Јас одма дадов месо иако повеке се практикува прво водата во која се варело па наредниот ден месото. Не давам повеке од 3 пати неделно,бидејки давам и 2 пати телешко и еднаш жолчка(воведуваме) А бидејки е домашно го давам и белото месо и копанот .Се освен џигерот. Јас го поделив целото петле на мали делови и замрзнав и по потреба вадам
Можно е да е реакција на нешто што ти го имаш јадено. Ако се појават пак не ја исклучувај и таа можност. И јас земав домашно петле, ама уште го немам дадено. Планирам да го воведам баш по шема, три дена само водата во која се вареше (при варење додадов морков, пашканат, компир и кромид, па ја процедив после и ја замрзнав) па после месо. Јас знам дека прво се дава белото месо, а после 11 месеци темното.
majki za 15 dena polnime 6 meseci i vreme ni e da pocneme so dohrana e sega kazete mi koi namirnici mozam da gi vovedam,se sto ke vi padne na um
А зошто не почекаш барем уште 15 дена па да почнеш со давање цврста храна. Инаку се почнува со јаболко, круша, банана, слива, авокадо, тиква (ако имаш зачувано, мислам дека веќе и помина сезоната), морков, сладок компир, компир, сите безглутенски житарици - ориз, киноа, просо, амарат, палента. Првиот месец не треба да дадеш повеќе од 6 намирници, а секоја ја воведуваш по 3 дена.
loso se izraziv,..ke pocnam so napolneti 6 meseci,ne vednas,ama se pripremam jas psixicki .. na 12ti maj polnime 6 meseci a na 13ti imame vakcina,ke pocekam i vakcinata da pomine pa posle ke pocnam so cvrsta hrana. ti blagodaram.
Мамички мора ова да го споделам,другарка ми има бебенце еден месец помалечко од моето од кога е родено цица само на едната града бидејќи на другата има циста и не можат да се дојат на таа града.Од кога е роден кака зелено и слабо напредува месечно скоро по 500 гр,и секој месец и викаа ај почекај уште месецов па ќе видиме ако не напредне ќе му воведеме АД,на 3 месеци и рекоа да почне со кашички од јаболко,морков,банана и круша она почна да му дава тој и го јаде цело тегличе од купечка кашичка му го дава пола насабајле пола навечер по препорака од педијатарот.И пак биле денес на контрола и им рекле да почне да му дава АД и за една недела да му става мелена плазма во млекото и гриз да му воведе тој тогаш ќе има 4 месеци и една недела.Просто не можам да се изначудам мелена плазма на 4 месечно бебе,јас и викам немој мал е за плазма и гриз,а таа вика доктор така ми рече му верувам.
Па и 500 грама не се за подценување. Сеа зависи колку е родено али секое дете е различно. Па и на крај краева подобро да доранувала со ад отколку со кашички уште на 3 мес. Или плазма шо викаш на 4.. Ццц требало да смене педијатар сместа...
Дали ги купи смокиве? Ме фати за око оти синко не сака ништо благичко, ни бисквити ни ништо. Па се мислев со некоја ваква варијанта да пробам. А сакам да го учам сам да ручка оти абер нема. Не можам да го натерам да стави нешто во уста.
Кај мојата се е обратно.На 8 и пол месеци мисли дека може сама да јаде.И војна водиме кога треба да ја хранам.Ми ја зема лажицата од рака и сама става во уста.И нормално лом правиме околу нас.Исто и парче јаболко,круша,бисквита..се сама грицка.Т.с топи во уста бидејки заби уште нема.
@zuto вчера во еден зегин ми кажаа дека ги потрошиле, имаа само Лино кекси. Во друг Зегин пред некој ден прв пат слушнаа за нив, ниту во компјутер немаа таков производ. Лино кексите ги купив, но воопшто не ми се допаѓа составот. Содржат: Брашно, шеќер, путер, декстроза, палмина маст, млеко во прав, средство за нараснување, емулгатор, минирали, витамини, никотинамид и арома. Наведена возраст: За доенчиња 6+ и мали дечиња Да не прогнозирам, ама штом им се вакви кексите, не верувам дека смоките им се нешто подобри.
За лажици и мојов зема и ми брцка во чинијата, тропа, ама никако да му текне да си стави во уста. Мене ме храни со глупости, ама не можам да го натерам да си стави сам. И лепче му давам и бисквити и грисини, нема шанси. На некои деца природно им доаѓа, ние ќе мора обука да имаме за тоа. Овошје не јаде и не може со тоа да се учиме, заби и ние немаме ама не ми е јасно како не му иде да си ги чешка непцата со некое парченце?
Ние имаме 3 заби и лажицата моρа тој да ја дофати,да бρцне со ρачето обавезно во тајниρот,вода му давам со лажиче и моρа поплава да напρавиме,му давам и јас во ρаче т.е сам баρа и имаме пρоблем,κине огρомни паρчиња и мене од памет ме вади. А јавува желба сам да јаде,но пρво едно добρи 5мин го пρоучува она што сум му го дала,го вρти,го гледа,па после следи папање.
Ги пробав, односно ги изедов Бисквити како бисквити.. Според мене плазмата се највкусни. За почеток најдобри се Хип бисквитите, бидејќи не содржат јајца и мед. Веќе за поголемки бебиња-дечиња плазмата се најдобар избор (според мене, иако составот на сите бисквити е горе-доле ист) Ние сме сега во фаза на грицкање finger food, па плазмата се супер за учење сам да јаде. Лино кексите се многу ситнички-малечки не се баш за мали деца.
Значи не се за нас. Мојот бисквитите на хип ни со кисело млеко и вишни не ги сака, благи му се. Ќе мора да смислам нешто друго Ај сега малку он топик. Ќе воведувам риба па совети каква да земам и како да ја спремам?
Јас почнав со свежа, бела пастрмка. Ја сечам на пола по должина и колку ќе успеам тргам од коските, а потоа со зеленчукот ја варам. (едната половина, другата половина ми е за друг оброк) Кога ќе биде сварена, ја тргам на страна, ги тргам коските што останале и кожата и потоа блендирам заедно со зеленчукот. Од зеленчук најчесто со риба комбинирам морков, пченка, компир, брокула, грашок, магдонос, целер, лук, кромид, праз. Не и треба многу време на рибата пастрмка да биде сварена. За некои 15-20 минути е готова. Ако се плашиш во текот на варењето да не испадне некоја коска, стави ја рибата во газа и така вари ја.
А од каде ја зема? И дали беше веќе исчистена? Оти ако земам од рибарница свежа ќе треба јас да ја чистам. Првпат давам на бебе и не знам баш...
И пастρмκите аκо побаρаш ги чистат,таκа е баρем во нашите ρибаρници. Ни ја чистат,јас после дома ја мијам(дочистувам) и спρемам.