Мојот маж дури кажува аа доста и е . Машала јаде мојата по 200гр на оброк,за давењето мислам дека повеќе глуми одколку што се дави, убаво си џвака. Еве вчера пак го поминавме со плачки и 6 пати цицање Жени сме се преместиле во друга тема цела генерација
Мајки вие со бебиња јадачи, по колку грама оброк им давате на 10 месеци. Мојот за доручек јаде 150-200 што смеѕтам дека е океј. Ама за ручек по 300 грама. Страв ми е да не му направам проблем на желудник, да го оптеретам или народски кажано да му се прошири желудник па да има проблеми натаму.... Сега јаде се и од ништо нема мака на меше.
Од 150 до 230 најмногу, а обично околу 180 јади, и јас некогаш се плашам да не му се "прошири" желудничето ама па ако сака да јади како да не му даваш, моево ако не сака ја стега устата и нема шанса да му пикнеш лајче
Кога и приближувам лажица кога отвара уста ми се плаче од среќа. А додека да ја наполнам лажицата ако кенка дека сака уште ќе скокнам до таван. Утрово јадеше краставица(поглода малку), патлиџан и супа (пилешко мевце, морков и кори-јуфки кршени на ситно). Па сакаше мал одмор и продолжи срединка од лебче макано во супата.
Браво за малата @thinkerbell, од сега се да си јади. Со што друго да комбинирам брокула? Денес јадеше со компир, за утре се мислам со што да и ја дадам
Како варите леќа? Никогаш во живот ја немам правено треба да и дадам на бебка, а јас ја имам пробано само два пати и ми правеше проблем и не ја јадам веќе И грашок како да дадам?
Јас ја мешам со ориз и блитва и морковче, или тиквичка брокула и палента.. Не смеам да се жалам ми ја јаде брокулата а го јаде и оноа мешан зеченчук во тегличка од хип (компир карфиол грашок морков) и тој и е некако убав
Со ориз може. Мојава ја јаде така само варена со малку сол, како прилог, кога има мевце за ручек. Леќа јас варам со лукче, патлиџан, морков и малку компир. Некогаш со месо, некогаш без.
Јас давам каков имам дома во моментот. Обично или ржан или микс од зрна од оние пастеризаните на Жито Лукс. Не дека ги сметам за здрави ама тие ми се вкусни на мене.
Додека сме кај лебчето Како го давате ? Јас го цепкам во најситни парченца и и давам зрнце по зрнце што се вика,или потопено во К.млеко На одмор кога бевме и дадов малку поголемо парченце лебче и цело го заголта ќе се удавеше што се вика и од тогаш имам мнг страв Џвакаат ли бебките ваши на 9м? Моево џабе има 5 заба кога знае да се засркне
Прегеска пробав да и дадам еден ржан нешто слично како тонус, натопен во чорбичка па го изеде. Мојата џвака убаво, 8месеци е, ама намерно 'кашла' како да се дави и јас одма се повлекувам од парчиња
Моево се џвака, 9м и 10 дена, лебче давам какво ќе имам дома, бриош последно му купив па му се бендиса Иначе давам парчиња големи, мм ко ме виде прв пат се зачуди ми вели добро толкави парчиња му даваш не ти е страв, јас ваква
Да ти платам лет да ја нараниш и мојава? Јас не можам да се натерам да и дадам парче, а мајка ми одбива да и даде велејќи дека е мала. Како ми е страв од давење кој знае како ќе биде.
Киноата како ја спремате, дали сварена одвечер може да се користи следниот ден, и колку количински да ставам, 1лажица доволно ли е, и пред варење дали ја измивате и како?
Идам секако исто темпо тераме, одма ќе се вклопам, јас не се плашам ич можи тоа е тајната на успехот се задави некој пат ама ич не испаничив, а и ништо не презедов, само стоев и ќутев, чекав да се врати и одма се врати сам, еднаш со смока се задави е таа му ја извадив со прсти од уста само јас и мајка ми не се плашиме се му даваме, а свекрва ми и мм се плашат за се. @bella.s исто како @BabyT* 2, 3 лажици големи во 200мл вода и варам, пред тоа добро да се измие.
И за доручек и за ручек лапаше по 300 грама и тоа од 7-8 месеци. Откако наполни годинка малце намали. Но немај страв, нека јаде колку што му се јаде на детето Немајте страв од давење, организмот си има природен рефлекс да не дојде до тоа, плус само под надзор ќе давате храна во раче. Јас и со двете деца почнав од 8 месеци да им давам лепче во рака, банана... Единствено страв имам од грозје да не го аспирира зрното, па ги сецкам зрната на пола.
Леле јас од коа излегоа запчиња му давам цела круша или јаболко и го оставам сам да се снаоѓа Банана ќе му ја дадам на пола. После него се е лом али битно изедена е. Понекогаш ќе откине големо парче ама го гледам само и чекам...фала богу до сега не ми се задавувал. А пред тоа од 8ми месец почнав да му давам храна на парчиња. Така долги вертикални да може да држи и да гриза. И леб исто му давам сам да јаде