Долго трае авокадо ако е зелено. Ќе ги фаќаш со рака помеки ќе купуваш за да не ги чекаш. Напрај си салата свежа или сос од авокадо додај сирење, лимон и павлака. Измешај, испасирај и фурнаринки. Бон апетит
Деее профа пиши ми европејски како да терам Еве утре со јаболче ке му давам повејќе пати на ден па задутре пример праска? Деее ама е сложено ова...
Јас како најпрофа немам табели. Овде се дава се освен мед прва година и јаткасти. Друго што сакаш тоа личи комплицирано али за месец дена ќе влезеш у шема. Ајде со лесно! Баш така јаболко, па праска, па круша итн.
За ручек што давате? Некако се ми е еден ден компир основа,друг ден ориз, и така во круг.8+ сме.Можам и боранија да воведам,ама страв ми е да не го боли меше,зошто малку " осетливо" ни е,па ќе почекам уште една недела. Леб давате ли? Блитва или спанаќ има ли сега свежи или не? Во маркетиве во маало нема,па викам да не не им е сезона сеуште? Сирење има некое несолено за бебиња или само моцарела давате? Оние абц намази или не се за бебиња?
Од 8+ почнав да давам и боранија и црвена леќа. Блитва има свежа, спанаќ нема, барем овде. Сирење уште не сум дала никакво, не знам оти.
Со што можам да воведам пашканат? Или може и само? Плус и мене не ми е јасно ова со воведувањето нова намирница, малата сега јаде по 50/60 грама. Ако и дадам толку нова намирница да не е многу? Или треба три лажички од новата па нешто друго да јаде што има воведено. Или си тера цело од новата? Уште сум во прашалници за јадењево? @Happyinlove среќно, бебка се да јаде. Само уште потрагично е со егземава, незнам да проценам дали има некоја алергија особено кога е цела фифната
Пашканат можеш и чист можеш и со тиква, тиквичка ако имаш воведено. Јас му давав едно лажиче од новата намирница и ако нема реакција му мешав со нешто што пробал веќе, ама ако го јаде и само пашканат можеш така на почеток.
Ајде со леснооо. Па до 8 месеци каооо ова што го воведуваме не се алергени производи... така педијатар ми кажа фифнати сме и ние еве моментално ни јас алергено сум јадела ни он пробал. Па после 8 месеци ако немаме подобрување ке правиме алерготест. И ми спомнаа као брис од нос. Мрса бактерија као давала дерматит ке видимееее
Внимавајте на кајсија, млечни, цитрусни, јагоди, домат, јаткасти. Најчесто тие предизвикуваат алергии. И ние имаме дерматит, досега не покажа алергија.
Јас сум очајна. Детево ништо не јаде. Морков, тиквичка, јаболко, тиква, абе ништо. Утре ќе пробувам со банана, ама не верувм дека ќе биде подобро. Една лажичка да изедеше како што треба барем. Кажував дека со мајка ми јаде. Епа ни со неа веќе не сака. Само плука, и евентуално ако успеам да и ставам нешто во уста ја држи отворена додека не почне да капе се. За жива глава не ја затвора. И тоа трае 30ина мин. Јас жива вода, она лом, вчера дури имаше малку јаболко во косата. Немам идеја што да направам веќе за да јаде барем малку. Никој со бебе во околина моја нема вакво искуство. Ќе пројаде ли? Па не може вака, зарем до прво одделение ќе цица. Педијатарот ми рече 80-100 грама треба да јаде. Аха да, секако. Така нереална ми изгледа бројкава.
Да почекаш да изгладни малку?Јас прво давав 1 час по подој и не јадеше.Почнав 2 часа по подој и почна по малку.
И два ипол часа по подој давам, џабе. После подој исто. Измеѓу подои исто. Стварно не знам веќе што да правам. Еве во тиквава додадов и мајчино млеко, демек познат вкусот да биде, како не, тикви варени. Не сака и готово. Купив на хип кашички, ни тие не ги сака.
На моево и требаше 2 недели да почне да отвара уста, се пред тоа беше залудно.Не знам дали беше до вкусовите, ама мислам дека им треба време да свикнат на новата текстура.Плус и заби и излегуваа тој период.Дали беше до крушата, до гладот, до изникнатите први запчиња, не знам, ама после овие работи почна по малку.Ќе пројаде сигурно, ти само нуди.
Профа, Бебево со сласт маф направи 2 л јаболче на пареа испасирано,па намерно не му дадов повејќе да не го боли меше од старт пс цицаше кратко. Сега тоа што ми остана повторно да дадам некое лажиче или ново да правам? Ова пред 1 час беше,а кога ке посака да дадам прво јаболче па цицање. И утре круша
Јап. Од истото дај му. И имаш време уште две лажички до вечер. Утре крувче. Машала нека јаде! @thinkerbell после месец и пол ја затвори устата. Буквално само така правеше. Нерви и упорност давај секој ден додека не сфати дека ќе мора да јаде милум или силум.
Мене док ми рече да давам пасирано уште од почеток, не блендирано, за да се научи да џвака, јас давав прво блендирано па после 7м и пасирано и блендирано па после 8м веќе парчиња почна да јади.
Јас така направив, само што ние почнавме со морков, нудев два пати во денот по две-три лажички и одма после тоа цицање. Можеш и утре пак само јаболко ама зголеми количина. Ова колку на почетокот да се навикне мешето. Ние денес за прв пат изедовме 100 грама батат и тиквичка и издржавме пола час без цицање . Инаку мораше одма. @Vaga~ ќе дадам со тиквичка тогаш. Нејзе ја обожава, а плус ми ги прави потечни кашите. Уште нешто сакав да прашам, по колку вода ви пијат бебињата. Јас почнав да и нудам од кога почнавме со вкусови, пие шо 50-70 мл на ден. Многу е, малку?? @thinkerbell мислам дека и вам ве мачат забите како и малата на @FreeMind па затоа не сака да јаде. Ви се поклопил терминот. Мора да пројаде само упорност.
@lackygirl мојата се дави од крупно пасирано. Не ја форсирам чат-пат пробувам. Инаку мајки ќе го биде ли ова вака во замрзнувач?