скоро секој ден, му давам да го шмука и си го јади така свеж, лупен обавезно и плус домашен од наша градина
Сакам за навечер да му правам млечна каша со гриз и некоја овошка. Е сега, да го сварам гризот со вода па да додадам АД? Или може да се вари гризот во млекото? Исто и ориз на пример. Како да направам млечна каша со него и банана?
Јас вчера правев гриз со банана и ад. Гризот го сварив со вода. Па додадов подготвено ад 30мл. и на крај ја додадов бананата пасирана. Би требало и со оризот таква да биде постапката. Каков ориз користиш? Јас имам дадено и палента со к.млеко и банан за вечера, дека само со к.млеко или јогурт не ми ја јаде палентата. Не сака кисели вкусови
Исто е и моево за киселото Палента и кисело млеко без овошка не проаѓа Давам ориз на Холе, инстант во кутија.