Ќе ти кажам јас како почнав, ако сакаш пробај пр, праска таа е мека, блендирај овошје што сакаш, како си даваш ти и мал дел испасирај со вилушка и внатре стави го со др каша мешај. Исто и со банана таа веќе можиш цела пасирана, патлижан можиш цело парче...лебче со патлижан макнато. За др прашање незнам да ти кажам немам замрзнато, ние денес компот од праски правевме и патлижани во теглиња.
Банана јаде директно од неа, праска исто и кинам парчиња и круша исто, ама за ручек многу се дави, исто така ја дават просо, киноа ако не се блендирани, а баш се меки... Месо не ми паѓа ни на памет парчиња. И кога е пасирано си ги лепи некако горе на непце и веројатно кога наеднаш цело и иди се дави
@paleska3 не може само за ова да се забите. Излегоа два доле, горе исто мислам дека за скоро ќе биде, ама мислам дека така и чини. Инаку си е скроз весела, само кога и се нуди јадење станува гомце. Уште кога ќе и ставам лигавче. Ве читам како од старт ви јадат и си викам што дете ќе беше ова. Мислев и моево така од старт ќе биде, бидејќи бајаги почна да се интересира за храна на маса и ако види лажиче да отвора уста. Уффф, ајде пак да се бориме, дојде време.
Кај мене малата шмука, мисле цица, не ми сакаше компир кога и дадов затоа што посуво е. Затоа тиквичка ставам скоро во се ми прави потечно па така јаде. Инаку баш спротивно е мојата. Не изразува ич желба нас кога не гледа, ептен кога ќе ја допрам со лажичето на устата тогаш отвара и шмука. И обавезно имаме цртани пуштено да се занимава со нешто. Можам да замислам колку е мачно да правиш и фрлаш. Ќе пројади но мачно е до тогаш да и ја најдеш цаката.
Здраво мами... Некоја која има време да ми помогне со совет. Исхрана ќе почнеме од крај на декември. Па дур има овошје, зеленчук што да замрзнам и како иде постапката. Фала
Има спанаќ смрзнат во КАМ. Јас не го јадам ама мм вика бил вкусен како свеж. Му варам на моето. А има и бејби спанаќ како салата спакуван низ поголемите маркети. Полусварен е во Кам , само го доварувам со оривче. Омилен ручек му е, плус жолчка.
Направи компоти од овошјето, а зеленчукот замрзни го свеж. Поназад мислам Лолипоп пишуваше за постапката. Јас така ги направив, и еве гајле немаат. Јас само тиквичка замрзнав, исечкана на коцки, спремна за варење. Домати, пиперки исто планирам да замрзнам.
Морам да се самоцитирам, додека сум го пишела постов мајка ми му дала бифтек и тоа свински само раскинато на ептен мали парчиња, идам јас в дневна гледам јади фраеров рано е за свинско, ама ој разбери се со мама значи што ќе науми нема шанса да ја премислиш, само по свое си тера, само се караме и џабе
Свинско се дава исто како и останати меса. Отфрлено е мислењето дека треба да чекаш три години да му дадеш. Така да не ги карај слободно може да јаде секакво месо. @BabyT* јас почнав од прва со пасирано, блендирано е од 4ти месец за оние кои почнуваат. Се дави и моево али и џвака. Од 9ти ќе почнам по малку со фингер фуд. Али кога ќе се задави коса ми се тресе. Ич не го можам моментот.
Гризот како го правите? Тоа не се прави со вода мислам. Упатете ме @FreeMind дади и корка лепче, ќе се тепа 5мин.
Јас со вода го варам. Во 200мл зовриена вода ставам 2 лажици гриз и за 5 мин е готов. Додавам некое овошје и ете го оброкот
Јас готов на хип купувам и само со вода го попарувам. Овие два дена не сака ништо само цица. Нека оздраве почнуваме пак овој пат уште појако
Леле кој знае што ме чека,мојов со цицка се дави и од шише .... ке свршиме работа . Јаболчето вчера пробано и со сласт 3 лажички маф,прв обид денес круша нејќе. Ке пробаме уште денес ке сака
Сакам денес за ручек да воведам блитва. Како ја приготвувате и отприлика колку дадовте првиот пат? За се прашувам, ама околу мене сите различно кажуваат...
Јас обарив зеленчук кога беше при крај ја додадив и блитвата, ги извадив само жилите, дадив за почеток еден лист голем.
@snegce Исто вака, комб со ориз и кромид, или со компир и кромид, некогаш плус тиквичка додавам ама вака најмногу ја сака. Блитвата ја обарувам некоја минута и после ја мешам со останатипт зеленчук, исто жилите ги ваѓам.