Давам појадок, ручек и ужина. Е сега бидејќи нашите се друга лига каде мисловна именка е 200г најчесто за појадок јаде пет лажици ( а што би јадела кога буквално цела ноќ е на цицка. На секои пет минути вечерва). За ручек пола тегло до тегло мало и тоа ако и се допаѓа. За ужина пола јаболко, круша или слива. Цицање пред спиење на ден. Три до четири пати. Ако не јаде до 7 пати на ден цица.
Тогаш му даваа мал ко беше ма 2, 3 недели и тоа без моја дозвола, никој не ме праша, јас објаснував зошто не треба ама џабе, не се разбираат, немпра да му давам ќе почекам уште 3 месеци @happygirl за вечера му давам гриз со какао и банана, мн е вкусно, попара јогурт, сношти само павлака му дадов, некогаш, бисквита со млеко, палента рече дека не сака, пробај направија со овошје можи така ќе ја јади, ако немаш пробано.
1.Цвекло од кога може да давам? 2.Каде да најдам бисквити без шеќер, да не е ДМ? 3.Во план ми е да воведам вечера за една недела, овие инстант кашите сите се со додатен шеќер, такви давате или јас се потресувам мн за шеќерот?
Се помирив дека се има шеќер. Доручек има овошје, ручек секогаш спремам јас, за една вечера не се секирам ако внесе малку шеќер. Јас ја давав купечка каша со морков, јаболко и батат. Со секое посебно. Сега чекам на есен да има свежа тиква.
Бисквитите со АД ли ги даваш? Јас уште немам дадено АД, а ене ја кутијата стои во другата соба. Вечерата всушност треба да биде житарка со овошје, или млечна со житарка/овошје?
За доручек можеш со банана и житарка.За ручек со ориз и тиквица дадов и многу ја сакаше.За вечера само со житарка по твој избор.
Не со малку кравјо млеко, битолско колку да омекнат, баш сега пишав во др тема, купив од ДМ Babylove 2 ад ама не му дадов, мн лошо ми мирисаше го истурив, изгледа нема ни да му давам АД, ќе пробувам со кравјо или козјо, ама мислам дека нема никакво да пие синко, еднаш го пробавме во шише растворено со малку вода и плукна не сакаше. Така да ќе ме чека да си дојдам од работа за да цица, 7 сати сум на работа ќе издржи Му имам давано бисквити и со сокче, ми носат сокчиња, а тој не пие сок никаков, а и не му давам, значи и така јадеше пробај изблендирај и со праска, таа е поводена ќе се растопат бисквитите.
Ве читам како вашите бебки си јадат бисквити, овошје, па и сок дури и ми се плаче. Значи како може оваа да не сака ништо. Се запнала само по палента, така без ништо и само тоа делка. Упорно нудам и друго и ретко да ми успее да касне. Едно време вака само на кисело млеко живееше, сега е палента, наредно нз шо ќе биде. Не знам дали да плачам или да се смеам.
По правило вечерата е млечна. Ама можеш и овошка со житарка. Нешто сепак треба да ги држи сити. Обично за вечера банана комбинирам со нешто. Ако давам овошје свежо. Бисквити и со овошје можеш за доручек. За вечера со гриз и банана.
Не се споредувај Мила, секое дете е различно.И мојата кога јаде,кога не.Овошјето ич не го обожава,а и јадењето не е да седне да се најаде.Почнува во хранилка, фрла се пред неа, па ајде низ собите, на тераса, песнички итн...Да пукнеш додека ја нараниш.Секој ден по 4 часа одвојувам само за хранење.Башка времето за готвење.А рацеве кога си легнувам отрпнати ми се веќе. Никаде не е мед и млеко.Некој јаде повеќе, некој спие повеќе, некој плаче повеќе и така. Битно ти си супер мама и успеваш да излезеш на крај. За галењето исти сме.Ако има нокти намерно те грепка со нив дур не ги излушти, клоца со сета сила, мава со раце, ме гризе на рамо, ме шлака по гради и ги стега забите.А јас пак намерно ја гњавам. За херпесот барај Viru-Merz најдобра маст.
Ова моево се јади, абе какви луди комбинации му имам давано мн ретко да не бендиса нешто. Е и месо не сака баш, едвај 2 пати неделата му давам и со сила ќе го јади и тоа со патлижан камуфлирано сега сабајлево му давав банана, оризови галети и тоа 3, и малку сокче за да омекнат галетите, цело тегле го изеде од поголемите 190г што се, тие блендирани бананата сецкана, јадевме со мм и го донесе свекрва ми на маса и зинува за лебче му дадовме малку 2, 3 пати леб со јогурт јадеше и друго што го сеќавам сега во последно, сака да јади ко нас, со леб, ужива и со мерак јади, овошниве каши почна да ги одбива, а рано му е за леб.
Мака ми е зошто да јаде еднолично и монотоно, кога има толку многу јадења. Ама што е тука е.... Viru - Merz па мене ич не ми помагаше, дури мислам дека повеќе ми се правеше. Моментално имам херпенсан засега скоро и да не се знае дека имам херпес и скоро да не ме печи. Можеби и не е херпес, оти бебе баш тука ме изгреба со ноктенцата а лази секаде па можеби ми се исфрли усната. Инаку досега Ацикловир најубава маст за херпс ми била, ама нз дали ја има уште. Последно кога ја барав немаше. @lackygirl јас и давам интегрално лепче додека јадеме цела кришка и си ја носи во уста грицка, нешто плука, нешто голта, нешто гмечи и така. Гледам да и правам и домашни кифлиња и проја. Кога веќе тоа сака да јади, барем нека е домашно. Се помирив дека не е по здрава храна... Барем јаде парчиња и знае и сама да си јади ако ништо друго...
Браво за куклата твоја, прави 90% од работите што бебиња на нејзина возраст не ги прават.Ама ете мама се запнала за јадењето.Ако крвна слика е добра, ич не се секирај.Ти пак си нудиш, а бебе е супер.Само живци да ни каже некој од кај се купуваат Се слагам за ацикловирот.Мене херпесанот не ми помагаше. П.С.Се извинувам за оф-топиците се занесов дека сум на темата од 6 до 12 месеци.
Свежа е, мајка ми ми ја купи од Веро.... Ќе ја дадам само тиква со малку путер... Круша, батат и јаболко имаше за доручек Ви благодарам на одговорите @Spidy & @babydust
Ок е, оти да не е .Житарката треба да ја држи сита. Иако некои педијатри не препорачуваат овошје ноќе, давам и јас.
Па затоа се мислев, дека слушам некои не препорачуваат, ама што да му давам тогаш, не може секоја вечер кисело млеко и палента, давам и од тие нокните на хип во кутија што се прават со вода, ама поретко дека не ги сака многу
4ипол месеци сме, ми рекоа за се почне со дохрана и тоа компир,морков,тиквица ... еднаш дневно, а ноќните подои скроз да се исфрлат, да се дава или вода или цуцла... кај вас исто ли вака беше?... и дали може првин со купечки кашички да пробам или?
Можеш да почнеш со купечки. А кога да почнеш ти одлучи, дали држат главчиња цврсто, како стојат со хмг, ти сама знаеш колку се спремни.