И да е малку ќе реагира мешето. Мојата пред некоја ден јадеше каша со диња и вечерта многу плачеше и напињаше. Ама мојата и така си е проблематична со мешето.
Нема мака од диња моево, досега само црвена леќа и грашок го имам сетено дека му смета не му давам сега некој период, а многу ја сака леќата.
@thinkerbell исто и ние ги поминавме првите два ден со пробување вкусови. Сега помина една недела и добро е, секој ден и ја зголемувам дозата, денес изеде околу 60 грама батат. Но јас сакам поискусните да ги прашам, малата додека јаде и наеднаш започнува да кемка, морам да престанам со хранење и сака одма да цица. До кога ова вака? Кога ќе јаде и нема да бара одма да цица? Како да и воведам оброк или многу брзам? Да не треба да и понудам вода по јадење?
Околу месец дена така бараше одма да цица после се навикна, мора време за да се навикнат на храната и да сватат дека тоа му е оброк а не цицањето
3ти ден некако без успех. Сега па и не сака да отвора уста. А вчера и дадов на мајка ми ако може да и успее, и без проблем излапа 4 лажички за помалку од 3 минути. Денес еве пак се тргнав, демек маж ми да и дава, ама ништо, плаче, се трга и плука. После специјално ќе одам пак кај мајка ми да видам дали ќе и успее. Толку ли сме неспособни едно дете да нахраниме, еве не ми е јасно. А јас како човек што мрази да готви, со ќејф ги приготвувам кашиве. Ме фаќа паника, знам дека се само три дена поминати, ама за 2,5 месеци тргам на работа и страв ме фаќа ако вака продолжи.
Црвена леќа давам јас, ја варам со лук, кромид, морков или патлиџан. Некогаш ставам и мало компирче. И обавезно телешко месо за моето, инаку не јаде
Исто како мене почнуваш. Ние и пауза направивме три дена без храна оти се доведовме до степен да ни плаче штом ја седнеме да јаде. Прво види мајка ти каде и ја става лажичката. Многу битен детал е повнатре се става оти сама не знае да ја сврти храната и добива нагон за повраќање. Второ смени ја лажичката во метална види до тоа да не е. Трето додај малку несолен путер или ако даваш компир со млеко (мајчино/купечко/ можеш и кравјо на толку мала количина од кога ќе воведеш млеко) направи и го како пире. Види морков да не не сака кај мене и на банана плука. Стави пашканат од теглички и тиква од хип даваат блага жица и можеби ќе сркне две лажици.Не ја форсирај оти потоа пак ич нема да отвори уста. Ако не сака зеленчук врти на овошје за да можеш барем со житарици појадок како оброк да воведеш можеби ти ќе имаш среќа. Направи повеќе комбинации и пред нос пробувај од сите пример само батат, батат со морков, батат со тиквица итн. Ако не сака се тргаш од кујна утре пак. И најбитно не се откажувај секој факинг ден истото прави го. На седум и пол месеци после месец и половина убедување дури сега гледам напредок и дека почнува да сака да јаде (сеуште не многу количински) али важно отвара уста и јаде. И цица сеуште нон стоп. И вода од лажица пие и од чаша обична. Цуцла ни под разно. Колку е разочарувачки ова со хранава немам збор. Многу многу нерви и време. Многу тежок период.
За херпес зортекс мислам дека се викаше помага Успутно да ви кажам најдов една апликација за следење на бебето што јаде, фина е, ѕирнете си ја.. Nuttri-baby food
@FreeMind баш разочарувачки е. Ама некако знаев дека вака ќе биде. Еве сабајлево гледам и другата единица избила. Два заба за два дена. Па се тешам дека до тоа било. Инаку вчера пак со мајка ми јадеше. Плукаше, ама и си касна неколку лажички. Ништо поразлично од мене не прави, можеби само не е нервозна . Изгледа како цицка ме гледа детево.
Не да е разочарувачки и фрустрирачки и тешко. Абе како може мојава само глупости да сака. Еве се потепа за кроасан сега. Јадев, ми иди се гали се мази за да и давам. Отвара уста, шлапа, чиниш нз шо јаде. А од кашите, абе ниту една не ја сака.
Баш така беше на почетокот. Јас давам да јаде таа се тегне накај цицка, мачно е додека да сване дека тоа е оброк.
Мајка ми така ми вели дај му леб на детето нека се најади, па вистина овај сака леб многу, еднаш во денот му давам или за поручек или за ручек, а некогаш и за вечера со јогурт
За жал мојава не сакаше ни лино десертот да го душне. Сега останува уште тие на нестле да ги проба. Додуша знам дека ни тоа нема да и се бендиса, ама јас да ја понудам. Ако не цицето е тука 24/7...па не мора друго да се јади....
Секој ден ме скренува. Јас ќе и зготвам, не ни пробува бе. Тоа што е за ручек тоа сака. Пр.денес во ресторант келнерот на мојатс луда корицаки и носи тањирче со мала виљушка. Ја зема виљушката и му ја фрла у фаца. Ок. И давам патлиџан, компир, пилешко кокошка, јаде. Едно време и се здосади со лажицата, саксше со рака да ја раниш, со рака еееееј. Од свеки јаде, пробувам јас вреска. Банана у стомак ќе и порасне. Лепче корка глода. Мислам пишав, не се сеќавам. И напрсвив јадење, она гулаш се натискала. Гулаш бе! Оф топик, ме скрена. Многу е луда. По сите ресторанти чаши истура со вода, храна на земја, ги задева луѓето и морат да и презборат. Почнувам да се тресам ка ме нервира, стварно ме скренува. Енергија, 100ка на саат. Минутата кога правиш ад, најдолгиот период во нејзиниот живот, липа дури.