Здраво женички.Имам едно прашање.Веќе сме 4,5 месеци и почнав да му давам зеленчук.Почнав со морков 2 дена па тиквица 2 дена па компир па батат.Ме интетесира што друго од зеленчук давате и колку лажичи т.е која грамажа и како ја зголемувате.Мѕ давам околу 2 саат на пладне.Од кога треба овошје да му давам? Педијатарот ни рече првиот ден 2 лажички,вториот 5-6,третиот 10 за една недела до 10 дена да стигнеме до 150 грама.Не ли е тоа многу?
Можиш да даваш и овошје, јас давав најизменично, ден зеленчук, ден овошје. Мојата имаше проблем со мешето додека да се навикне ја болеше и затоа не форисирав, тоа траеше една недела, потоа си јадеше колку сака толку.
И ние сме тука некаде, за една недела правиме 5.и јас почнав да воведува но јас почнав неизменично 3дена зеленчук 3 дена овошје и исто и мене ми рече Педијатарот да давам по 120гр..мојата е јадачка и без проблем јади јас давам 3 лаж 1ден,6 2ден 10 3ден од новото што го воведувам и ја доранувам со тоа што веќе го имам воведено зошто иначе плачи.. На почетокот давав да проба и после давав одма млеко ама сега продолжив вака.. Јас воведив јаболко, тиквица, слива, морков, банана, компир и сега воведуваме круша.. И мене ме интересира што друго можам да дадам?
Здраво мами. Свекрвица вчера на бебуш палачинка му дала. Со се јајце,млеко,сол и шеќер внатре... Можам ли да сметам сега дека јајцето е веќе воведено? Си јадел,без никаква реакција.. Инаку 8+ е.
Баш храбро од тебе , знам дека се со мојот скоро врсници ама јас сеуште не сум дала жолчка а ти воведуваш цело јајце браво
И јас тоа прашував пред некој ден изгледа е Првиот ден му дадов кори со јајце цело, другиот ден варено јајце, цела жолчка и малку белка и немаше реакција @vogue.and.vogue жолчка после 6 му дадов, можеш да дадеш, само храбро
Нема ограничено овде се смее. Слободно давај. Мене ми се виде солен лебот со кисело млеко. И се обидувам да внесам житарици али не ги сака. Алергените што побргу тоа организмот полесно се бори со нив. Историја на алергија од храна немаме, јајца јадам преку еден ден преку млекото нема реакција никаква што значи можам да идам со цело. Педијатарот кога ја прашав за храната како да ја воведувам само праша за алергија во фамилија дали има. Белка или жолчка е за ако се деси нешто да знаеш од што е. Верувам дека ќе помине без реакција
Ќе пишам овде, бидејќи и за каши овде пишуваме. Во лидл има лажица на батерии оваа недела за мерење грамажа, идеална за мерење за прашокот за кашички. Барем, јас нон стоп се тепав со мерењето пошо во кутиите нема мерилица. Убава и практична.
Цело јајце воведено со тарана да ми се тргне од глава. Реакција никаква освен на мајка ми фацата кога сфати дека внука и не е воодушевена од вкусот. Али веќе и се навикна на фацата. Круша и јаболко успешно поминуваат секој ден чисти. Во комбинација со друго јок. Ќе се бутка некако со дохранава. Откажување нема.
Банана и морков исфрлив тоа апсолутно не поминува. Комбинациите на јаболко или круша со житарици ги пробав не поминаа, Печено не помина. Вчера имав успех со пченка сварена и компир со путер некои си 30 грама изеде. И пред некој ден батат чист со маслиново масло кое јас го користам за салати. За разлика од овие кои одат на долго молење и забава јаболкото и крушата сама ти ја влече раката и јаде цела половина. Што значи се останато не и се допаѓа па милијарди комбинации на ден.
Како ја спремате палентата? Како го додавате внатре после овошјето или зеленчукот? И од која палента купувате? Купив Дивела, сабајле здравје сакам прв пат да проба