Да, се почнува со две три лажици два три пати на ден. Точно знам како се чувствуваше така пуна себи мислиш ќе отвори уста и ќе јаде. И морковот на прва ти покажува кај ти е местото со едно бљак, прајслес. Велком ин де клаб Прво по книга после 20 дена се ќе изменуваш само да пројаде. На почеток математикава делува збунувачки потоа сфаќаш дека нема некаков ред ниту табели, туку оно мора да јаде. Месо во првите недели е најважно да уклучиш ради хемоглобин оти и на тоа прави бљак па додека се навикне ќе имаш проблем.
@duffi мислам ти пишеше за хмг што даваш. На 8м бебе што смеам?Давам месо, ама се мислев дали може и цвекло.
Сакам да воведам ориз, е сега маж ми зел од холе ама на него пишува органска интегрална каша од ориз, дали е во ред
Можеш. Спанаќ Блитва Жолчка Аронија по 1-2 зрна Гоџи Рибизли 9-10 м Пастрмка Инстант ориз е. Во ред е.
Јас на 6+ два оброка гледам да е риба, два месо, два веге. Оваа и ја давам: https://www.google.de/search?q=lach...hU8QkEAHXP_B9UQ_AUoAnoECA0QAg&biw=414&bih=719 Ја има во хип тегли со зеленчук. Има и бела риба за од 6+. Засега не ја сака али ќе ја засака понатаму.
Јас непрозвана да ти пишам Дека хмг на 7 месеци имавме ужасно низок. А сега на 9 ни е во граници на нормала. Јас поради оваа ситуација од 7 давав: цвекло, блитва, црвена леќа, просо, жолчка и телешко месо како најдобри за борба со анемија. Овие ми беа вклучени скоро секој ден, само месо и жолчка не во исти ден. Коа давам жолчка, јаде леќа за ручек. Покрај ова давав: кајсија, семки од тиква, овес, магданос, рибизла, аронија, мисирка, слива, брокула... Сега од 10 ќе почнам со семе од коприва и маџун. Голем дел од овие се препорачуваат над 10 месеци. Ама кај нас работава беше дојдена до тоа да му се менува крв на бебе. Па јас решив да воведам се порано и среќа успеавме. Така да твој избор. Не се води по книги и правила
Пак јас со прашањава, веќе страм ме фаќа Ама па и нешто не е активна многу темава па да ја активирам..хих Какво маслиново масло купувате за бебушките?
Ладно цедено и путер сега почнав да користам 9+ Мајки на 9+ дали давате крставица, мојов денес јадеше со баба му. Само му даваат се и сешто тој па само зинува незнај да одбија.