Ќе пробам утре со домат. Мм ќе земи домашни од кај свеки денес. Јас секогаш ја нудам и парчиња. Овие неколку дена сака да грицка, па се тешам дека сега и е некој преоден период и ќе зајади пак. Уфф...
Ме изнасмеа јас лук уште немам воведено само еднаш му ставив мелен лук и не јадеше и повеќе не пробав. @Mamy. 4 и пол почнавме со 1 оброк 6+ втор оброк 8+ трет оброк Од 6 ипол 7 месеци Мила кажи дали ќе јади Денес јадеше синко телешко месо, со печени компири, тиквичка и кромид. Околу 200г изеде.
Денес и дадов ориз млечен со зеленчук (плус домат) и пилешко - не сакаше. Потоа само ориз и пилешко - не сакаше. Само зеленчук - не сакаше. И на крај се изнервирав и теглата од утринава со житарка, слива и круша и измешав се. Таа луда комбинација и се допадна и дури пола мала тегла изеде.
Месото варено а зеленчукот печен?Со вода печен или на хартија? Сакам и јас да направам.Печено може повкусно ќе е. Е тука си ја погодила.Ајде сега фрли се на комбинирање се и сешто.Прави комбинации благо-солено. Може е по благото срцката.
Ни кај мене мојата не јаде многу. Десетина лажички-15. Вчера јадеше пилешко, ориз, морков, кромид. Го сакаше. Денес блитва, ориз, морков, кромид, пиперка. И се допадна.
Ајде мајки кажете што сум пропуштила на списоков за дохрана (почнавме на 5ипол месеци) утре полни 6месеци: Воведено: јаболко, морков, слива, круша, праска, ориз, банана; Планирам следно: батат, палента, спанаќ, блитва, тиквица. Кога можам кисело млеко и несолена урда?
Како се воведува солено, ние почнавме со овошје, и сега за солено како, еден ден благо друг ден солено или како?
Мене педијатарот ми рече млечно од 6ипол месеца, ама јас почнав со дохрана на 4 месеца. Инаку мислам дека е покасно според тоа што имам читано.
Месото цело кило го сварив наеднаш, потоа го замрзнав на мали парчиња колку за 1 оброк и сега само си ваѓам парчиња и одма се одмрзнува. Вчера за нас за ручек имаше компир, тиквичка и кромид, од истото му дадов, го испасирав само, а месото го блендирам па јадеше, а месо обично не јади по многу, а вчера цело го изеде
Житарици давам секој ден, насабајле со овошје, а навечер во млечните каши. Телешко давам 3-4 пати неделно, мисиркино еднаш, и останатите два дена жолчка.
Значи џив џи дефинитивно не сака каши. Еве денес си се напоруча само амарант така без нишш и парчиња праска и кисело млеко. Ова киселово веќе се нервирам, во сите оброци е, без него не седнува. Се надевам само фаза е и ќе и пројде. Ама на жешково изгледа ја освежува, па не можам да и замерам. За ручек пробувам домат, ај нека и се допадне.