Колку отприлика телешко ставивте кога за прв пат дадовте? Денеска ќе и дадам за ручек да проба, па не знам колку... Околу 2 ќе ни биде ручекот, веројатно не е многу доцна.
Ние за 1 недела полниме 6 месеци па почнав пред 3-4 дена да и давам по малку да лизнува и да пробува вкусови. Проба јаболко, слива, синоќа малку диња и денес круша. Воопшто не е воодушевена, прави фаци за гадење и добива нагони на повраќање. Два пати дури и обилно ми поврати! Не чека messy период!
Леле алал да ви е,јас сум страшливка од задавување Јас и сега знам сама да се задавам и ме фаќа паника па за детево оф оф..
Мојава овие 2-3 дена нешто ми се лигави,пребирливка е станата..Некни купив нов блендер,па со цел ќејф и сварив оризче,тиквичка и морков,и ја чекам госпожата да стане,ручекот спремен.Коа проба,леле една фацка лута,смрштена,абе цела се затресе дури чиниш којзнае што и давамПосле тоа зедов банана цела во раце да видам како ќе реагира,абе се тепа да ја земе,се тегне со двете раце по неаАјде овошје јаде се фино,ама не може само тоа.Еднаш и се допадна и една зеленчукова на хип и толку.Вчера пробав пире,компирче испасирав,ставив и маалце путер за вкус,исто се мрштиПосле пробав компирче со пола лажичка кисело млекце-јаде.Денес и дадов да ближне жолчка од варено јајце.Жвака со муцето,к'сна 2-3 ронки Д-р на последната контрола рече може кисело млеко,јогурт,жолчка од 6,5 месеци.После ќе пробам овошна каша со житарки да видам реакција. И јас на почеток ептен се плашев да не се засркне,и давав ептен течно,но сега и давам и со ситни парченца.Уште сум под штреп,ама да чукнам досега не ми се засркнала нешто ептен јако,шишенце вода до мене обавезно и нек се учи да жвака.
Мајки во ред ли е ако и дадам жолчка за прв пат за ручек? Или доцна се јавуваат реакции, и што да очекувам како реакција од неа?
Јас риба прв пат дадов во 3ч мислам дека ако има реакција одма се јавува, како црвенило околу устето или осип, така ми имаат кажано. Кај нас досега не се јави на ништо, а се воведов еве нека кажат некои мајки на кои им јавиле алергија бебињата.
А како да дадам 1/4 жолчка тврдо варена? Следно сакам и риба да давам таман нема да прашувам пак ми одговори
Обично така дават, јас средно варена, не давав јас така, дирекно пола жолчка, си ја изеде, после одма цела па на 8м белка и си крка сега цело јајце.
Јас почнав со 1/8. Првата недела, пон и чет по 1/8, втора недела 1/4, трета 1/2 и на крај цела. Секоја недела по два пати неделно ќе даваш.
Ме изненадуваш што си делела Јас цело јајце со тарана. После со нудли. И потоа цело и давам пасирано пример денес. Инаку ретко ми текнува во јадење да и ставам. Нови два заба искачаат цела реприза на нејадење одново. Ништо не јаде буквално. Аман нека искочат и куртул.
Што правите ако ви пројават реакција на одредена храна? Вчера со крушката не ми даде никаква реакција, денес и ја измешав со тиква (имам веќе дадено тиква) и и се појави црвенило на образите. И сабајлево кога стана имаше малку црвенило, ама после јадењето се интензивираше. Тоа беше сабајле накај 9, црвенилово не се намалува. Прашањето ми е дали утре пак да дадам крушка, или да ја оставам за понатаму?
Мамии советот, со цврста дохрана почнав на 4м и 1недела, сега има 5м и 3недели па по совет од педијатар почнав да и давам и ручек е сега ме интересира вие кои отприлика почнавте со дохрана на оваа возраст кога почнавте да воведување млечни, кога месо, кога глутен, кога јајце..?? Дохранава ми е научна фантастика а незнам колку страни исчитав..
Почнав со дохрана на 4 месеца. Глутен не гледав дали има, не ни знам кога дадов, сигурно било во првите две недели. Месо на 6, млечно и жолчка на 6ипол месеца. Белка уште не сум дала, така се погодило, не дека сум чекала посебна возраст, и последниов месец почнав спанаќ, блитва, грашак, леќа (јас ги викам манџите - се што јас би јадела за ручек). Сега има 8 месеца.