Беби гриз на хип 5 вида житарици со слива на хип Пченка на хип Житна каша на хип Овес на Холе Просо - Био космос (купувам од дм биокосмос) Киноа на био космос Хељда на био космос Пченичен гриз бебе Палента на дивела (мафа мислам дека палента и пченката на хип е исто)
Денес палента пробавме Можда глупо прашање, ама ете незнам. Бебе гриз што ти е споделен, е посебен гриз од обичниот? Исто и за палентата прашувам. Палента е пченкарно брашно right? Накратко за мојата... Вчера на ручекот свеки и даде корка, оваа се тепа да ја јаде. Денес од ручекот и испасирав со виљушка компир, морков и кисело млеко. Касна малку од малку. Вчера првпат кисело млеко дадовме. Па свеки во шишенце и стави и со вода го пиеше. Денес на ручекот исто корка лебче си глодаше. Не смее да те виде дека јадиш лубеница. Мораш да и дадиш. Госпожата познава лубеница и упорно си бара, плаче.
Палентата е пченкарно брашно, да. Затоа и пишав дека палентата и пченката на хип уствари треба да се исто ама ги користам и двете. А бебе гризот на хип пишува дека е без глутен, а со адаптиранп млеко. Додека овој бебе гризот (со сликата бебе) си е глутенски, пченичен.
Мојава-5,5 месеци, од овошје се обожава,дури сама си ја тегне лажичката да лапне Зеленчук сеуште послабо,досега сум дала само компир, морков и тиквицаУтре во план да пробаме авокадо.Може да пробам и некоја од горенаведените житарки. Ориз каков давате?
@AlicaInWonderland инстант житарките од кутии (на Хип/Холе) ги даваш за вечера, во комбинација со некое овошје или за појадок?
За појадок со овошје ги давам. За вечера давам најчесто киселп млеко или јогурт. А понекогаш и од кашите на хип што се со ад млеко Искрено не знам. Треба да видиме по составот
@Kitten @AlicaInWonderland фала ви, ве прашувам бидејќи често има производи исти но ради името друга цена, форсирање и слично.
Да затоа и јас имам купувано и користам дупли. Па после сфатив дека е едно исто додека ги разграничам... Еве денес почнавме и со кус кус. На био космос го земав
Мајки, бебе е 5,5 месеци, веќе воведовме нешто овошје и зеленчук. Дали смеам да воведам спанаќ, брокула, блитва, ориз или да почекам уште некое време? И уште ова - дали оризот го спремам како за нас, варен па блиндиран во сооднос 3:1? Или пак смее и да се пече??
Хељда од кога се дава и како се спрема? Со што ја комбинирате? Сакам да му давам сок од цвекло, морков и јаболко. Некој сооднос да ми кажете за да го направам?
Мојата е 5месеци и јас денес дадов авокадо, овошјето го обожава а зеленчукот не баш, има пробано ѕиквица, компир и морков сега ќе пробам со сладок компир викаат дека сите деца го сакале.. Ориз зедов мелен на сончева долина ама сеуште не сум Мојата е 5м и денес и дадов авокадо.. Овошје и таа обожава а зеленчук не баш а и имам дадено морков, компир и ѕиквица сега сакам да пробам со сладок компир викаат дека сите деца го јадат.. Ориз зедов на сончева долина мелен но немам уште дадено.. Какви житарки давате? Дали имате само еден оброк или два?
Хељда купив денес на хип и прв пат ќе дадам утре.Планирам за доручек до овошје. А за сокот не знам да ти кажам.
Свежо. Кога почнав да пасирам, ако беа тврди ги варев колку да омекнат, да можам да ги смачкам. Иначе се што се јаде свежо, и овошје и зеленчук, не варев освен ако не мора (како на пример компир).