Пошто преминувам на пасирано и парчиња,а имам огромен страв да дадам парче да не се задави,да прашам колкави парчиња даваш и овошјето кога го даваш дали е претходно обарено? Досега и давав само лепче скроз мали парчиња и варен компир исто. Еден маж што имам, само паники ми прави : не давај, ќе се задави, големо е парчето дрн,дрн.
И мојот мм е таков ама јас рецка не му мавам си терам по мое. И страв никако за ништо со бебе, оти ако се плашиш подобро не давај. Прво со патлижан или праска ќе пробаш бидејќи тие лизгаат неможи да се задави нема шанса, ако се дави прстот пикни го во уста и ќе го извадиш парчето, иначе мало парче колку нокот од палецот јас вака почнав со патлижан. Успешно е. Некој праша за леб, сосем непланирано му го воведови лебот 6+ месеци, му направив попара со јогурт, сега ако не го јади ручекот ова секогаш ми е План Б, леб давам обичен бел ние што го јадиме, едно средиче од едно парче леб, толку јади. @FreeMind пробај и ти со парчиња можеби така ќе сака
Ќе уклучам и јас наскоро парчиња само чекам да го увежба голтањето. И денес неуспешен ручек. Подоцна ќе пробам пак.
Бебето ми е 7м, се мислам дали да дадам патлиџан, имам домашен од градина а кога ќе има 9м веќе нема да имам ни патлиџан и нема да проба што мислите вие да дадам ?
Од колку почнавте да давате цврста храна? Моето е 3+, планирам кога ќе наполни 4 да почнам по малку? Или рано е?
Консултирај се со педијатар. Нашата на 4м кога бевме на контрола кажа почнувајте од одма, ама јас почекав да направи 5м. Имаку не стагнираше со килажа ама не ни напредуваше месечно повеќе од 600гр. Ама се роди 4200, валда ради тоа
Јас почнав на точно 4 месеца. Не чекав совет од педијтар за да почнам, едноставно сметав дека е време.
Не ми кажа педијатарот ништо, ама првиот месец напредна кило, а втор и трет по 750 грама и лично сметам дека е малку. А си цица нормално, не знам зошто слабо напредува. Со што почнавте прво, овошје или зеленчук, свеж или обарен и по колку?
Супер си напредува. Како ќе расте помалку ќе става на килажа. 500гр/месечно е сосема во ред. Еве ние јадиме два оброка и цица како на почеток па пак качи само 350гр овој месец. Инаку јас почнав со морков каша на холе, па јаболка, најизменично давав зеленчук и овошје. На почеток давав 3-4лаж., бидејќи ја болеше меше, после една недела колку сакаше толку.
Некако ми се чини дека овој месец уште помалку ќе качи.. Сепак ќе видам на крај на месец и ќе одлучам. Педијатарот ми рече 750 било долна граница, да цицала почесто а она цица на 2 саати. Не знам колку почесто од тоа. Е само вечерта ја преспива, врзува по 6/7 часа и после пак презаспива уште 3/4. Овие два три дена приметувам и потемна урина наутро, веројатно оти не цица ноќта. Инаку мислам дека ништо нема да и биде ако почнам порано, мајка ми мене ме хранела со фрутолино од трети месец а и снемала млеко во втори па почнала со кравјо па ниту сум алергична на нешто нити пак било какви други проблеми сум имала. А и приметувам бебе се пружа и зјапа кога јадам нешто. Дури чудно ми е како знае дека е јадење кога никогаш не сум и дала.
Тоа на тебе оставаме мајка дали ќе дадеш или не, но не се води по мама мене ми давала ништо не ми е, многу е различно од тогаш до сега. Инаку дека 750гр е долна граница воопшто не се согласувам, секое бебе различно напредува. Давај му да цица кога сака и колку сака, мене од 3м па нагоре ми зајдуваше ако и давам пред време цицка, сега а чекам да плаче за јадење. Ако даваш нека биде затоа што ти мислиш дека е така најдобро за твоето бебе, не слушај рекла-кажала.