Не,не е дохрана него онака нели да се почне веќе со цврста храна, дека напредуваме...за почеток е ова, за свикнување на вкусови..на 2ри октомври сме на контрола па ќе каже доктор што понатаму, ова телефонски од ординација ми кажаа како да постапувам до контрола...на маж ми не му се верува, ми вика какво е тоа онлајн советување без да се видат децата... и мене ми е чудно, месец дена ги нема видено педијатаров а ваму телефонски ми кажуваат до контрола шо да се прави..
Без разлика дали се на ад или мајчино, сама процени дали се спремни децата за дохрана како што те советуваа погоре.
Децата си напредуваат нормално, и главче држат ко што спомна @FreeMind се си е најнормално...ама искрено и мене некако брзо ми дојде ова со воведување на храна.. некако нагло шок, дека уствари имам деца
На АД воглавном, мајчино еднаш до двапати дневно..и ако не рачунам ставање на града за смирување...значи комбинирано..
Дафи како да знам дали се спремни, како ќе ми каже доктор така би требало да правам нели... за што се иначе... овде сакав ваши искуств Хахаха фала и твојата жива,здрава да е... Абе едната е напаст жив,огин,живец, другата е помирна, толку спротивни карактери се, тоа чудо едно...башка и физички се различни, светла со плави очи и темна со кафени
Сепак треба да си кажи педијатар, но ако убаво си напредуваат јас би почекал до 5 м барем. Но сепак тоа е твоја одлука и секако на педијатарот кој ги следи.
Дали можеш некако да ги наместиш на столче на 45 степена Дали голтат убаво млекце, да не уште се задавуваат Како ги држат главчињата Инаку јас би чекала 5+ ако нема индикации за порано. Месец дена нив многу им менува.
Со педијатарот не се разбираме, муабетот и е се како јас сум сакала така, мене ми е битно како е исправно..за недела дена ќе полни синко 7 месеци, до сега јадеше овошје за ручек го давав, теглата е ококу 100гр.мислам, и сега ми вика и солено да дадам..значи може ли за доручек да дадам овошје 100грама, а солениот оброк за ручек да биде? И ако наутро јадел тегличка овошје, ручекот колку да биде количински, колку вкупно грама е дозволено за 7месеци, заедно доручек и ручек колку да биде количински? И за трет оброк, односно вечера колку да чекам, на полни 8 месеци може ли да има 3 оброка? До 6 месеци бевме само на доење..
Денес почнуваме со пробување вкусови, па имам едно глупо прашање. Беба ми станува во 7, во 9 и е веќе првата дремка се до 10:45. Дали да и дадам кога ќе стане пред да цица, или откако ќе цица, накај 12 на пример? Или касно да не е тогаш? Да и дадам пред 9? Доручекот секако ќе и го вметнам пред 9, ама да не направам каша попара вака. Повеќе прашања испаднаа, се надевам ме разбравте.
Само да споделам,за членките погоре што прашуваат... Никогаш не мерев ни во лажички ни во грамови колку ќе му дадам. Му давав додека јадеше. Ретко ќе изеде цела кашичка,секогаш остава по малку.Е сега ако би изел цела,не би му дала повеќе,мислам тоа е доволно. И еве го,за некој ден 9 месеци полни,супер си е. Исто и докторката ми рече,давај му и биди среќна што има апетит,да не ти паднало на памет да го држиш без јадење или млеко ако ти бара
Чим само пробува вкусови дај и кога ќе стане. И онака е само пола лажичка до две на почеток. Потоа појадок кога ќе воведеш моја препорака е веднаш штом се разбуди зошто со таа прва дремка стасува и ручек време. И тесно иде за доручек. Гуд лак патем
Сепак и дадов пред 9 и многу неславно помина. Почнав со морков инаку и само што и допре на јазик почна да се гади и да има нагони за повраќање. Ни пола лажичка реално не проба, а се мачевме 15ина минути, па се вознемири ептен и морав да прекинам. Па фино си ја лапна цицката, се испонацица и заспа намрштена. А јас возбудена ептен, му документирам се на маж ми и му праќам, па тоа тањирче од бамбусови влакна, па бејби вода, лигавче што се натнува и на раменца... Ќе биде интересно, жива вода се направив. Да пробам после пак, бидејќи ни пола лажиче не проба?
Хаха, осеќам и со моево така ќе биде. Додуша и дадов парче круша во оние цуцлите со дупки и го гмечеше го цуцаше и цело парче си го ишмука преку дупчињата. Пробав да и го земам оти мала е уште 4 месеца само што направи, ама се изнаплака по него и и го вратив. Ама благичко, вкусно и дојде. А за зеленчук тешко дека ќе сака. Инаку вечерта од крушата имаше малку грчеви. П.С. Твоето колкаво е? Од колку почна со воведување вкусови?
За една недела 6 месеци. Од денес почнав. Ќе видам деновиве со зеленчукот како ќе биде, па ќе вртиме на овошје.
Пробај дај и покасно, сега само пробувате, кога ќе почните со оброк ќе се средите временски. Мојата не отвара уста толку рано. Ние еве сега го завршивме појадокот и кај 15:30 ни е ручек.
Секогаш првото јадење и навикнување на лажиче е вака. Можеш и после да дадеш да проба. Ако даваш само овошје мешај и житарки. Таман сте. Можеш слободно да почнеш со втор оброк. Зеленчук за ручек. Не ви е рано и за месо. Колку јаде зависи од детето. За некој 100гр е оброк, за некој 200. Индивидуално е.
Јас на почеток давав после дремката, пола саат пред доење.Тешко беше,ама по малку, по малку, и се научи.После вториот оброк почнав да давам пред деремката,ама тогаш и дремката веќе и беше поместена покасно.
Не се секирајте од старт. Мојов јадач на се и сешто беше така на почеток. Повеќе мислам дека веше вознемирен од тоа што му беше ново, а не дека не ја сакаше храната. На почеток не сакаше ич и одма се теглеше по цице. Ми се чини исплашен е бил Еве го сега на 9 месеци јаде буквално се што му сервирам. И многу намирници воведов и порано оти се тегне по се. И кој што и да му даде го јаде и така слатко мрмори мњам мњам Најсреќен е коа ќе му дадам во рака сам да јаде. Така да без грижи и потресување на почеток. Секако до една година примарна храна им е сеуште млекото. Ние од друга страна мака мачиме со вода. Несака и несака да пие. Сите можни шишиња и чаши ги пробавме. Само од стаклена висока чаша (дека мене ме гледа) ќе успеам дневно да му протнам 30мл (скоро ништо)