И јас купив на дивела. Ја варам 100 мл вода(иако јас отприлика ставам) и 1 супена лажица палента. Ја блендирам со овошје,со зеленчук не сум савала. Најчесто му ја комбинирам со праска. Сол ставате ли во кашите? Јас не ставам воопшто иако сите ми велат дека требало многу малку да ставам за да ги јаде зеленчуковите каши,зошто досега ништо од зеленчук не сака,демек поубави ќе биле. Ставате или не,и ако не, јадат ли бебките зеленчук?
Не ставај сол никако. Бубрезите не им се доволно разработени и не можат са ја преработат солта. После годинка дури.
Јас сум со убедување до година ни сол ни шеќер. Од мака што не ми ги сакаше зеленчуковите каши, и ставив еднаш хималајска сол. И пак не ја јадеше. Гледам да ставам нешто што ќе даде вкус, кромид, лук, пиперка. Патлиџан многу сака. Подобро се тоа него сол.
Јас да ставам хималајска сол ако не јади, сега секое јадење си јади патлижан и без сол поминуваме, многу сака патлижан по 1 цел јади со ручекот
Јас за да и докажам на мајка ми дека детето не ми јаде, а не е до солта ставив три зрнца во домашна каша. Буквално ја имаше истата фаца на гадење со сол и без. Слободно кој те убедува седни го на столче до вас и експериментирај. Барем мирна глава ќе имаш подоцна нема да те замара.
Јас со сок вака, му носеа сокчиња (јас најголем противник на сокови, не пијам ни сама јас) дај му, дај му цело време јас нејќев, еднаш го имав оставено со мајка ми и пробала ама не пијал, не сакал само 2,3 голтки. Ми кажа и велам гледаш нејќи детето, др пат и свекрва ми исто купила и пробала исто не и пијал и се откажаја и му реков немојте сокови да ми носите, џабе пари давате, тие добро добро
Јас со леб сум и дала, со палента, со просо и со едни житарици за бебе кои не знам на мак како се викаат.
И јас дадов кисело млеко и јогурт на 7+, не се водам строго по ниту една табела. Моето ги јаде само ако има овошје, да има блага жичка. Палента и кисело млеко не сака. Путер исто дадов на 7+. Моцарела уште му немам дадено.
И јас јогурт и кисело млеко дадов 7+. А путер и моцарела сеуште не сум дала. Што знам, лично сметам дека во путерот нема ништо корисно и нема потреба да му давам. Барем засега коа јаде готвено на пареа. Коа ќе почнеме со печење па и понатаму со потпржување тогаш ќе го користам
Здраво женски нова сум на форумов ☺️Мајка сум на скоро (за една недела) 6меечно бебенце девојче. Почнав со прихрана на 4 и пол месеци. Од овошје до сега и имам дадено праска круша јаболко банана слива, од зеленчук тиква тиквица блитва спанаќ батат ориз морков брокула. Сега за сега ми јаде се и овошје и зеленчук. Е сега ми треба Ваш совет што друго да и дадам пример боранија грашок од кога дали смеам сега. И за житарици да ме ипатите кои да ги купам. Ми викаат од хип. Купив од холле ама сеуште не сум и дала. Фала Ви секој совет ке биде добредојден
Јас грашок и дадов на 6 ипол месеци а боранија сеуште немам даено, а за ова од Holle јас го купив то шо е со тиква и не сака да го види освен ако го измешам со нешто инаку не.
Женички, дали смее авокадо да дадам 5м сме, до сега имаме пробано јаболко, круша, банана и слива од овошје