Матичната ми рече 2-3 саати пред спиење најкасно да ја давам. Моето вечера околу 20ч, некогаш и 20:30 го фаќа. Ама заспива околу полноќ па таман му доаѓа. Инаку најчесто давам готови каши за вечера, од ноќните млечни на Хип во тегла или инстант кутиите, бебо мој ги обожава. Некогаш давам и палента со кисело млеко и банана, или гриз, какао и банана. Ама претежно е на готови каши навечер оти тие се млечни.
За во стакло ги знам, а во кутија кои се може ли да ми ги сликниш? Какао од кога може да и давам? Денес и дадов пред пола час, она се успива 9 ипол, ај ќе знам утре порано тогаш... Машала баткото ноќна птица ти е
И мојот божем пројаде,еве го пак протестира Барем да ме оставеше уште некој ден да се порадувам Настинат,кашла,шлајмови,заби - кои не знам веќе кога ќе излезат,скок .... и пак ми го пореметија детето. Вчера не сакаше да јаде. Му купив моцарела ( со колкава возбуда ја бирав, па барав и повеќе рок да има,а таа само 7-8 дена,па се чудам зошто од сите марки моцарела при крај и е рокот ) Никогаш ниту сум купила,ниту пробала,на крај ми стана јасно зошто многу краток рок на траење има Направив палента,и викам таман и моцарела ќе дадам. Еднаш му бутнав сиренце заедно со палента,ај,се помршти,погади,па некако голтна.Ај викам само моцарела малку ќе му дадам,подзгмечив со рака,му протнав,доби нагон за повраќање,ајде уште еднаш сигурно ќе му се допадне и ми поврати . После никако не сакаше да отвори уста. Па така џабе е купена моцарелата,сакав да ја изблендирам и протнам со нешто,ама прочитав дека со блендер била како мастика ,па не знам дали би ја искористила некако. Со што друго можам да ја дадам, освен со палента? Денес пак пробав да му дадам доручек,омиленото,праска и палента,плачеше на секое протнување лажичка,па се откажав. Ручек ниту имав желба,ниту можев да му правам од што ми беше лепенка,а и секако немаше да ми јаде. Ќе пробувам утре пак. Што му требаше оваа настинка,се ми поремети Леб додавате ли во кашите,пример чорбичка кога правите,за да биде погусто или не? И како е можно,кога ќе му дадам трошче леб не се дави,а друго било што кога ќе дадам мааало парче одма се дави ?
Леб со супа имам даено, исто со јогурт, а моцарелата пробај на пример на палената ставија горе и малку потпечи ја во рерна, ќе се стопи и можи така ќе ја сака Пробај леб со вода од патлижан макнато моево сака попрости работи, не сака специјалитети, кога ќе се опуштиш, кога ќе почнеш се да му даваш, се ќе јади и тој ќе видиш
А пред спиење млекце им давате плус, така? Моево без млекце не заспива и плус станува навечер во спиење цуца 150мл 1-2 пати, да не е мн тоа? И он пред 12 не заспива..
Какао дадов на 8ипол месеци јас. Баткото е ноќна птица од раѓање. Првин заспиваше во 04ч сабајле, па намали во 02ч, па сега на полноќ заспива веќе неколку месеци. Никако порано Затоа и спие наутро до 10/10:30ч. Вечера околу 20ч, па до полноќ цица два пати обично и заспива
Фала мајче. Толку еве и мојата ја држеше вечерата 2ипол часа и пак се размрда за цицка. Цицаше и заспа.. А јас баш се тешев дека ќе прескокнеме некој подој навечер.
Јас вечера воведов на неполни 8м. Еве дури сега после месеципол почна да спие по цела ноќ без да се буди за доење. А истата количина ја јаде од старт за вечера, околу 180-200гр.
Кога те прочитав ми влеа надеж дека и мојата ќе почне да преспива цела ноќ. 8ипол сме, пред недела ипол и воведов вечера ама моментално ми се буди на секои два саати. Уште една недела ни трае скокот па се надевам дека ради него е. Пошо претходно ми се будеше само еднаш за цицање, во 4ч и толку. А и проби и втората единица горе, па сеа 4 запчиња имаме Валда ќе оди на подобро.
Ве читам со грамажите од 150-200 грама на оброк, ми иде да се утепам. Прееска 60 грама ја хранев скоро цел саат. Цица на 4 саата, само преку ден, значи не е дека се најадува со млеко па не сака каша. И заменувам и едно цицање со шише, не пие повеќе од 150мл. Јадеше по 150гр околу 1 недела пред некое време, којзнае што и текна, и сеа пак по старо. Дури и секој ден менува што сака, ако денес јаде нешто без проблем, утре истото нејќе да го види. И јас не сум била јадач како бебе, ама ова ми е лудо, не знам од каде вади енергија. Врвот е што беше болна, па не сака ни да цица, а камоли да јаде. Качи 500 грама за 2 недели кога јадеше, сега ослабе неделава. Јака ви душа на тие мајки што се расправате со нејадачи.
Мм почнал и месо така да и дава парчиња. Нешш јадела нешш плукала. Кој знае шо прават. Сигурно на крај жива гладна е, зш кога ќе си дојдам од работа јаде како никогаш досега. Денес прв пат изеде цела ноќна каша. Тррба да запишам датум. Па мајки на тие деца шо не ви јадат оставете ги на татковците 5 часа и после и дрво ќе гризат.
Ова е жива вистина. Јас ова го знам по Ози кога му го оставав да го нарани бидејќи е посебен најголем нејадач на свет од животински вид каде треба да го молиш и секогаш беше : јадеше, нешто плукаше нешто изеде. А он вие за јадење мртов гладен И сега затоа се бафтам со грамови. Ако рече изела 20 знам дека ништо не изела.
@thinkerbell незнам дали ја имаш читано фри ког беше накурчена кога и давала на малата посебно намирници и не сакала. Фри се изнервирала и го измешала сето, малата јадела. Не се сеќавам кога го пиша, неможам да го најдам. Нека пиши она за случката. Фри, мајка како е малата оздраве?
Абе мајки,овие кутиите со ноќните каши ,житарки,инстант каши,пишува 3 недели по отварање да не се чуваат..ги фрлате ли? Многу е без врска,кое дете би ја изело за 3 недели,нема само тоа да даваме..греота ми е да ги мавам,а сметам дека неможе да му е нешто,да се расипат..што мислите и како постапувате?
Јас не ги фрлам, пробувам пред да дадам ако не променила вкус давам (ова само за житните каши без млеко во нив ) .
Ооо боженце изеде пола круша. Ќе јадеше уште, ама доста и е за прв пат. После пак. Ја седнав госпоѓицата во хранилка и мртва озбилна почна да отвора уста и да си голта. Без занимации, без молења, без глупирања. Жими се одамна не сум била вака среќна. Па уште на крај и викам бравоооо и она се радува, се смее. Ми доаѓа да испукам некоја петарда надвор, како еден комшија мој што пука на секоја спортска победа.
Ме пресмеа, алал да ти е. Ма јас огномети ќе пукам кога ќе почне да јади човечки. Само се плашам тоа да не е за свадбата, што и не е така лошо.. Ќе поминам со еден трошок.
Се пробувам на вкус пред да дадам, иначе не ги фрлам. Веќе две кутии такви има изедено, сигурно било преку 2 месеца отворено, па добри си беа. Единствено фрлив малку од вештачкото млеко, ама отворено беше преку 4 месеца. Се гледаше дека е расипано кога го направив. Баш сега имам 4 различни кутии инстант каши, за 3 недели ни една цела нема да изеде, нема шанси да ги фрлам.