Зависи од дете до дете, јас почнав со 5ипол па споро одевме со пробувањата и излезе дека касниме со месо и ни падна крвната слика, иначе и ја сум за подолго доење ама им требаат и други Витамини што не им се задоволуваат потребите само преку доење...
Јас давав по пола лажиче од неговите во кашите. Форсирај аронија, брусница, гоџи, рибизли, цвекло, суви сливи.Се што е црвено. 8-9м беше кога почнав. Можеш недела да даваш, па една недела пауза или еден месец па пауза или преку ден. Само даваш. Со кисело почнав.
По која табела се водите со воведување на намирници, педијатарот ми вика па исто како со ќерката ама не памтам ништо од пред 4 години. 6+ сме и до сега јадеше само овошје ама сакам и солено да пробам..за 10 дена 7 месеци ќе полни.
Фала Ни донесоа домашно и пиле,денес прво пиле ќе дадам па за некој ден зајче. Уште нешто да прашам,свежа аронија може? Има во канчиња па ќе ја смрзам и по некое во доручекот.
Мајки помагајте, освен овошје што да давам на бебе, за 6, 7 месец, читав неколку табели по нет ама и ваше мислење сакам кажете ми на таа возраст што им давате на вашите бебиња и во кој дел од денот?
Житарки Просо Палента Ориз Како први безглутенски Месо Мисирка или телешко , пилешко доколку имаш проверено Зеленчук Батат Морков Компир Брокула Глутен исто можеш да дадеш. Се едно по едно давај Бебе од 7м нема да го држи само овошје.
А беби гриз? Јас и дадов од хип кашичка има млечна за вечера... Има ли некој лимит за вода пиење, што би било премногу пример... Она денес мислам дека испи вкупно скоро 240мл..
Овошје или има каши кои се за ужинка дома ќе ти сликам да не лупам без везе кои беа. Има три оброка? Како по толку ви пијат кај мене три мали лажички на ден вода. Браво.
И моево почна мн да пие вода, можи 300-400мл во денот. Јас да прашам, дали му давате на бебињата некој од овие оризови галети, еднаш му дадов додека се шетавме па си ја јадеше. Овие од ДМ ги купив. И др прашање, ко беше 2 недели бабиве му дадоа мед со цуцлата неколку пати, за да ја фател цуцлата, но џабе беше не ја фати, дали се смета за воведен, сакам да му давам???
@FreeMind бидејќи и твојата сега пројаде,колку оброци и даваш? Јаде и за доручек и за ручек или не? Моето јаде за доручек околу 100 гр мислам,за ручек нудам ама помалку јаде 7-8 кажички и измеѓу некое овошје онака да грцка или да шмука. Инаку,колку количински треба да е оброк на 8 мес?
Јас почнав да давам на 9 ипол парчиња овошје, некогаш кисело млеко, некогаш и домат парченца си грицка. Ама и ја дојам тоа време зошто така заспива Мед не се дава пред годинка не само затоа што е алерген, туку затоа што може да е контаминиран со спори на бактеријата ботулизам која за дете пред година може да е фатална, скраја да е. Затоа поарно не давај. Ние имаме пчели и кога ќе ми текне дека на внука ми која е прематур и дававме уште на неколку м за да фати цуцла ми се плаче. А он ако не фатил до сега, не во мед, во чоколадо нека ја потопат нема да фати. Големи се веќе. Па и за шо толку да се форсира да фати цуце, кога си има цице. Хахха. Мала шала. Знам како ти е. Чешки да фатеше и мојава...
Ох, ве читам за водата како пијат, алал да им е Бебо мој само два дена по ред пиеше по 100/120мл и толку. И откажа љубов на водата. Пробав деновиве да му дадам домашен сок од цвекло и јаболко (ради Хгб) од чаша, ама не сакаше ни така. И не знам веќе што да правам стварно. @hello-kitty.90 моето на 8м јадеше по 3 оброци, во просек по 180-200гр на оброк. Ај да ве прашам додека сум тука, што давате за вечера (бебо е 9м)? Јас досега давав од готовите каши на Хип, или од инстант млечните каши со житарки и овошје. Оти уште не јаде палента и к.млеко на пример. Па немам идеја што да му давам? И уште е на блендирано само.