baby first semolina тоа е гризот од хип? тука пишува дека е со пробиотик може да се дава наместо овичен гриз?
А зошто е сменето мислењето за свинско,има ли појаснување,гледам ги пратиш тие работи? Инаку моцарелата како ја чувате,колку време може да ми стои отворена и со што ја давате? И каква риба можам да дадам? Ако купувате риба од маркет,еден дел давате,остаток замрзнувате,или како?
И јас дојдов да прашам за рибата, каква давате? Прашувам за од рибарница или маркет. Нема кој да ми лови свежа Бебо е 9+, може ли да давам риба? За моцарелата и мене ме интересира, сите пакувања се големи како што гледам. Колку време може да стои отворена во фрижидер?
Рибата можеш да ја понудиш да ја џвака. Ако не сака изблендирана, со некој прилог зеленчук или компир, ориз. Пастрмка свежа можеш да земеш. Моцарела има на Зот мали пакувања. Едит: Еве овие 125г
Јас од КАМ ја купив моцарелата баш е мало парчето, колку една праска мала беше, му ја давам со јајце и патлижан. За риба и мене ме интересира, само еднаш му дадов после 8 месеци во супа, баш тебе ти пишав панга филети ама ете таа била загадена риба, од тогаш немам дадено риба, а сакам да давам. Во кесата внатре имаше вода и ја турив водата и моцарелата заедно во пластично паковање.
@lackygirl се сеќавам за пангата тогаш. Како се спрема риба за бебе, просветлете ме? Јас ни за нас не готвам риба дома, туку порачуваме еднаш во две недели. #недомаќинканавекот
Испечи ја со некој зеленчук во фолија. Претходно остави ја во некоја маринада, од лимон, лукче, магданос и испечи ја.
Лимон и магдонос смее за бебе од 9+? И да испечам цела пастрмка? Веројатно мал дел тој би јадел, а остатокот за нас?
Да . Смее оти да не. Големи сте веќе. Да слободно како за вас ја испечи. Со малку масло. Пола час под фолија и уште 15тина мин без. Ќе регулираш самата, зависи од рерната.
Јас сум цела во??? Јаде Алпско к. Млеко и се појавува црвенило околу усте, јаде друго кисело млеко нема ништо, исто и од јогурт Баланс, денеска од моцарелата пак црвенило... Инаку кога не и се појави црвенило беше измешано со овошје, директно така кога давам и се појавува, има врска тоа?
Во Македонија не е сменето сеуште гледам иако никаде нема поделба на меса. Еве на пример Хип го прашуваат зошто не смее свинско месо за бебе. Од хип велат дека свинското месо е погодно за бебиња исто како и телешкото и овчкото месо заедно со пилетините. Свинското е само како религиозна ствар “нејадливо”. Впрочем во нашите продукти има и салами од свиња од 4+ секако био. Мислам можеш и на англиски да го направиш во мени. https://www.hipp.de/forum/viewtopic.php?t=19949 Не постои поделба на меса за бебе. Најмалки за свинското. Порано пред некои си 20 години се мислело забрана за бебе бидејќи свињите се ранат со се нели, за разлика од другите кои се тревопасни. Па токму поради тоа го исфрлале свинското од мени за бебе. Денес кутрите животинки (кои патем се трети според интелегенција во животински свет) се чуваат во “логори за свињи” каде не можат главата да ја свртат и јадат само индустриска дохрана. Исто како и сите месни индустрии месото е контролирано производство. Мали свињарски одгледувачници може кај нас да се најдат кои си чуваат гудиња у двор. Али воглавном на светската маса се бара квантитет и затоа за тоа производство зборам.
И на мое бебе кога воведов млечни даде таква реакција. Ама давав бучен козјак. Помина брзо и само. Не прашав педијатар тогаш.
Само на к. Млеко покажуваше така или? Што друго можам да и дадам да видам дали ќе има реакција 8м сме.